Connect with us

македонија

Уште 48 часа можност за бесплатно да ја номинирате вашата е-продавница за изборот на најдобрите во македонската е-трговија!

објавено

на

На минатогодишниот избор за најдобрите во е-трговијата беа пријавени повеќе од 150 домашни е-трговци и беа собрани над  93.390 гласови од 6.584 гласачи од јавноста, а беа доделени вкупно 39 награди во 23 категории.

Во тек се номинациите за изборот и наградувањето на најдобрите е-трговци за 2023 година „E-commerce Awards 2023“, а остануваат уште 48 часа можност бесплатно да ја номинирате вашата е-продавница за да биде дел од изборот на најдобрите во македонската е-трговија со пополнување на апликација преку официјалната веб-страница www.ecommerceawards.mk

На изборот, кој традиционално се одржува по трети пат во организација на Асоцијација за е-трговија на Македонија – АЕТМ, ќе се одбираат најдобрите домашни е-трговци за 2023 година, кои се натпреваруваат во 24 категории поделени во три секции: најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање, најдобри е-продавници по сектори и шампиони во е-трговија. Оваа година, со цел да се опфатат уште поголем број на номинирани е-трговци, додадени се нови категории за „Најдобра достава во е-трговија“, „Најдобар е-огласник“ и „Е-продавница за различни производи“.

Дел од останатите категории за кои што можат да се номинираат е-трговците се: „Е-продавница за бела техника и електроника“, „Е-трговец со најдобра грижа за корисници“, „Е-продавница за бебешка и детска облека, опрема и играчки“, „Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми“, а главната награда е резервирана за категоријата „Е-трговец на годината“. Сите категории на натпреварот се достапни на овој линк.

– „Изборот на најдобрите во македонската е-трговија го организираме по трети пат токму со цел со да ја препознаеме и наградиме напорната работа на домашните е-трговци, да ја подигнеме свеста за е-трговијата и купувањето од проверени и регистрирани е-трговци во јавноста, како и да поттикнеме зголемување и унапредување на понудата во е-трговијата. Како и во претходните две години, така и оваа година се соочуваме со голем интерес за учество во изборот помеѓу најдобрите во македонската е-трговија и преку официјалната веб-страница на натпреварот веќе се имаат пријавено повеќе од 100 македонски е-трговци. По завршувањето на пријавувањето и објавувањето на номинираните е-трговци ќе следува гласање од јавноста, како и гласање од жири комисијата составена од внимателно одбрани стручни лица согласно утврдената методологија за гласање и прогласување на победниците, која е јавно објавена во рамки на Правилникот за наградите за е-трговија. Свечениот настан за доделување на наградите на најдобрите македонски е-трговци за 2023 година ќе се одржи на крајот од месец февруари 2024.” – велат од АЕТМ.

Како да ја номинирате вашата е-продавница

Компаниите кои се заинтересирани да бидат дел од изборот на најдобрите во македонската е-трговија за 2023 можат да се номинираат бесплатно со пополнување на формуларот достапен на официјалната веб-страница на натпреварот: www.ecommerceawards.mk.

Процесот на номинација е едноставен, бесплатен и нуди неспоредлива можност за е-трговците да добијат признание, да ја покажат својата извонредна работа и да придонесат за развојот на просперитетниот сектор за е-трговија во Македонија.

На минатогодишниот избор за најдобрите во е-трговијата беа пријавени повеќе од 150 домашни е-трговци и беа собрани над  93.390 гласови од 6.584 гласачи од јавноста, а беа доделени вкупно 39 награди во 23 категории.

Со фазата на номинација пред самиот крај, АЕТМ ги охрабруваат сите подобни е-трговци кои сè уште не се номинирале да ја искористат оваа можност и да се пријават најдоцна до 10ти јануари 23:59 часот преку официјалната веб-страница www.ecommerceawards.mk

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

банки3 дена ago

Потрошувачки кредит на УНИБанка АД Скопје со одлична понуда за рефинансирање и бонус од 1.000 денари при онлајн аплицирање

македонија3 дена ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

банки1 недела ago

Комерцијална банка како „Зелен поборник“ ќе пошумува и ќе едуцира

свет6 дена ago

Пустината под вода