Connect with us

Uncategorized

Трите најголеми банки со речиси 100 милиони евра вкупна добивка во првите девет месеци – за 23% поголема од лани

објавено

на

Стопанска банка – Скопје и НЛБ Банка имаат речиси идентична нето добивка за првите три квартали, од 33,5 и 33,2 милиони евра респективно, додека Комерцијална банка има добивка од 30 милиони евра.

Трите најголеми банки на македонскиот финансиски пазар оствариле заедно вкупно чиста добивка од речиси 97 милиони евра во првите девет месеци годинава, покажуваат нивните финансиски биланси доставени до Македонската берза. Оваа сума е за 23% поголема во однос на истиот период лани.

Стопанска банка – Скопје и НЛБ Банка имаат речиси идентична нето добивка за првите три квартали, од 33,5 и 33,2 милиони евра респективно, додека Комерцијална банка има добивка од 30 милиони евра. Најголем пораст на добивката има Комерцијална банка, од 36,6%, пред НЛБ Банка со пораст од 21% и Стопанска банка со поголема добивка за 13,7%.

Кај основните приходи на банките, она од што тие заработуваат, ситуацијава е следна: Стопанска банка има најголеми нето приходи од камати во износ од речиси 50 милиони евра, повисоки за 7% и нето приходи од провизии и надоместоци од 10,8 милиони евра, повисоки за 5,2%. Нето приходите од курсни разлики се 1,97 милиони евра, додека останатите приходи од дејноста се 8,35 милиони евра, повисоки за 58%.

НЛБ банка има раст на приходите од камати за 4,7%, на 37,8 милиони евра. Кај приходите од провизии и надоместоци, приходите изнесуваат 15 милиони евра, при што нивниот раст е 4,55%. Нето приходите од курсните разлики се 4,6 милиони евра, или пораст од 60%. Останатите приходи од дејноста се 4,6 милиони евра, овие три квартали помали за 55%.

Комерцијална банка има нето приходи од камати во износ од 34,5 милиони евра (пораст од 16,5%) и нето приходи од провизии и надоместоци од 12,7 милиони евра (пораст од 4,5%). Од курсни разлики банката заработила 3,7 милиони евра, што е за речиси 70% повеќе во однос на лани. Останатите приходи од дејноста изнесуваат 12,4 милиони евра, речиси на идентично ниво како во 2021.

банки1 час ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите