Connect with us

македонија

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

објавено

на

Основан во 1847 година како „Слободна академија“, City College of New York претставува извор на академска извонредност, чии значајни постигнувања ги вклучуваат и првата презентација на Алберт Ајнштајн на теоријата за релативноста надвор од Европа, учество во проектирањето на Панамскиот канал, откритието на вакцината против детска парализа, како и учество во развој на проектот за интернет.

Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) постојано работи на унапредување на својата меѓународна соработка со образовни институции ширум светот. Овој пат, се работи за почеток на соработка со една од најпрестижните академски институции во Соединетите Американски Држави – City College of New York, што е мошне значаен чекор во потикнување меѓународни академски партнерства и подигнување на образовните стандарди кај нас.

Основан во 1847 година како „Слободна академија“, City College of New York претставува извор на академска извонредност, чии значајни постигнувања ги вклучуваат и првата презентација на Алберт Ајнштајн на теоријата за релативноста надвор од Европа, учество во проектирањето на Панамскиот канал, откритието на вакцината против детска парализа, како и учество во развој на проектот за интернет.

Во рамки на овој значаен настан, ректорот на УАКС, проф. д-р Марјан И. Бојаџиев потпиша Меморандум за соработка со проф. Хуан Меркадо, декан за меѓународна соработка на City College of New York, документ кој означува почеток на една нова ера на академска извонредност и меѓународна соработка помеѓу овие две институции. Дополнително, Универзитет Американ Колеџ Скопје упатува и срдечна благодарност до Елиза Пренџова, докторантка на УАКС, чија работа и посветеност беа клучни во олеснувањето на овој процес. Со ова партнерство кое ќе отвори можност за развој на истражувачки проекти, размена на студенти,  размена на наставен кадар, како и идно создавање програми за заеднички или двојни дипломи, Универзитет Американ Колеџ Скопје е горд на остварената соработка со City College of New York.

македонија1 ден ago

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

економија5 дена ago

Мукаетов за магазинот “The Region“: Нашите брендови се дел од секојдневието на луѓето

македонија5 дена ago

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

банки6 дена ago

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

економија6 дена ago

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

интервју1 недела ago

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

економија1 недела ago

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

економија2 недели ago

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“

економија2 недели ago

Почна проектот „Бизнис лидер“ – нова, иновативна платформа за вмрежување на најдобрите од македонскиот деловен свет

банки2 недели ago

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци