свет
Ужас под Атлас

Катастрофалниот биланс од разорниот земјотрес што го погоди Мароко на 8 септември до моментов на затворање на овој текст е преку 3.000 загинати и уште десетици илјади повредени лица. Епицентарот на потресот беше на релативно мала длабочина под планинскиот масив Атлас, околу 70 км од историски значајниот град Маракеш.
Бројни држави понудија помош во спасувачки екипи, залихи на храна, вода и други потребни работи за настраданите, но чудно е што досега барем, мароканската влада одлучи да прими помош само од неколку држави, како Шпанија, Катар, Обединетите арапски емирати и Велика Британија.
Експертите велат дека најдобар начин да им се помогне на унесреќените Мароканци сега е да се донира на организациите коишто се веќе активни таму на терен, како Меѓународниот Црвен крст и Црвена полумесечина, Доктори без граници или World Central Kitchen.