Connect with us

банки

УНИБанка со јубилеј: 30 години исполнети со доверба, иновации и поддршка

објавено

на

Изминатите 30 години УНИБанка успеа да даде значаен придонес кон развој на локалната економија, поддршка на бизнисите и креирање на нови работни места.

УНИБанка Скопје прослави јубилеј 30 години од своето работење. Огромен број на гости, соработници и клиенти, претставници од финансиските институции во земјава, како и вработените на Банката, можеа да уживаат во одличната атмосфера и забава, која беше организирана во х. Double Tree Хилтон.

Во одличната организација гостите уживаа во музичките изведби на Гудачкото трио, а атмосферата дополнително ја загреа младата и талентираната Ана Петан со нејзиниот бенд, со што УНИБанка покажа дека е поддржувач на македонската култура, и дека општествената одговорност е важен сегмент од нејзиното работење.

 Јубилејниот настан беше и прилика на тројца  вработени кои работат во банката 30 години,  за лојалноста и трудот да им се оддаде признание со доделување на плакети и златни монети.

Милка Тодорова Извршен директор и Претседател на Управен одбор на УНИБанка, во инспиративниот говор рече дека благодарение на Уни Банка многу деловни субјекти го унапредиле својот бизнис:

Пред 30 години УНИБанка Скопје го прифати предизвикот да биде иновативна и модерна банка. 30 годишното насобрано искуство и знаење, изградената доверба, континуитетот во воведување банкарски иновации, се причина денес УНИБанка да се перцепира како сигурна, динамична и иновативна банка, препознатлива по своите современи банкарски производи креирани според потребите на клиентите, изјави Тодорова во своето обраќање.

Истакна дека со помош на УНИБанка многу деловни субјекти го унапредија својот бизниз и реализираа инвестиции, а бројни индивидуални корисници ги остварија своите соништа.   За неа УНИБанка е многу повеќе од само банка, пред се партнер и консултант на своите клиенти, поддржувач на бројни општествено одговорни проекти, лидер во воведувањето дигитални решенија и електронско банкарство, придонесувајќи во зголемувањето на ефикасноста и намалувањето на трошоците во работењето на клиентите. 2023 е рекордна година за нас, што е потврда за високата доверба која Банката ја ужива, како и за правилната стратегија

УНИБанка е единствена банка на македонскиот пазар која прави увоз и тргување со инвестицискo злато, што вклучува тргување со златни плочки и монети со највисока чистота, и која како резултат на тоа го има епитетот “The bank of gold”.

Изминатите 30 години УНИБанка успеа да даде значаен придонес кон развој на локалната економија, поддршка на бизнисите и креирање на нови работни места. Дигитализацијата и иновациите, како и општествено одговорното работење и негувањето вистински вредности и тоа и во иднина ќе остане приоритет во работењето на Банката.

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

банки3 дена ago

Потрошувачки кредит на УНИБанка АД Скопје со одлична понуда за рефинансирање и бонус од 1.000 денари при онлајн аплицирање

македонија3 дена ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

банки1 недела ago

Комерцијална банка како „Зелен поборник“ ќе пошумува и ќе едуцира

свет6 дена ago

Пустината под вода

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?