Connect with us

македонија

Трошоците за живот во Македонија повисоки за 12% за една година – храната поскапа за 17%, горивата за 44%

Лоши прогнози за светската и домашната економија

објавено

на

Наспроти смирувачките тонови на поедини светски економисти, како впрочем и Пол Кругман со неговото обраќање во Скопје деновиве, аналитичарите на Дојче Банк излегоа со далеку поцрни прогнози околу движењето на светската економија, во којашто Македонија сепак не е изолиран остров. Прво, лошите демографски трендови и „рикверцот“ на глобализацијата допрва ќе направат дополнителен притисок врз цените. Второ, факторите на инфлацијата се проширија, а пазарот на труд не може да го зголеми производството и да го апсорбира вишокот пари. Трето, инфлациската психологија се промени, и фирмите се’ почесто го префрлаат трошокот на инфлацијата кон потрошувачите. Четврто, инфлациските очекувања за во иднина растат, и ќе растат и понатаму, со што ќе ја поттикнат инфлациската спирала.  Во меѓувреме, Државниот завод за статистика измери дека за една година храната е поскапена за 17,1%, при што лебот е поскап за 21,5%, месото за 13%, млекото, сирењето и јајцата за 16%, а маслата за јадење дури за 38%.

Минатата недела, повеќето берзански стоки забележаа пад на цените во однос на неделата претходно. Ова беше предизвикано првенствено од оптимизмот поврзан со војната во Украина и можниот договор да се дозволи извоз на жито и масло преку морски пат од Украина. Освен тоа, се ближи крај на кварталот и полугодието. Финансиските институции се под притисок, па сакаат загубите што ги забележаа при падот на пазарите на акции да ги надоместат преку ликвидација на позициите со најголеми маржи.

Сепак, тековнава седмица  донесе обратна ситуација. Продолжувањето на судирите и нападот на терминалот за претовар во пристаништето Николаев за време на викендот, го разнишаа оптимизмот на инвеститорите, па речиси сите берзански стоки во понеделникот завршија „во зелено“, односно, цените пораснаа во однос на петокот, некои и со доста силен раст. Многу веројатно дека падот на цените минатата седмица може да го опишеме со англиската фраза “bearish leg in a bull market” (мечкин коректор на биковиот пазар)

На геополитички план ништо битно не се промени, односно, сите главни фактори и понатаму се присутни, од војната, преку инфлацијата и рецесијата, до фундаментите на поедини стоки. За жал, не е изненадувачки дека таквото макро окружување многу земји ги соочува со проблеми. Меѓународниот монетарен фонд проценува дека по, практично банкротот на Шри Ланка, уште 59 земји би можеле да ја доживеат истата судбина. Инфлацијата во еврозоната достигна 8,1%, додека македонската економија како отворена и главно зависна од увоз е под сериозен удар. Последните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат раст на трошоците за живот за речиси 12% во мај месец, во споредба со истиот месец лани. Храната е поскапа за 17%, горивата за 44%, гасот за 54%. Од основните прехранбени производи, најмногу поскапеле маслата за јадење, за дури 38%, лебот и житата се поскапи за речиси 22%, а млекото, сирењето и јајцата за 16%.

И потпретседателката на Светската Банка, во интервјуто за Капитал што го објавуваме во овој број, искажува загриженост за земјава и регионот.

„ Инфлацијата е загрижувачка. Мислам дека минатата година почнавме да гледаме како инфлацијата оди нагоре мислејќи дека може да биде привремен феномен како што имавме заздравување. Сега гледаме дека е попостојана, и поверојатно дека ќе остане некое време. Причината што се грижиме за инфлацијата е што знаеме од нашата работа во нашата институција дека инфлацијата ги погодува најмногу сиромашните бидејќи се пренесува преку производите и услугите што најмногу ги консумираат сиромашните. Ако ја погледнете потрошувачката кошница на сиромашните и ги видите цените на храната сега, ова навистина ги погодува сиромашните домаќинства. Висока инфлација не е добра работа за намалување на сиромаштијата или за заштита на оние што се најранливи.“, вели Бјерде.

Последните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат раст на трошоците за живот за речиси 12% во мај месец, во споредба со истиот месец лани. Храната е поскапа за 17%, горивата за 44%, гасот за 54%. Од основните прехранбени производи, најмногу поскапеле маслата за јадење, за дури 38%, лебот и житата се поскапи за речиси 22%, а млекото, сирењето и јајцата за 16%.

Минлива или вградена инфлација?

Светска банка потврдува дека монетарната политика веќе презела чекори кон запирање на инфлациските  притисоци преку зголемување на основната камата, а сугерира државата да направи приоритети во трошењето народни пари и да го зајакне собирањето приходи од даноци. Додека кај нас институциите се уште немаат нови проценки за стапката на инфлација годинава, ММФ веќе објави дека таа може да се искачи дури до 6,9%, што може значително да го ослаби животниот стандард на граѓаните.

Во Западна Европа граѓаните веќе ги одложуваат набавките на некои добра како на пример нови автомобили или мебел за подоцна додека не дојдат подобри времиња. Сега инфлациските притисоци се на страната на понудата, главно поради зголемувањето на цените на енергијата и прекини во синџирите на снабдување, но одложената потрошувачка може да создаде дополнителни притисоци подоцна и на страната на побарувачката, така што инфлацијата очигледно ќе создава проблеми подолго одошто се очекуваше.

Во повеќето развиени земји, инфлацијата е на нивоа невидени 14 години откако во екот на глобалната економска криза таа растеше со двоцифрени стапки. Исклучок не беше ниту Македонија.

Ова е нов тест и за политичарите и централните банкари коишто долго време пливаа во мирни води се додека пост ковид не се соочија со инфлација, а алатките на монетарната политика  во вид на мерки се можеби подзаборавени.

Постои причина за стравувањата од неконтролирано поскапување на стоките и услугите, а ни оддалеку не е само дека тоа „ја јаде заштедата“. Високата инфлација не е само уште еден алармантен показател – острата промена на вредноста на парите, која е мерна единица на економијата, значи дека на сите им станува потешко да планираат и да буџетираат. Најпластично објаснето, ако нешто произведувате, тргувате или консумирате, одеднаш сантиметри, литри или килограми почнуваат да се менуваат секој месец.

Таквата постојано висока инфлација неизбежно има психолошко влијание врз луѓето во управувањето со нивните лични финансии и бизниси. Тие обично ги зголемуваат инфлациските очекувања за иднината и постои ризик да ја свртат спиралата на индексирање на цените и платите, што е тешко да се прекине.

И тоа нè води до најголемата опасност. Инфлацијата наместо минлива, може да испадне дека штом се појави, преку разни канали продолжи да се прелева низ целото ткиво на целата економија – нешто што економистите го нарекуваат вкоренета инфлација. Ако може да послужи како некаква утеха, нобеловецот по економија Пол Кругман, гостин на неодамнешниот Скопски економски финансиски форум (читајте поопширно во овој број на Капитал), рече дека добрата вест е што оваа инфлација сега не е вкоренета во економијата. Барем засега.

„Ситуацијата сега не е иста со 1979 година  – во  почетокот на 80-тите години очекувањата за висока инфлација беа многу подолгорочни, работниците како резултат на тоа бараа поголеми плати, додека работодавачите поради очекуваната инфлација беа подготвени да им исплатат повисоки плати, што резултираше со инфлациска спирала, која се смири после повеќе години со силната контракција на економијата. Сега инфлациските очекувања се пократкорочни – веќе следната година се очекува стабилизација.“, рече Кругман.

Во повеќето развиени земји, инфлацијата е на нивоа невидени 14 години откако во екот на глобалната економска криза таа растеше со двоцифрени стапки. Исклучок не беше ниту Македонија. Ова е нов тест и за политичарите и централните банкари коишто долго време пливаа во мирни води се додека пост ковид не се соочија со инфлација, а алатките на монетарната политика  во вид на мерки се можеби подзаборавени.

Шефот на најголемата американска банка: Доаѓа економски ураган!

Дека ситуација не е воопшто наивна уште пред месец и половина укажаа аналитичарите од германскиот финансиски гигант Дојче Банк (Deutsche Bank), коишто први од големите меѓународни банкарски организации прогнозираа доаѓање на рецесија, прво во САД, а потоа предупредија и на подлабока криза предизвикана од тенденциите на американската централна банка, Федералните резерви, да се борат против високата инфлација.

„Ќе дојдеме во голема рецесија“, напишаа економистите на Дојче Банк во извештајот доставен до клиентите. Проблемот е, според нив, во тоа што иако инфлацијата може да го достигнала веќе својот пик, ќе биде потребно долго време пред светот да се врати на почетната цел, сопирање на економскиот пад. Тоа сугерира дека централните банки, првенствено, американската, ќе ги подигаат каматните стапки толку агресивно, што тоа ќе ѝ наштети на економијата.

„Сметаме дека Федералните резерви ќе мораат посилно да притиснат на кочниците и ќе биде потребна длабока рецесија за да се доведе инфлацијата под контрола“, напишаа економистите на Дојче Банк во својот извештај со злокобен наслов, „Зошто претстојната рецесија ќе биде полоша од очекуваното?“.

За да ги поткрепи овие тези, Дојче Банк креираше индекс којшто го следи односот помеѓу инфлацијата и невработеноста во изминатите 60 години и целите за таа метрика. Истражувањето открива дека по периодите на исклучително висока инфлација, централните банки се принудени да ги подигнат каматните стапки, што е всушност пат за рушење на економиите.

Најсвеж во низата примери на искажан песимизам од страна на врвните банкари, е изјавата на извршниот директор на најголемата американска банка, ЏПМорган Чејс (JPMorgan Chase), Џејми Дајмон, кој кажал пред група аналитичари и инвеститори деновиве дека наближува економски ураган.

„Знаете, претходно реков дека наближуваат облаци со бура, но сега ќе се коригирам…доаѓа ураган“, Дајмон рекол деновиве на финансиска конференција во Њујорк, како што пренесе CNBC.

“Подгответе се добро“, Дајмон им кажал на присутните аналитичари и инвеститори. „ЏПМорган се подготвува и ќе бидеме многу конзервативни со нашите биланси.“

Две клучни работи го загрижуваат Дајмон: прво, Федералните резерви сигнализираа дека ќе престанат со политиката на евтини пари и ќе ги “стопат“ своите биланси. Тоа значи дека ќе настапи политика на т.н. quantitative tightening (QT) или „квантитативно затегнување“, обратно од досегашната политика на „квантитативно олеснување“ (quantitative easing).  Мерката треба да почне месецов и ќе достигне до 95 милијарди долари месечно преку намаленото поседување на обврзници од страна на централната банка. Претходно, Фед, како и многу централни банки во светот, имаа експанзивна монетарна политика  со цел да вбризгаат повеќе пари во финансискиот систем, овозможувајќи им на банките да даваат повеќе кредити со стимулирачки историски најниски каматни стапки.

“Не сме имале вакво квантитативно затегнување досега, што значи дека за ова ќе се пишува во книгите по историја за едно 50 години. Што се однесува до квантитативното олеснување, неколку негови аспекти ни се удрија од глава, како што се негативните каматни стапки, на пример, коишто беа огромна грешка“, истакна Дајмон на конференцијата во Њујорк.

Централните банки “немаат многу избор затоа што има премногу ликвидност во системот.“, додава извршниот директор на ЏПМорган.

Другиот голем фактор што го загрижува Дајмон  e војната во Украина и нејзиното влијание врз цените на стоките, најбитно врз храната и енергенсите.

„Нафтата ќе оди нагоре со цените, а не се исклучени и 150, па и 175 долари за барел. А, ние не преземаме соодветни акции за да ја заштитиме Европа од најлошата енергетска криза досега, предизвикана од најстрашниот воен конфликт на континентот од Втората светска војна наваму.“

Дури и оние кругови што пред извесно време изразуваа каков – таков оптимизам, како што одминуваат деновите, почнуваат да гледаат се’ помалку розова слика за иднината на светската економија. Голдман Сакс (Goldman Sachs), уште еден гигант од друштвото на американските банкарски корпорации, пред околу два месеци призна дека ќе биде голем предизвик да се намали високата инфлација и растот на платите, но дека рецесијата не е неизбежна. Но, пред само 2-3 дена, претседателот и главен оперативен директор на банката, Џон Валдрон, рече дека во ова е едно од, ако не и најсложено динамично окружување кое го видел во својата кариера.

„Факт е дека сме минале низ многу циклуси досега, но за мене овој број на шокови во системот е без преседан. Очекуваме тешки економски времиња допрва и потешко окружување за пазарите на капитал.“

Антиинфлациските мерки мора да бидат таргетирани

Во меѓувреме, како се справуваме дома со предизвикот на инфлацијата: по истекот на времените мерки коишто требаше да ги ублажат последиците од економската криза, силен бран на поскапувања ги опфати основните и останатите продукти, поради враќањето на стапките на ДДВ и акцизите. Граѓаните, како и компаниите, најмногу стравуваат од сметките за струја, за коишто се шпекулира дека веќе од 1 јули ќе бидат значително повисоки.

Владата најавува нов сет мерки во висина од 76 милиони евра кои ќе бидат донесени со новиот ребаланс на Буџетот, а ќе бидат насочени кон ранливите категории граѓани и стопанството. Опозицијата бара итно усвојување на предлог-закон со кој прехранбените производи ќе бидат ослободени од ДДВ до крајот на годината. Ценовниот шок кој сега се случува, според нив е само распламтување на веќе постоечкиот ценовен шок. Тие дополнително бараат ДДВ за течните горива да биде пет отсто до крајот на оваа година со што Владата итно ќе влијае директно на пад на цените на горивата. Во пресрет на ребалансот на буџетот, бизнисот бара да се крати кај трошоците за јавната администрација, а не од капиталните инвестиции. 

Што е најефективно да се прави сега? Универзитетскиот професор Марјан Петрески за Дојче Веле деновиве изјави дека мерките кои сега треба да се преземат треба да бидат насочени кон групите граѓани и компании на кои им се најпотребни, односно оние кои се со ниски приходи и кои се најпогодени од ценовниот шок.

„Повисоките цени на храната и енергијата ги погодуваат сите, меѓутоа повисоко доходовните домаќинства и компаниите каде што електричната енергија е со низок до умерен удел во вкупните трошоци, ќе мора да го сносат товарот самите, од проста причина што ова се глобални тектонски промени, пазарите ја бараат новата рамнотежа, а нашиот фискален простор е многу тенок“, смета Петрески. 

Според него, со ребалансот се предвидува буџетскиот дефицит да порасне на 5.3%, потребата од ново задолжување се проценува на нови 900 милиони евра. „Тоа се цифри со кои треба да се управува со голема внимателност, па очекувањата не може да одат во насока дека државата ќе субвенционира се’ и секого во недогледно време. Неопходни се стриктно таргетирани мерки“, вели професорот Петрески за ДВ. 

македонија22 часа ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје

економија2 дена ago

Преку 800 гости на корпорацискиот прием на Фероинвест и Брако

македонија3 дена ago

Анѓушев на одбележувањето 20 години Фероинвест и Брако: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

македонија4 дена ago

Даниел Јанчевски, специјалист за е-commerce во Иуте кредит: Имплементираме напредни дигитални решенија за електронска трговија, со цел да им го олесниме секојдневието на купувачите и на локалните трговци

банки4 дена ago

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

банки5 дена ago

ЕБОР одобри 9 милиони евра за поддршка на млади претприемачи и „зелени“ инвестиции, кредитите ќе се одобруваат преку ПроКредит Банка

економија6 дена ago

Фероинвест и Брако денеска прославуваат 20-годишен јубилеј

македонија7 дена ago

Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

економија1 недела ago

Одобрени  50 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) за поддршка на македонските компании преку Развојната банка

банки1 недела ago

ПроКредит Групацијата постигна добри резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

македонија4 дена ago

Даниел Јанчевски, специјалист за е-commerce во Иуте кредит: Имплементираме напредни дигитални решенија за електронска трговија, со цел да им го олесниме секојдневието на купувачите и на локалните трговци

економија6 дена ago

Фероинвест и Брако денеска прославуваат 20-годишен јубилеј

економија1 недела ago

Одобрени  50 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) за поддршка на македонските компании преку Развојната банка

македонија1 недела ago

Јубилејни часовници за работниците по повод 20 години од Брако и Фероинвест

банки1 недела ago

ПроКредит Групацијата постигна добри резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

македонија7 дена ago

Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

банки4 дена ago

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

банки5 дена ago

ЕБОР одобри 9 милиони евра за поддршка на млади претприемачи и „зелени“ инвестиции, кредитите ќе се одобруваат преку ПроКредит Банка

македонија3 дена ago

Анѓушев на одбележувањето 20 години Фероинвест и Брако: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

економија2 дена ago

Преку 800 гости на корпорацискиот прием на Фероинвест и Брако