Connect with us

интервју

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

Фабрис Перушко, прв човек на Фортенова (некогашен Агрокор) на жешкото столче кај Станковиќ во ХРТ

објавено

на

Некогаш најголемата регионална компанија, хрватски Агрокор, пред 6 години банкротираше и со нејзиното реструктурирање настана Фортенова, чијшто извршен директор, а претходно вонреден владин повереник, е Фабрис Перушко, денес веројатно најекспониран менаџер во Хрватска, но и пошироко. Тој деновиве имаше гостување во емисијата „Во недела во 2“ на ХРТ, кај познатиот водител Александар Станковиќ, којшто во негов стил, не го штедеше Перушко од незгодни прашања во врска со неговата работа во Фортенова и обидите да ја консолидира компанијата и да ѝ најде купувач.

Името Фабрис Перушко за македонската јавност можеби не значи ништо, но за Агрокор, некогашниот хрватски и регионален бизнис гигант веројатно знаеме многумина. Перушко, роден во Пула, стана познат во февруари 2018 година, кога хрватската влада го назначи за втор по ред владин повереник токму во Агрокор, којшто во тие моменти беше среде финансиски турбуленции поради презадолженоста. Перушко беше задолжен да направи реструктурирање на Агрокор,  чистење од долгови, за правен наследник на фирмата да стане Фортенова, на чие чело Перушко се наоѓа и денес и се обидува да ѝ најде купувач.

Деновиве Перушко, инаку пред Агрокор со професионална кариера градена во странство во банки, фондови и други меѓународни компании, седна на жешкото столче кај водителот на ХРТ, Александар Станковиќ, да одговори на повеќе прашања што ја копкаат тамошната јавност, како на пример зошто своевремено примал плата и како челник на Фортенова и како владин повереник, на што тој одговори дека нема ништо противзаконско во тоа и дека ќе даде контекст на целата ситуација. Ви пренесуваме дел од интервјуто на Станковиќ со Перушко, во популарната емисија „Во недела во 2“ (Nedјeljom u dva) на Хрватската радиотелевизија.

Перушко за годинава посочува дека ќе биде со големи предизвици бидејќи мора да се врати долг од милијарда  и 200 милиони евра, што ќе се обиде да се надомести со „продажба на агробизнисот“.

„Кој и да ги купи Беље, Вупик и ПИК Винковци ќе остане стратешки партнер на Фортенова, бидејќи ќе ни биде најголем снабдувач на свинско месо за ПИК Врбовец. Значи тој купувач мора да биде стратешки прифатлив. Тој мора да даде добра цена и во комбинација со тоа ќе одлучиме на кого ќе продадеме. Секако, ќе се погрижиме овој нов купувач да ја одржува вработеноста, да е способен да инвестира“, рече Фабрис Перушко.

Перушко, роден во Пула, стана познат во февруари 2018 година, кога хрватската влада го назначи за втор по ред владин повереник токму во Агрокор, којшто во тие моменти беше среде финансиски турбуленции поради презадолженоста. Перушко беше задолжен да направи реструктурирање на Агрокор,  чистење од долгови, за правен наследник на фирмата да стане Фортенова, на чие чело Перушко се наоѓа и денес и се обидува да ѝ најде купувач.

Перушко на почетокот на емисијата се потсети на времето кога бил именуван за вонреден владин повереник за Агрокор. Рече дека не се плашел од предизвикот на работата, туку повеќе го мачело колку работата ќе влијае на неговото семејство. Тоа не било лесна одлука, вели тој, но по една недела долги разговори, станало јасно дека тој е најдобриот човек за таа работа.

Тој изнесе и некои лични податоци. Кажа дека е од Пула, пораснал таму и дека е првиот човек во неговото семејство што дипломирал на универзитет. Ја прескокнал третата година средно образование, завршил електротехника, работел во два стартапи кои успешно биле продадени.

„Бев партнер во вториот стартап. Ги продадов своите удели, ги зедов парите и ги вложив за да си платам двегодишни МБА студии во Америка, каде добив работа во консултантската куќа McKinsey  и почнав да работам на деловни реструктурирања“, рече Перушко.

„Во Москва ја разбрав социјалната динамика на руското општество“

По пет години работа во McKinsey, кариерата го одвела во Москва.

„Работев во Москва во 2014 и 2015 година. Мислам дека таа работа ми помогна во Фортенова бидејќи ја разбирав социјалната динамика на руското општество“, изјави Перушко.

По враќањето во Загреб, 35 дена по формирањето на вонредната управа, почнал да работи во Тисак, една од компаниите што беше во состав на сега пропаднатиот Агрокор.

„Се сеќавам на моите први недели, каде доаѓав дома, легнував во кревет и размислував: нема шанси ова да се извлече, како да објаснам дека не сум јас виновен, дека заврши како што заврши? Се фативме со работа, беше 15 мај, а до први јуни требаше да исплатат плати, но парите никаде ги немаше. Потоа работевме на сѐ за да собереме пари за плата, да овозможиме стоката да стигне до киосците“, наведе меѓу другото и додаде дека Тисак за шест месеци станал финансиски позитивен.

Деновиве Перушко, инаку пред Агрокор со професионална кариера градена во странство во банки, фондови и други меѓународни компании, седна на жешкото столче кај водителот на ХРТ, Александар Станковиќ, во неговата емисија „Nedjeljom u dva“, за да одговори на повеќе прашања што ја копкаат тамошната јавност, како на пример зошто своевремено примал плата и како челник на Фортенова и како владин повереник, на што тој одговори дека нема ништо противзаконско во тоа и дека ќе даде контекст на целата ситуација.

Имаше одредени шпекулации дека многу луѓе му изразувале сочувство што стигнал до таа позиција, па Перушко одговори: „Да, пораки фрчеа тој ден, сите беа во стилот „издржи“, „сѐ ќе биде во ред“,  но имаше и 20-тина пораки со сочувство“.

За почетоците во Агрокор и Фортенова

„Во тоа време бев во компанијата 24/7 буквално и секоја од тие фази имаше свои предизвици. Првиот предизвик беше кога беше неопходно да се затвори спогодбата во првите неколку месеци, што беше проблематична поради многу спротивставените интереси на различни групи доверители, имаше и конфликт со руската Сбербанк, која се обиде да ја блокира вонредната управа. После 20-тина дена станав управник, потпишав договор со Сбербанк да се врати во преговорите, а за тоа придонесе и многу успешниот правен спор што мојот претходник го доби на суд во Лондон. Во тоа време, на Сбербанк ѝ беше дадена можност на кој било начин да учествува во управата, вториот голем предизвик беше по спроведувањето на спогодбата. Со постигнување спогодба, компанијата не ги реши сите свои проблеми“, нагласува Перушко.

Перушко посочува три големи проблеми со кои почнала Фортенова:

„Секогаш велам дека Фортенова својот живот го започна со три големи проблеми: едниот е сѐ уште преголемата задолженост, неконсолидирани кредити. Едниот беше во Меркатор во Словенија од 500 милиони евра, вториот беше т.н. roll-up од милијарда и двесте милиони и   третиот голем проблем беше расцепканата сопственост што беше резултат на спогодбата и имаше 200 акционери кои претставуваа 66 отсто од гласовите на акционерското собрание, што значи дека за крупни одлуки за кои беше потребно двотретинско мнозинство беше многу тешко да се спроведе вакво собрание, а првото такво собрание беше во 2019 година, кога го рефинансиравме roll-up кредитот.

„Процесот со Сбербанк сè уште не е завршен“

На прашањето дали се ослободиле од руската стигма и бизнисот со Сбербанк, тој одговори: „Тој процес сѐ уште не е завршен, продажбата ја потврдивме на собрание, го потпишавме договорот за продажба и чекаме регулаторните органи да донесат одлука за трансакцијата, која би можела да биде завршена во следните неколку месеци и  на овој начин ќе ни се овозможи пат до финансискиот пазар“.

Фортенова изникна врз пепелта на она што беше Агрокор, некогаш најмоќната компанија на просторите на поранешна Југославија, чии почетоци датираат уште од 1976 година, кога Ивица Тодориќ го почна малиот приватен бизнис со цвеќе. Агрокор беше конгломерат што пред банкротот обединуваше 50-тина компании со преку 40.000 вработени и годишен обрт од речиси 8 милијарди евра.

„Опасност Фортенова да не може да го воведе еврото“

„Кога бев во Лондон, имавме неколку средби со адвокати и финансиски институции, се сретнавме со седум правни тимови за да видиме со кого би можеле да ги преземеме следните чекори, дел од нив одбија да се сретнат со нас поради руската стигма. Меѓународното работење нам ни е отежнато додека не го решиме овој проблем. Шест месеци пред воведувањето на еврото, германскиот SAP ни  ја откажа  поддршката и тоа значи дека Фортенова не би можела да го воведе еврото. Работата ескалираше толку многу што имав средба со извршниот директор на ESAP за да му го објаснам процесот на ослободување од руската косопственост“, истакнува Перушко.

„Никогаш не сум зел ништо од државниот буџет“

Тој кажа и што мисли за Вујновац (Павао Вујновац, еден од најбогатите хрватски бизнисмени, од неодамна мнозински сопственик во Фортенова, н.з.) и тезата дека го направил уште побогат: „До ова дојдовме по неколку неуспешни обиди, бидејќи хрватските пензиски фондови не покажаа интерес за тоа. Желбата на Вујновац не е тој да биде мнозински сопственик на Фортенова, ова е само еден преоден период.  Агрокор претходно имаше 7,8 милијарди долг, сега ние како компанија имаме нето долг од 1 милијарда евра.

Иако, како што вели, никогаш не добил ништо од државниот буџет, на прашањето „Дали истовремено примавте плата и како владин повереник и како директор на Фортенова?“ одговори:

„Да, точно, но би дал контекст. Доаѓам на 28.2. за вонреден повереник, давам оставка од Тисак и станувам стечаен управител: за тоа добивам надоместок, важи до 04.01.2019 година кога е основана Фортенова, станувам и главен директор и истовремено работам на затворање на вонредната управа. Одговарам и пред судот и пред  доверителите, се заборава дека Фортенова кога почна со работа, не ги поседуваше Меркатор и Дијамант и некои други… Процесот на затворање и пренос траеше предолго, наидовме на многу пречки и во крајот успеавме да го затвориме. Би сакал да ве потсетам на два големи примери во странство, Пармалат и Леман брадерс. Сè е слично. “, додава Перушко.

„Никогаш во животот не сум добил ништо од државниот буџет. Целиот трошок за водење на вонредната управа го платија доверителите на Агрокор“.

„Заработувате многу пари и вашите работници би морале да работат два животи за она што го добивате. Коментар?“, го праша водителот Александар Станковиќ.

„Дали е срамота да се заработи? Плаќам даноци и чист сум како солза.“

„Купувачот мора да биде стратешки прифатлив, мора да даде добра цена“

Со оглед на тоа што во последно време се проширува темата за продажбата на земјоделскиот бизнис на Фортенова, при што  како потенцијални купувачи се споменуваат дури и некои блиски до унгарскиот премиер Виктор Орбан, Перушко ги изнесува следните важни детали за изборот на купувач:

„Ние почнавме со истражување на пазарот. Кој ќе ги купи Беље, ВУПИК и ПИК Винковци ќе остане стратешки партнер на Фортенова бидејќи ќе ни биде најголемиот  снабдувач со свинско месо на ПИК Врбовец. Тој купувач мора да биде стратешки прифатлив, мора да даде добра цена, а во комбинација со тоа ќе одлучиме кому да го продадеме. Ќе се погрижиме овој нов купувач да го задржи вработувањето, да е некој способен да инвестира“, заклучува Перушко.

Тој се осврна и на арбитражната постапка во Вашингтон што ја води Ивица Тодориќ против Форетенова.

„Јас не гледам каде се тие пари за коишто тврди дека е оштетен. Ако воопшто тој и добие пари, тие пари ќе одат кај холандската компанија – тогаш таа ќе ги врати во проектите на Агрокор, а на проектите на Агрокор е главен доверител – Фортенова.“ Компанијата се соочува со рефинансирање на долгот, а задолженоста е на ниво кое може да се управува, изјави првиот човек на Фортенова.

банки2 дена ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

свет2 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.

свет2 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании2 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

регион2 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија2 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

македонија2 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

економија2 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

економија2 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет2 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

економија2 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет2 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

регион2 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

свет2 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

македонија2 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

економија2 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

технологии / компании2 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

менаџмент / маркетинг2 дена ago

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

македонија2 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

банки4 дена ago

Управната зграда на УНИБанка во Скопје сама ќе произведува струја од фотоволтаична централа