Connect with us

економија

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

објавено

на

На годинешниот форум учествуваат гувернерите на централните банки и првите луѓе на регулаторите на банкарските системи во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈЕ), претставници на Меѓународниот монетарен фонд, Европската комисија, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Светската банка, како и претставници на најголемите банкарски групации присутни во регионот. 

Народната банка е домаќин на Годишната конференција на Виенската иницијатива, којашто се одржува на 23 и 24 март во Скопје. Ова е еден од најголемите годишни собири во областа на финансиите во Европа, којшто за првпат се организира надвор од границите на Европската Унија. На годинешниот форум учествуваат гувернерите на централните банки и првите луѓе на регулаторите на банкарските системи во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈЕ), претставници на Меѓународниот монетарен фонд, Европската комисија, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Светската банка, како и претставници на најголемите банкарски групации присутни во регионот. 

Виенската иницијатива обезбедува платформа за носење одлуки и координација заради спречување на системските банкарски ризици, како и за услови за непречени кредитни текови во економиите во регионот. Виенската иницијатива 1.0 беше формирана за време на првиот бран на глобалната финансиска криза во јануари 2009 година, по што прерасна во Виенската иницијатива 2.0 за постигнување практични резултати преку следење и известување за процесот на раздолжување меѓу банките, следење на стратегиите на матичните банки во регионот, нивната кредитна активност, следење на нивото на нефункционални кредити и мерките коишто регулаторите во земјите од регионот ги преземаа заради справување со постикризното високо ниво на нефункционални кредити.

Во текот на овогодишната конференција, ќе се разговара за важни теми, меѓу кои за клучните предизвици за монетарната и фискалната политика во време на инфлација, предизвиците за банкарскиот сектор, зелената транзиција, влијанието на ризиците од климатските промени врз финансиската стабилност, современите трендови во финансиите, за дигитализацијата и развојот на финтек-секторот. 

На почетокот на Конференцијата ќе се обрати гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, како и претседавачот на Виенската иницијатива, гувернерот на Централната банка на Хрватска, Борис Вујчиќ. Јавноста ќе може да ги проследи нивните обраќања, како и првата панел-сесија под наслов „Клучни предизвици за носителите на политики ‒ Монетарната и фискалната политика во свет на висока инфлација“ на следнава врска https://www.youtube.com/watch?v=O8E0PuiRTV4  (на англиски јазик).

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал