Connect with us

економија

Триглав ја задржа цврстата капитална позиција и високата добивка за време на пандемијата

објавено

на

S&Pја потврди висока бонитетна оценка »A« со стабилна среднорочна прогноза

Агенцијата за кредитен рејтинг S&P Global Ratings (во продолжение S&P, или агенција), по извршениот редовен годишен преглед, на ден 13. 9. 2021г. на Групацијата Триглав, а со тоа и на нејзиното матично друштво и на  друштвото ќерка Позаваровалница Триглав РЕ, повторно им ги потврди долгорочната кредитна оценка и бонитетната оценка на финансиска моќ »A« со стабилна среднорочна прогноза.

Високиот рејтинг е одраз на солидната капитализираност на Групацијата Триглав и на нејзиното стабилно, профитабилно работење, поддржано од дисциплинирано  преземање ризици во осигурување, користење сигурна  заштита преку реосигурување и економијата на опсег, како и други предности на доминантната пазарна позиција во регионот и во Словенија. Кредитниот рејтинг »A«  потекнува исклучиво од самостојниот профил на кредитен ризик на Групацијата.

S&P во својот извештај потврдува дека профилот на деловниот ризик на Групацијата Триглав е силен, додека профилот на финансиски ризици е многу силен. Смета, дека водечката позиција на словенечкиот пазар на Групацијата Триглав и овозможува спроведување на економии на опсег, што ги надополнува со користење на реномираниот бренд, разновидна понуда и регионално развиена продажна мрежа. Наведува дека Групацијата со својот фокус на клиентите обезбедува профитабилно работење во двете дејности, осигурувањето и управувањето со средства. Притоа, наведено е дека дисциплинираноста при преземањето на ризиците на осигурување е клучен темел за успешно работење на Групацијата Триглав во тешките услови минатата година и првата половина од 2021 година поради пандемијата.

S&P оценува, дека профилот на ризик на Групацијата Триглав е стабилен и дека е поврзан со конзервативната инвестициска политика и ефективна реосигурителна заштита. Успехот на ефективната реосигурителна заштита се потврди и во 2020 година, наспроти поинтензивните природни масовни штети (земјотресот во Хрватска и бурите со град на три пазари). Инвестициското портфолио го оценува како високо квалитетно и со добра распространетост, претежно во евро зоната. Ризиците од гарантираното осигурување на живот се ограничени и ублажени преку соодветно управување на резервациите.

Среднорочната прогноза за кредитен рејтинг ги одразува очекувањата на S&P дека Групацијата Триглав ќе продолжи успешно да ја спроведува својата деловна стратегија најмалку во следните две години, со акцент на растот и понатамошната диверзификација на работењето. Агенцијата очекува, дека и покрај пандемијата и промената на економскиот циклус, Групацијата Триглав ќе задржи силна, стабилна добивка и висока капитализираност, што во идните две до три години ќе ги исполни критериумите за оцената »AA«.

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка