Connect with us

банки

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

објавено

на

64-тото фестивалско издание „Охридско лето“ започнува на 12 јули, а ќе трае до 20 август. Многуте концерти на класична музика, театарски претстави, изложби, национални вечери кои ќе бидат дел од овогодинешната разновидна културна програма, ветуваат богато и незаборавно културно лето.

УНИ Банка АД Скопје и оваа година ќе биде поддржувач и еден од главните спонзори на „Охридско лето“,  најголемата културна манифестација во земјава.

64-тото фестивалско издание „Охридско лето“ започнува на 12 јули, а ќе трае до 20 август. Многуте концерти на класична музика, театарски претстави, изложби, национални вечери кои ќе бидат дел од овогодинешната разновидна културна програма, ветуваат богато и незаборавно културно лето.

Културата има извонредна способност да ги надмине границите, јазикот и различностите, и да ги поврзе луѓето од различни сфери на животот. Токму поради тоа, како и минатата година, УНИ Банка АД Скопје и оваа година е поддржувач на фестивалот „Охридско лето“.  Со спонзортсвото на проекти од културата ја дефинираме нашата определба како поддржувач на позитивни иницијативи во локалната заедница, кои придонесуваат кон создавање дух на солидарност, поддршка и заедништво, и кон креирање на вистински вредности изјави Милка Тодорова Извршен Директор и Претседател на Управен одбор на УНИ Банка АД Скопје.

„Охридско лето“ отсекогаш бил фестивал каде се оддава признание на уметниците, доказ за моќта на музиката да ги обединува културите од различни земји. Настан за луѓе од различни генерации, со различни интереси и професии, а за кои е заедничко дека сакаат да ги прошируваат своите хоризонти и погледи на светот.

Предвидените настани на 64-тото издание на фестивалот на класична музика „Охридско лето“ и оваа година се организирани на прекрасните и автентични отворени сцени како Античкиот театар, Долни Сарај, Предворјето на „Света Софија” и во самата катедрална црква, што дополнително предизвикува посебно чувство кај сите посетители.

Заедно со УНИ Банка уживајте во богатата програма на „Охридско лето“.

ПР Текст

македонија2 минути ago

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

економија4 дена ago

Мукаетов за магазинот “The Region“: Нашите брендови се дел од секојдневието на луѓето

македонија4 дена ago

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

банки5 дена ago

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

економија5 дена ago

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

интервју1 недела ago

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

економија1 недела ago

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

економија2 недели ago

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“

економија2 недели ago

Почна проектот „Бизнис лидер“ – нова, иновативна платформа за вмрежување на најдобрите од македонскиот деловен свет

банки2 недели ago

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци