свет
Трамп му остава на Бајден берза во супер кондиција
објавено
на
автор:
Редакција Капитал
Сега, инвеститорите се во очекување дали сиот овој акумулиран раст, особено во 2020 година, ќе издржи под палката на Џо Бајден, којшто попладнево во 18ч. по македонско време треба да ја положи свечената заклетва како 46-ти претседател на САД.
Оптимизмот околу крајот на пандемијата и огромната поддршка на светската економија од страна на владите и централните банки го спасија пазарот на капитал во време на Трамп, пишува CNN Business. Сега, инвеститорите се во очекување дали сиот овој акумулиран раст, особено во 2020 година, ќе издржи под палката на Џо Бајден, којшто попладнево во 18ч. по македонско време треба да ја положи свечената заклетва како 46-ти претседател на САД.
Да се потсетиме: Акциите на американските берзи пораснаа значително откако администрацијата на Трамп ги скрати корпоративните даноци во 2017 година, што предизвика пораст на заработките на најголемите американски компании. Потоа, берзите паднаа вртоглаво во март месец 2020 поради паниката предизвикана од ковид – кризата, но од април до крајот на годината повторно следеше силен раст, кај некои компании, како на пример Тесла, дури и по 7-8 пати за само 10 месеци. Многу компаниски акции го достигнаа својот историски максимум во тие неколку месеци по големиот крах во март лани. Длабоката политичка поларизација, немирите што ја тресеа земјата со месеци и влошувањето на ситуацијата со пандемијата, не можеа да го задржат налетот на Волстрит.

Исто така, како што сметаат американските аналитичари, неодамнешниот раст на берзите може да се припише како резултат на победата на Бајден, затоа што инвеститорите веруваат дека неговата администрација ќе потроши уште повеќе пари за стимулирање на економијата. Индексите пораснаа за 15% од изборниот ден наваму, што е најдобар пост – изборен пазарен перформанс во модерната историја, според CFRA Research.
За волја на вистината, Бајден досега не стави некаков силен акцент врз берзите, како што тоа го правеше Трамп кога сакаше да истакне колку успешни се неговите економски политики.
„Заклучокот дека берзите растат е негово единствено мерило за тоа што се случува во економијата. Таму од кај што јас доаѓам, во Скрентон и Клејмонт, луѓето не живеат од берзата.“, рече Бајден во финалната предизборна дебата во октомври.
Како и да е, Волстрит ќе се соочи со предизвикот да се одржи овој моментум на пазарот. Последниов период многу аналитичари коментираат дека пазарните капитализации на многу компании, особено во технолошкиот сектор, се нереално високи.
„Многумина инвеститори се загрижени дека пазарот на акции премногу силно и премногу брзо закрепна од шоковите на пандемијата и знаци на ова претерување веќе се појавуваат во делови од финансискиот систем. Ова е разбирлива загриженост, со оглед на фактот дека закрепнувањето на акциите од март наваму беше навистина исклучително.“, вели Питер Опенхајмер од инвестициската банка Goldman Sachs за CNN Business.
Опенхајмер смета дека многу е веројатна корекција надолу од 10% во однос на скорешните пикови, но дека влегување во некаков нов „мечкин пазар“, оваа година е малку веројатно.
Тој додава дека сите очекуваат силен економски раст во 2021 како што ќе попушта пандемијата, како и поради невидениот до сега стимулативен пакет од многу држави.
На тој план на американско тло работите остануваат сепак неизвесни. Од една страна, шефот на Федералните резерви Џером Пауел истакна дека каматните стапки ќе останат на историски најниски нивоа во догледно време, но судбината на стимулативниот пакет од 1,9 трилион долари што го најави Бајден ќе зависи од неговата способност да добие поддршка и од некои републиканци. Во моментално поларизираниот Вашингтон тоа ќе биде тешка задача.
Прочитај Уште...
-
Биткоинманија: Треба да имате стомак за оваа работа
-
Антикризни мерки за збогум на корона – кризата
-
Фатмир Бесими: Корона – кризата завршува дури и според песимистичкото сценарио
-
Standard & Poor’s бара реформи за да го зголеми кредитниот рејтинг
-
Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%
-
Столб на срамот, наместо на демократијата



Биткоинманија: Треба да имате стомак за оваа работа

Антикризни мерки за збогум на корона – кризата

Фатмир Бесими: Корона – кризата завршува дури и според песимистичкото сценарио

Standard & Poor’s бара реформи за да го зголеми кредитниот рејтинг

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

Столб на срамот, наместо на демократијата

Танцот со национализмот прекинат или само паузиран?

Дојрански рецепт за мултиплицирање на буџетот

Благојче Котески: Нашата иднина и енергетиката

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

Алкалоид со поголеми приходи и добивка лани: компанијата стигна до 200 милиони евра вкупен обрт

Комерцијална банка: Дезинформациите и конструкциите на Трифун Костовски против нас се плод на неговиот личен неуспех

Адора и официјално го претстави првиот градежен проект во Србија

Заев: Очекувам Сашо Мијалков да биде пронајден и ставен во притвор

Коста Петров: Ќе ги мотивираме големите компании да го помогнат развојот на стартапите

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

Македонската економија на среден и долг рок (5)

Standard & Poor’s бара реформи за да го зголеми кредитниот рејтинг
