Connect with us

свет

Фабриката на Фолксваген во Волфсбург произведува најмалку возила од 1958 досега

објавено

на

Фабриката во Волфсбург, којашто ги произведува моделите Голф, Туран, Тигуан и Сеат Тарако произвела само 300.000 автомобили досега годинава, поради недостигот на чипови и други репроматеријали.

Фолксваген групацијата (Volkswagen Group) произвела само 300.000 автомобили во својата клучна фабрика во Волфсбург, Германија, досега годинава, пишува Ројтерс повикувајќи се на добро упатен извор во проблематиката. Ова е најниската бројка на произведени возила од 1958 година наваму и далеку зад просечните количини што излегувале од производната лента пред пандемијата.

Фабриката во Волфсбург, којашто ги произведува моделите Голф, Туран, Тигуан и Сеат Тарако, произведувала во просек околу 780.000 возила годишно изминатава деценија, а компанијата во 2018 година најави дека сака да ја достигне бројката од еден милион нови возила годишно.

Но, проблеми во синџирите на набавка на делови и репроматеријали предизвикаа производството да биде нешто под 500.000 возила во 2020 година. За оваа година, очигледно дека бројките ќе бидат уште полоши, пред сe’ поради кризата во набавката на микрочипови.

Фолксваген уште претходно најави дека ќе има кусок на нови произведени возила што ќе се мери со стотици илјади поради недостигот на чипови, проблем којшто ги погоди сите производители на автомобили низ светот, а се очекува да трае и во 2022 година.

Портпаролот на компанијата минатата недела рече дека се дискутира околу конкурентноста на фабриката во Волсфбург, којашто се’ уште не произведува целосно електрични возила, додека конкуренцијата во светот во оваа област станува се’ поостра.

Шефот на групацијата Херберт Дајс рекол на состанокот на надзорниот одбор во септември, дека доцнењето во транзицијата кон електрични возила би можело да го чинат Фолксваген загуба на 30.000 работни места, или четвртина од моменталната бројка на вработени.

економија20 часа ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови