Connect with us

банки

УНИТ Линк – нова понуда на Стопанска банка – Скопје: животно осигурување со инвестициска компонента

објавено

на

Со овој производ, клиентите на Стопанска банка добиваат полиса за животно осигурување со можност за избор на вложување во GENERALI или WVP инвестициските фондови со посредство на кои вложените средства им се инвестираат во акции на водечките светски компании.

Стопанска банка -Скопје започнува со понуда на Унит Линк животно осигурување со инвестициска компонента. Со овој производ, клиентите на Стопанска банка добиваат полиса за животно осигурување со можност за избор на вложување во GENERALI или WVP инвестициските фондови со посредство на кои вложените средства им се инвестираат во акции на водечките светски компании како: Apple,  Google, Facebook, Paypal, BMW, NIKE, VISA, Microsoft, Shell, Nestle, Coca Cola, Pepsi, Amazon, IBM, Siеmens и др.
УНИТ Линк животното осигурување со инвестициска компонента е во континуиран подем во сите земји во Европа и веруваме дека во соработка со УНИКА Лајф, како претставник на водечката австриска осигурителна компанија УНИКА, ја имаме најдобрата понуда на пазарот преку која клиентите добиваат животно осигурување во комбинација со можност за остварување на значаен принос на вложените средства.

УНИТ Линк животното осигурување е достапно за сите клиенти, при што минималниот период на осигурувања со воложување на удели во инвестициски фондови изнесува 5 години а минималната годишна премија изнесува 360 ЕУР во денарска противредност.
За олеснето сервисирање на премијата за осигурување, Стопанска банка на клиентите им овозможува бесплатен годишен или месечен траен налог, а клиентите имаат можност за избор на висината на инвестициската компонента и добиваат годишен извештај за состојбата на нивните вложувања во инвестицискиот фонд. Наскоро клиентите ќе имаат и можност за постојан увид во нивното инвестициско портфолио.

Комбинирајќи го акумулираното знаење на водечката австриска осигурителна компанија УНИКА, Италијанското инвестициско искуство на GENERALI инвестицискиот фонд и Австриската прудентна и високоприносна стратегија на WVP инвестицискиот фонд, на клиентите им ја овозможуваме најдобрата Унит Линк понуда на пазарот.

Од денес, па се до 3. 12. 2021 година, понудата на УНИТ Линк ќе биде достапна ексклузивно во ново отворениот i-bank корнер во Skopje East Gate трговскиот центар, а почнувајќи од следната недела понудата на УНИТ Линк ќе биде активна во сите филијали на Стопанска банка како и преку Контакт Центарот на тел. 15 110.
Со понудата на УНИТ Линк животното осигурување со инвестициска компонента, Стопанска банка го одбележува ноември, месецот на осигурување со заокружување на најшироката пазарна понуда на банкоосигурување. Согласно објавените национални податоци од АСО за третиот квартал од 2021 г. Стопанска банка е убедлив лидер во делот на банкоосигурување, со водечка позиција на пазарот како по број на осигурителни полиси така и во бруто осигурителна премија и во животното и во неживотното осигурување.

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал