Connect with us

банки

Управната зграда на УНИБанка во Скопје сама ќе произведува струја од фотоволтаична централа

објавено

на

Поставената фотоволтаичната централа вклучува 80 соларни панели и 2 инвертори, има вкупна инсталирана моќност од 43,6 KWp, а очекуваното годишно производство е 53.000 KWh. Со инвестицијата се очекува намалување на емисијата на штетни гасови CO2 за околу 24.000 кг на годишно ниво и заштеда на електрична енергија во следните 20 години.

УНИБанка АД Скопје во рамките на Политиката за одржливо работење, а со цел позитивно влијание врз животната средина презема иницијативи од областа на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.

Во тој правец, на својата управна зграда постави фотоволтаична централа за производство на електрична енергија од обновливи извори, со што се придонесува кон намалување на штетните емисии во воздухот и преку тоа кон заштита на животната средина. Потребите за електрична енергија ќе ги задоволи преку сопствено производство. Оваа долгорочна инвестиција на Банката, како општествено одговорна компанија, обезбедува одржливи придобивки за целата заедница.

Поставената фотоволтаичната централа вклучува 80 соларни панели и 2 инвертори, има вкупна инсталирана моќност од 43,6 KWp, а очекуваното годишно производство е 53.000 KWh. Со инвестицијата се очекува намалување на емисијата на штетни гасови CO2 за околу 24.000 кг на годишно ниво и заштеда на електрична енергија во следните 20 години.

Уште од нашите почетоци пред 30 години УНИБанка има јасна определба да се грижи за заедницата, а заштитата на животната средина отсекогаш била наш приоритет. Чистата животна средина е поврзана со секој аспект на нашето живеење, а долгорочно гледано и со нашиот опстанок. Развојот на инцијативи поврзани со инвестициите во обновливи извори на енергија има долгорочен ефект врз животната средина. Со оваа инвестиција покажуваме имплементација на ESG принципите, кои заземаат клучен дел во нашата деловна стратегија. Остануваме да делуваме и понатаму како посветена општествено одговорна финансиска институција, истовремено поттикнувајќи ја и останатата бизнис заедница во преземање на чекори за обезбедување зелена иднина.“ – изјави Делчо Крастев, Извршен директор на УНИБанка АД Скопје

Во рамки на стратегијата за одржливост на УНИБанка, возниот парк на Банката е проширен со хибридни возила, спроведени се обуки за вработените во делот на ESG сегментот, а во делот на уредување  на експозитурите се користат енергетско ефикасни решенија кои истовремено придонесуваат и за подобрување на работната атмосфера. УНИБанка продолжува да се залага за обезбедување на почиста и поздрава околина, подигнување на свеста на вработените и околината за важноста од употребата на одржливи енергетски решенија.

економија5 часа ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија5 дена ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија6 дена ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија6 дена ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

македонија6 дена ago

Зелена иднина за секое дете

економија6 дена ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress