Connect with us

Uncategorized

Ученици од основни училишта во Скопје, Штип, Тетово и Битола ќе научат како да рециклираат пластичен отпад и да произведат 3Д печатени производи

објавено

на

Ино Фаб Лаб, првата лабораторија за прототипирање лоцирана на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје започна со реализацијата на проектот „Дигитален пластичен отпад“ преку кој ученици и наставници од четири основни училишта во Скопје, Штип, Тетово и Битола ќе стекнат практични знаења и вештини за современите 3Д технологии, како што се 3Д печатење, 3Д скенирање и креирање G-кодови. За време на проектот учениците ќе собираат пластични шишиња и ќе научат како со помош на технологијата за шредирање и екструзија може да се произведе филамент за 3Д печатење од рециклирана пластика.

Со првите две предавања во основните училишта „Димитар Влахов“ во Штип и „Гоце Делчев“ во Тетово го започнуваме проектот „Дигитален пластичен отпад“ кој веруваме дека ќе им даде практични вештини и знаења на учениците и нивните професори за користење на иновативните 3Д технологии. Првиот допир на учениците со 3Д принтер предизвика голем интерес и возбуда кај нив, како и желба да научат што се може да се направи од рециклираниот пластичен отпад“, вели професор д-р Игор Јорданов, раководител на Ино Фаб Лаб.

Во проектот се вклучени и основните училишта „Блаже Конески“ во Скопје и „Свети Климент Охридски“ во Битола. Во рамки на овој проект, сите четири училишта вклучени во проектот ќе добијат по еден 3Д принтер кој ќе остане во нивна трајна сопственост.

Во второто полугодие интензивно ќе се работи на обука на учениците и нивните наставници за рециклирање и практична примена на технологиите за 3Д дизајнирање, 3Д скенирање и 3Д печатење. Тие ќе изработуваат производи со додадена вредност кои во мај ќе ги изложат на училиштен базар и ќе презентираат што научиле и направиле. Од собраниот пластичен отпад во Ино Фаб Лаб ќе се произведат и „бехатон“ плочки од рециклирана пластика со кои ќе поплочат одредени делови во нивните училишта.

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

банки3 дена ago

Потрошувачки кредит на УНИБанка АД Скопје со одлична понуда за рефинансирање и бонус од 1.000 денари при онлајн аплицирање

македонија3 дена ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

банки1 недела ago

Комерцијална банка како „Зелен поборник“ ќе пошумува и ќе едуцира

свет6 дена ago

Пустината под вода