Connect with us

свет

Трамп прогласи победа, обвини за измама и најави жалба до Врховниот суд, додека гласовите се’ уште се пребројуваат

објавено

на

Во клучните држави сe’ уште се пребројуваат гласовите на оние што гласаат по пошта и сл., за конечните резултати ќе треба да се почека можеби и неколку денови.

Според она што го добиваме како најсвежи резултати од пребројувањето на гласовите на претседателските избори во САД, и Бајден и Трамп имаат отворен пат кон победата, но според аналитичарите патот е поотворен за Бајден. Со оглед дека во клучните држави сe’ уште се пребројуваат гласовите на оние што гласаат по пошта и сл., за конечните резултати ќе треба да се почека можеби и подолго, пренесуваат американските медиуми.

Најимпресивниот резултат за Џо Бајден досега е победата во Аризона, прва победа на демократски кандидат во оваа сојузна држава после 24 години. Во Џорџија се’ уште се води мртва трка. До пред неколку часа овие два фактори може да изгледаа како јасни индикатори за победа на Бајден, но Трамп во меѓувреме победи во Флорида, а има многу подобри резултати од очекуваните во Висконсин.

Во Пенсилванија засега актуелниот претседател Трамп има значително водство од 12 процентни поени пред Бајден, но гласовите се’ уште се пребројуваат во Филаделфија и Питсбург, двата големи градови што се традиционално упориште на Демократите, а оттаму објавија дека со нови резултати нема да излезат до среда, наутро, по тамошно време.

Една причина што се забавува пребројувањето на гласовите стигнати по пошта во Пенсилванија, е тоа што надлежните органи предводени од Републиканците не дозволија да се обработат овие гласови пред изборниот ден. Од изборните комисии во државата предупредија дека токму затоа броењето на овие гласови може да трае со денови, но дека ќе ги бројат колку што треба, со цел да се имаат точни резултати.

Гласовите пристигнати по пошта за овој изборен циклус достигнаа рекордна бројка од преку 80 милиони (поради ситуацијата со пандемијата, итн.), во некои сојузни држави законодавците дозволија нивна обработка пред самиот изборен ден, во некои пак, не. Пребројувањето на овие гласови трае подолго, затоа што треба да се отворат пликоата, да се верификуваат податоците, итн.

Во раните утрински часови по изборната ноќ, претседателот Трамп веќе прогласи победа, но истовремено обвини за изборни измами, и најави жалба до Врховниот суд. Тој изјави дека победил во неколку сојузни држави каде што сe’ уште се пребројуваат гласовите, вклучувајќи ги Џорџија, Северна Каролина и Пенсилванија. Неговиот противкандидат од Демократите, Џо Бајден, рече дека верува оти е на пат да ги добие овие избори.
„Во Пенсилванија, Висконсин и Мичиген се’ уште се пребројуваат гласовите. Не е готово се’ додека не се пребори секој глас“, рече Бајден.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија1 ден ago

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!

Фасхион4 дена ago

„Божиновски“ ексклузивно ги претстави новитетите на Брајтлинг

економија5 дена ago

ПроКредит Банка прави чекор напред во поддршка на малите и средните претпријатија – се одржа втората бизнис конференција „Дигитална еволуција“

економија6 дена ago

Фортонмка успешно реализира продажба на објект од 9,5 милиони евра на ЛИДЛ

коментари6 дена ago

Со АмЧам на тема…Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

економија6 дена ago

КБ Публикум инвест станува КБ ИНВЕСТ, со доминантна сопственост на Комерцијална банка

економија1 недела ago

Мукаетов – панелист на конференцијата „Чувари на мудроста“ во организација на „Халк банка“

банки1 недела ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија2 недели ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години

банки2 недели ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар