Connect with us

свет

Уште две банки под закана да ја доживеат судбината на Silicon Valley, Signature и First Republic

Банкарската криза во САД продолжува

објавено

на

Април се чинеше за релативно мирен период во американскиот банкарски сектор, по пропаѓањето на Silicon Valley и Signature во март. Меѓутоа, падот на цените на акциите на повеќе регионални банки, вклучително и падот на PacWest за преку 50 отсто во само еден ден  и падот на Western Aliance за речиси една третина, само го нагласи фактот колку инвеститорите и понатаму не се убедени дека состојбата на регионалните е добра, и покрај напорите на регулаторите да стават крај на банкарската криза.

Регионалната американска банка PacWest Bancorp со седиште во Лос Анџелес разгледува стратешки опции, вклучително и потенцијална продажба или докапитализација, со надеж дека ќе ја избегне судбината на другите банки кои веќе под своја ингеренција ги презедоа регулаторите, изјави добро информиран извор за CNBC.

Банката се надева дека ќе ја избегне судбината на другите банки преземени од американските регулатори,  со проактивно изнаоѓање решенија за зајакнување на нејзините финансии, рече изворот, кој сакаше да остане анонимен поради доверливата природа на работите. Тие напори уследија  откако банката прибра 1,4 милијарди долари од инвестициската фирма Atlas SP Partners кон крајот на март.

PacWest е една од водечките 100 банки во САД и има филијали во Калифорнија, како и во Дурам, Северна Каролина и Денвер, Колорадо. Според минатонеделното објавување на резултатите од првиот квартал, нејзините депозити се стабилизирале откако некои клиенти ги повлекле своите пари.

Последните најави од PacWest, сепак, поттикнаа остар пад на цената на нејзините акции и на неколку други американски регионални банки во тргувањето на американските берзи деновиве.

Регионалната банка Western Alliance Bancorp минатата недела се обиде да ги поттикне пазарите, велејќи дека не бележи невообичаени движења поврзани со депозитите и дека нејзината ликвидност е задоволителна. Регионалниот заемодавач со седиште во Феникс рече дека „ја потврдува својата финансиска сила, како и насоките за раст на депозитите како одговор на неодамнешните случувања во банкарската индустрија“. Портпаролот на PacWest одби да коментира.

Инвеститорите не се убедени дека регионалните банки се во добра состојба

Pacific Western е една од водечките 100 банки во САД и има филијали во Калифорнија, како и во Дурам, Северна Каролина и Денвер, Колорадо. Според минатонеделното објавување на резултатите од првиот квартал, нејзините депозити се стабилизирале откако некои клиенти ги повлекле своите пари. Последните најави од PacWest, сепак, поттикнаа остар пад на цената на нејзините акции и на неколку други американски регионални банки во тргувањето на американските берзи деновиве.

Падот на цените на акциите на банките, вклучително и падот на PacWest за преку 50 отсто на 3 мај  и падот на Western Aliance за речиси една третина, само го нагласи фактот колку инвеститорите и понатаму не се убедени дека состојбата на регионалните е добра, и покрај напорите на регулаторите да стават крај на банкарската криза која започна со колапсот на банките Silicon Valley и Signature во март.

Превирањата во банкарскиот сектор доаѓаат по релативно мирен период и би можеле да ја намалат достапноста на кредити низ Америка и да му наштетат на економскиот раст.

„Довербата во некоја финансиска институција се гради со децении, а се уништува за неколку дена. Како и со секој домино ефект, следната најслаба банка почнува да се тетерави“, напиша инвеститорот Бил Акман во својот твит. Тој ги повика регулаторите да воведат широка гаранција за депозитите.

Акциите на PacWest изгубија речиси 80 отсто од нивната вредност од почетокот на регионалната банкарска криза на 8 март.

Другите регионални кредитори, чии акции беа под притисок оваа недела, исто така забележаа пад на нивните цени, при што акциите на Zion Bancorp, First Horizon и Comerica паднаа за повеќе од седум проценти, а SPDR S&P Regional Banking ETF паднаа за пет проценти.

Хеџ-фондовите се обложуваат дека следат нови пропаѓања на банки

Кризата во американските регионални банки започна во март, кога напливот на клиенти во Silicon Valley банката поттикнат од социјалните мрежи доведе до нејзино ненадејно затворање и ги поттикна штедачите низ регионалните банки да побараат безбедност во највисоките институции.

Кризата во американските регионални банки започна во март, кога напливот на клиенти во Silicon Valley банката поттикнат од социјалните мрежи доведе до нејзино ненадејно затворање и ги поттикна штедачите низ регионалните банки да побараат безбедност во највисоките институции. Овие проблеми ги принудија регулаторите да воведат итни мерки. Ситуацијата на пазарот се чинеше дека се смири на крајот на минатиот месец.

Меѓутоа, пред десетина дена, First Republic Bank доживеа колапс по масовното повлекување на депозитите и беше продадена на JPMorgan Chase & Co на аукција одржана од Федералната агенција за осигурување на депозити (FDIC) во текот на викендот.

Иако First Republic, која беше банка за побогати клиенти со седиште во Калифорнија, беше третата банка што пропадна од март, регулаторите се надеваа дека нејзината продажба на JPMorgan ќе стави крај на кризата.

Наместо тоа, трансакцијата ги обнови стравувањата на пазарот. Некои инвеститори предупредија дека кризата не е завршена, а хеџ-фондовите се обложуваат дека и други банки би можеле да го следат примерот.

економија17 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија1 ден ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал