Connect with us

банки

УНИБанка го одржа вториот по ред тениски турнир за своите клиенти „UNIBank Invitational 2022„

објавено

на

Пред бројна публика и во одлична атмосфера и оваа година УНИБанка и тенискиот клуб АБЦ Мондано беа домаќини на тениски турнир за ВИП клиентите, соработниците и пријателите на банката.

Турнирот со натпреварувачки карактер беше отворен на 19 мај со поздравен говор на извршниот директор на УНИБанка Владислав Хаџидинев, а финалето се одржа на 22 мај.

Покрај тенис и награди за возрасните, годинава УНИБанка им овозможи и на најмладите да се забавуваат, да добијат бесплатен час по тенис, но и да се натпреваруваат за вредни награди.

Натпреварите ги следеа и официјални судии и делегат кој се погрижи за регуларноста.

Во категоријата деца, односно црвен и портокалов тенис, учествуваа 36 деца, а во категоријата зелен тенис 25 деца.

Во категоријата Тинс се натпреваруваа 17 учесници, а во финалето Максимилијан Алексовски беше подобар од Петар Дуљанов.

Меѓу жените најдобар успех покажа Моника Бориќ. Таа ја совлада Мартина Ристеска и ја понесе првата наглада – инвестициско злато од 5 гр. Финалистката Ристовска се закити со награда инвестициско злато од 2 гр.

Во конкуренција од 30 наптреварувачи мажи, со инвестициско злато од 5 гр се закити Петар Трајковски, кој успеа да го совлада Робертино Николовски, кој освои инвестициско злато од 2 гр.

УНИБанка се одлучи годинава да ги награди победниците со инвестициско злато, производ што за првпат во Македонија го воведува токму Банката.

“Целта на турнирот е надградување на релациите со нашите ВИП клиенти и вреднување на нивната лојалност и доверба кон нас. Со овие спортски денови покажавме дека Банката се грижи за своите клиенти и преку дружење надвор од строгите деловни рамки – велат од УНИБанка”.

Комерцијален ПР текст.

банки2 дена ago

УНИБанка успешно го одржа третиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2023“

економија3 дена ago

Фероинвест/Централинвест изгради биогасна електрана

банки4 дена ago

ПроКредит холдингот со зголемен профит во првиот квартал

економија5 дена ago

Мукаетов за српски “Профит“: Глобализацијата на брендот „Алкалоид“ останува наш фокус

банки1 недела ago

„#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” и добиј нов градски велосипед

економија1 недела ago

Возилата на „Брако“ ќе го чистат Крит

македонија2 недели ago

Прогресив – единствена акредитирана академија за извршни менаџери во Македонија

економија2 недели ago

Штандот на БРАКО привлечен за учениците заинтересирани за учење преку работа

економија2 недели ago

На едно место достапни сите информации за регионалната прекугранична е-трговија

банки2 недели ago

НЛБ Банка со нови промотивни депозити