Connect with us

интервју

Фанон: Регионот ќе се ослободи од целосната енергетска зависност од исток

објавено

на

Франсис Фанон

помошник државен секретар на САД за енергетски ресурси

Фанон е директен во пораката дека идејата е создавање на вистински енергетски пазар со отворање на други можности за набавка на енергенси што до сега традиционално се обезбедуваа од Русија. Тој вели дека желба за ослободување од оваа зависност секогаш постоела во регионот, но оти сега прв пат има и политичка волја кај државите

Со помошникот државен секретар на САД, Франсис Фанон разговаравме во мошне интересен период на очигледно збивање на редовите меѓу балканските земји во потрагата по поголема енергетска независност. Американците се тука за да ја остварат таа желба – најавени се крупни енергетски регионални проекти што е планирано да се вкрстат токму во Скопје.

Фанон е директен во пораката дека идејата е создавање на вистински енергетски пазар со отворање на други можности за набавка на енергенси што до сега традиционално се обезбедуваа од Русија. Тој вели дека желба за ослободување од оваа зависност секогаш постоела во регионот, но оти сега прв пат има и политичка волја кај државите:
„Ако имате само еден снабдувач, на што било, тогаш пазар и воопшто нема. Особено, ако тој снабдувач ја користи и има историја на користење на енергијата за да доминира, принудува и манипулира“, вели помошникот на Помпео.

Гледаме зголемен интерес на САД во регионот од аспект на енергетика. Кажете ни нешто повеќе околу тоа…

Значи ве интересира зошто сум дојден?

Се разбира…
Ок, да објаснам зошто сум тука. Ова е дел од една регионална приказна. Бев заедно со секретарот Помпео во Солун каде што клучни теми на дискусија беа енергетиката и инвестициите во инфраструктурата. Таму имаше средби со премиерот, а имавме и настан, една конференција со фокус на енергетика, каде што всушност имаше и официјални претставници од Северна Македонија и тие беа дел од дискусиите. Она во коешто ние веруваме, а исто така веруваат и земјите од регионот се неколку нешта.
Прво, сите делиме исти цели преку принципиелно воспоставување и креирање на пазар базиран на транспарентност и ефикасност, на јасни цени, ама и пазар ослободен од принуди. Значи тоа е прво – да се биде пазарно ориентиран во овој сектор.
Понатаму, исто така се согласуваме дека ова се сите релативно мали држави и дека ниеден домашен пазар сам по себе не е доволен за значајни инвестиции, но ако се здружат заедно тогаш тоа е еден сериозен пазар. Затоа бев во Грција, оти Грција на многу начини е седиште на овие енергетски развојни проекти што се планирани во партнерство со сите овие држави.
Грчката експанзија на Александрополи (НЛГ објект, за којшто и Северна Македонија покажа интерес) е еден нов начин да се зголеми енергетскиот капацитет исто како и изградбата на интерконекторот Грција – Бугарија. Јас бев, видов како е ова развиено, ја видов лентата на гасоводот, бев во Софија и разговарав за некои од овие иницијативи.
Потоа има иницијативи за промена на постоечката гасоводна инфраструктура за да се направи обратен проток во извозот на течни продукти кон Северна Македонија и да се формира регионален ХАБ за следните активности.

Базиран во Скопје?

Да, во објектот на рафинеријата Окта. Има веќе постоечка линија, гасоводна линија, но тоа треба да се унапреди и има интерес за тоа. Значи, бев во Солун, па Софија и сега сум во Скопје, сето ова во насока да се создаде регионален енергетски пазар за инвестиции, за подобрување на диверзификацијата во сите овие земји, што во суштина значи да ги ослободи од принудата на единствениот традиционален снабдувач.
Но, оваа диверзификација значи и подобри цени и поголема сигурност кај сите потрошувачи. Значи ова е визијата и навистина сме возбудени за неа, посветени и ова го правиме во партнерство со останатите земји од регионот, земајќи предвид која е нивната посветеност, кој е нивниот пат за економски развој и гледаме дека можеме тоа да го помогнеме и да придонесеме.
Затоа, многу беше важно ова мое патување и пошироко, но особено тука во Скопје, оти Скопје е на крстопат, во центарот за овој регионален енергетски хаб за да биде извозник на енергија – се’ може да протече низ Северна Македонија и да оди од тука кон регионот.

Тоа е значи нашата придобивка. Кажете ни ги процените и прогнозите за реализација на овој ваш план…

Ова не е мој план…

Ваш велам во множина, мислам на САД. Но, какви се позициите на земјите што ќе бидат вклучени и нивните стратегии?

Да, да, ова е одлично прашање. Сите овие земји имаат очајна загриженост околу две нешта – прво сакаат да си ги растат економиите, а енергетиката е клучна за економски развој, загрижени се за сигурен и одржлив систем, a тоа бара навистина функционален пазар. Гледам дека има една неверојатна желба за да се намали таа зависност и релација. Желба постоела отсекогаш, но сега гледам дека има и политичка волја. И тоа навистина мислам дека е нешто ново.

И таа политичка волја е заедничка за сите држави?

Да. Има мали разлики во однос на конкретните земји и нивниот пат, но апсолутно е заедничка. Јас имам глобално портфолио и едно нешто што го гледам насекаде низ светот. во сите држави е дека сите сакаат повеќе американски инвестиции. Затоа, тоа што мислам дека е наша работа е да видиме што можеме да направиме заедно за да ги обезбедиме тие инвестиции и да ја помогнеме инвестициската клима.
Еден од предизвиците за Северна Македонија, како мала земја, е како да се генерира интерес за инвеститори да дојдат тука кога има глобален натпревар за капитал и американските компании можат да одат навистина каде сакаат.
Она што го правам во соработка со владите низ регионот е да помогнеме да се идентификуваат пречките, да се отстранат, да се создаде таа голема слика и потоа да се отиде кај приватниот американски сектор и капитал и тој да се донесе тој тука.

„Во овој регион досега се’ доаѓало од исток, сега линијата е север – југ и има можности за едно одлично регионално поврзување преку далекуводи и гасоводи низ Северна Македонија.“, рече Фанон ексклузивно за Капитал

Споменавте нешто на коешто ќе Ве навратам. Во минатото секогаш кога зборувавме за клучни енергетски проекти во регионот најавите и реализацијата секогаш тргнувале од исток. Сега гледаме интензивирање на соработката и на активностите по една вертикална линија. Како ова поместување на оската ќе влијае врз геополитичките односи во регионот?

Ова ја зголемува конкуренцијата, односно создава вистинска конкуренција, што сега не постои. И кога тоа се случува тоа ја менува и психологијата на една држава. Ако една земја не е веќе стопроцентно енергетски зависна од друга тоа менува многу во ставот.
Кога некој е целосно зависен од друг, тогаш тој некој секогаш ќе размисли два пати дали да ја навреди другата страна дури и кога таа страна го третира лошо. Со давањето на опција и избор ние всушност форсираме пазар и притоа се притиска постоечкиот единствен снабдувач да се однесува како пазарен играч.
И ова не е нешто фигуративно или теоретски, ова е нешто сосема реално. Видовме што се случи во Литванија. Литванската влада одлучи да создаде опции и да отвори пазар, да донесе НЛГ. Кремљин ја мразеше оваа идеја и веднаш почнаа кампања со дезинформации дека ова е нешто лошо, некомерцијално итн… Но, проектот си течеше и за 6 месеци снабдувачот мораше да смени однесување, да спушти цени, цената на гасот кон Литванија падна за 25 %.
Сето ова се случи со само еден факт – се создаде опција и избор. Сега мислиме дека тоа може да се случи и тука. И сосема сте во право. Во овој регион досега се’ доаѓало од исток, сега линијата е север – југ и има можности за едно одлично регионално поврзување преку далекуводи и гасоводи низ Северна Македонија.
Мислиме дека ова е една одлична можност од аспект на тајминг и сакавме да ја искористиме таа прилика и да видиме што ќе се случува. Ова ќе ми овозможи да отидам назад во САД и да им кажам на нашите компании: „еј, таму има пазар за вас“.

Кога зборуваме за ова, како ја гледате енергетиката како столб на стабилност и воопшто и за еден ваков регион?

Некои држави, вклучително и Северна Македонија имаа историски предизвици пред себе. Но, мора да се признае овој позитивен моментум. Ова е голем напредок после толку години. Членка на НАТО, пред преговори со ЕУ. Ова е огромен, огромен напредок. Секој од овие чекори го зголемува нивото на одговорност и на очекувања од Владата, од континентот… и ова создава едно целосно ново охрабрување во коешто ние сакаме да учествуваме и да бидеме партнери.

Да се навратиме назад на проектите. Споменавте создавање на регионален ХАБ во Скопје, во Окта. Кои држави би биле таргетирани

Се’ уште има многу разговори. Не би избрзувал, но има многу планови. Косово, Србија…Не е наше да коментираме или да го насочуваме протокот на енергија, тоа ќе си го каже пазарот, нема, не постои ниедна владина интервенција што може да биде поефикасна од самиот пазар.

Прашањето ми беше повеќе по претпоставена логика, зборувајќи географски…

Да, да. Тоа секако се соседите. Сите соседи. Бугарија исто е заинтересирана за слична поврзаност со Северна Македонија. Со нив зборував директно во Солун. Но, всушност може од тука да се извезува секаде и на север и на запад…

Соработката е со грчката Хеленик…

Се’ уште е рано, но знам дека ќе има разговори и со Владата и со компаниите во Грција. Ова е еден позитивен развој, секој може да го види сетот на можности и идеите се како да се оди напред со ова.
Затоа ќе се работи на деталите, знаете секогаш последните неколку делчиња се најтешки за склопување, но она што го видов е една силна желба од двете држави, Северна Македонија и Грција да си го унапредуваат односот и ние, САД, сакаме да бидеме дел од тоа.

Ќе го следиме развојот на настаните. Ви благодарам за интервјуто.
Ви благодарам. Знаете, патувањата како дипломат во време на КОВИД кризата не се воопшто лесни, но со ова навистина сакам уште еднаш да ја подвлечам нашата посветеност кон релацијата со Северна Македонија. Можеме многу да направиме заедно и со нетрпение ја очекувам блиската соработка.

менаџмент / маркетинг22 часа ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг22 часа ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг23 часа ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании23 часа ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија23 часа ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија23 часа ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју23 часа ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија23 часа ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија23 часа ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет23 часа ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија6 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија5 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија2 дена ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија3 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки4 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија5 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија4 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

интервју23 часа ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

банки2 дена ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“

start up2 дена ago

Сто илјади евра финансиска поддршка за македонскиот стартап Elevate Global од страна на Бизнис акцелераторот УКИМ