Connect with us

банки

Уште два милиони евра за „зелени“ кредити за домаќинства од ЕБОР преку НЛБ Банка

објавено

на

Станува збор за средства за поддршка на енергетската ефикасност во резиденцијалниот сектор, односно кредити кои НЛБ Банка Скопје ќе ги пласира на своите клиенти за инвестиции кои ќе помогнат да се подобри енергетската ефикасност на нивните домови.

НЛБ Банка Скопје и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) потпишаа договор за втора кредитна линија од дополнителни два милиони евра за Програмата за финансирање на зелена енергија (GEFF).

Станува збор за средства за поддршка на енергетската ефикасност во резиденцијалниот сектор, односно кредити кои НЛБ Банка Скопје ќе ги пласира на своите клиенти за инвестиции кои ќе помогнат да се подобри енергетската ефикасност на нивните домови.

Како една од трите најголеми и системски најзначајни банки во земјата сметаме дека имаме важна улога во креирање на општата клима за финансирање на зелена енергија. Со оваа линија продолжуваме да обезбедуваме полесен пристап на домаќинствата до средства за финансирање на проекти во врска со обновливи извори на енергија, постигнување на заштеди на енергија и заштита на животната средина што во целост кореспондира со нашата политика за одговорно кредитирање и одржливост. Горди сме на досегашната соработка со ЕБОР и придонесот кој го имаме во зголемување на свесноста за важноста на енергетската ефикасност, како и во севкупниот успех на Програмата за финансирање на зелена енергија на Западен Балкан“, истакна Бранко Грегановиќ, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.

Посебна придобивка на програмата е што клиентите  кои аплицираат за заеми од GEFF, откако мерките за енергетска ефикасност ќе бидат успешно имплементирани, имаат право на  финансиски грант до 20 проценти од износот на кредитот, при што средства се обезбедени од Европската унија.  

Анди Аранитаси, Претставник за Северна Македонија во ЕБОР изјави: „Ни претставува големо задоволство што ја надградуваме соработката со НЛБ Банка Скопје, во заедничката тенденција да се подобри пристапот до финансии на граѓаните, кои сакаат да ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, преку нашата позната GEFF програма, која станува се попримамлива. Со растечките цени на енергијата во Европа, граѓаните можат да ги користат овие кредити за да ја намалат потрошувачката на енергија и да ги намалат сметките”.

Штефен Худолин, Раководител на одделот за соработка во ЕУ Делегацијата во Северна Македонија изјави: „ЕУ останува посветена во поддршката на земјата и за време на оваа енергетска криза ги поддржува програмите за енергетската ефикасност од кои ѓраѓаните и домаќинствата ќе имаат корист. За нас и за идните генерации треба да мислиме подалеку од тоа што ќе биде утре и заради тоа нудиме добри финансиски програми кои ќе генерираат пониски сметки за електрична енергија. Нашата иднина е зелена, а транзицијата кон зелена и одржлива енергија е поврзана со добри инвестиции кои ќе ги направиме денес”

Инаку, преку првата кредитна линија на НЛБ Банка за „зелени“ кредити, потпишана во со ЕБОР во 2020 година, целосно се пласирани 3 милиони евра до крајни корисници – физички лица, а досега на клиентите им се исплатени финансиски стимулации од 450 илјади евра за успешно завршени проекти за една година кои и натаму се исплаќаат.

македонија8 часа ago

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничување на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

македонија11 часа ago

Кочо Анѓушев се најде на „црната листа“ на САД

македонија2 дена ago

Една година стратешко партнерство на Алкалоид и СОС Детско село

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

економија5 дена ago

Анѓушев: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Кристина Камчева – Стојческа: Женското лидерство во подем – тие умеат како да создадат тим од доверба

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Јелена Спасова: Се бориме занаетчиите да го добијат заслужениот статус во македонската економија

интервју5 дена ago

Родовата еднаквост, инклузивностa и еднаквите можности се темели на нашата корпоративна култура

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

економија5 дена ago

Повеќе жени во тимот, повеќе профит

македонија1 недела ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје