Connect with us

коментари

Фатмир Битиќи: Чест е да се служи во овие тешки времиња

Став

објавено

на

Фатмир Битиќи, Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции 

Со задоволство и ентузијазам ја прифатив поканата на „Капитал“ да се обидам во овие неколку страници да ја „врамам“ последната година. Се надевам дека успеав во тоа. Често велам, нема заобиколен пат околу оваа криза. Единствениот пат е низ неа. На тој пат, додека заедно ги преминуваме сите препреки, мораме да се погледнеме во очи и да се соочиме со сите недостатоци и сите пропусти кои ги имаме направено во последните три декади. Оваа криза, пред нас на маса, ги извади сите слабости, стравови, несоодветни постапувања како и системски пропусти, но ни ја покажа и нашата способност за креативна адаптација, отвореност за промена како и резилиентноста на секој еден од нас. Додека пишував, во мислите ги имав граѓаните на кои им благодарам за довербата и честа да им служам, особено во ова време полно предизвици.

Со задоволство и ентузијазам ја прифатив поканата на „Капитал“ да се обидам во овие неколку страници да ја „врамам“ последната година. Се надевам дека успеав во тоа. Често велам, нема заобиколен пат околу оваа криза. Единствениот пат е низ неа. На тој пат, додека заедно ги преминуваме сите препреки, мораме да се погледнеме во очи и да се соочиме со сите недостатоци и сите пропусти кои ги имаме направено во последните три декади. Оваа криза, пред нас на маса, ги извади сите слабости, стравови, несоодветни постапувања како и системски пропусти, но ни ја покажа и нашата способност за креативна адаптација, отвореност за промена како и резилиентноста на секој еден од нас. 

Додека пишував, во мислите ги имав граѓаните на кои им благодарам за довербата и честа да им служам, особено во ова време полно предизвици. 

Имам лична 100% посветеност и пасија за креирање на Националната развојна стратегија 2021 – 2041. За развој на оваа стратегија се зборува во последните 25 години, време беше да почнеме и сметам дека ова е начинот на кој оваа криза ќе ја претвориме во предност.

Ефектот на мерките врз националната економија

Ако реализацијата на мерките и нивните ефекти ја гледаме низ призмата на меѓународно прифатените стандарди на потрошувачкиот метод кој при пресметката ги сумира вкупната финална потрошувачка, бруто инвестициите и нето извозот можеме јасно да го видиме таргетирањето при нивното креирање, кое го започнавме пред една година.

Според вкупната сума пресметана како конечен ефект врз БДП на земјата од спроведените мерки од околу 704,2 милиони евра, што е износ еднаков на 6,5% од БДП за 2020 година, превениран беше пад на економијата од околу 4,2% земајќи го предвид пондерираниот ефект на преземените мерки. Односно, антикризните економски мерки имаат 100% ефект врз домашното БДП, кое на крајот на 2020 година, ќе имаше пад од 8,7%, наместо 4,5% со кои ја завршивме годината. 

Но, да ги погледнеме поодделно мерките во сите пакети низ призмата на одделните столбови на структурата на домашното БДП. Најголем дел од него во нашата земја, или 66% се креира преку финалната приватна потрошувачка. Токму затоа, поддршката на вкупната финална потрошувачка во првите четири пакети изнесува околу 500 милиони евра кои беа пласирани преку неколку мерки како: одложување на ратите за кредити на граѓаните и фирмите, потоа поддршката на плата и придонеси за вработените во приватните компании, но и мерките во кои директно ги таргетиравме граѓаните со мерките за директна финансиска помош на невработените, лица со ниски примања, и други ранливи категории кои во поодделните пакети и мерки беа опфатени со бројка од околу 550 илјади. 

Нето извозот како сегмент од БДП во четирите пакети беше поддржан со износ од околу 1,8 милиони евра, а бруто инвестициите се поддржани со околу 230 милиони евра. 

Првите четири пакети, за кои беше изработена анализата, содржат 70 антикризни мерки. Оној дел од мерките кои се реализирани се во вредност од над 700 милиони евра. Дел од мерките се уште се во фаза на имплементација а неколку мерки, веќе сите знаете, беа подолго време закочени во процесот на усвојување во Собранието. Ќе ги споменам и разложам надолу затоа што тие мерки се важни, во дел поради нивната вредност но повеќе поради мултипликаторниот ефект кој ќе го имаат врз економијата. Пред 10тина дена истите беа изгласани а набрзо се очекува и нивната реализација. 

Кредитната линија од ЕИБ во вредност од 100 милиони евра со исклучително ниски каматни стапки, наменета најмногу за поддршка на микро, мали и средни претпријатија на кои се уште им е потребна поддршка за одржување на нивната ликвидност; Државната кредитна гаранција, во износ од 10 милиони евра алоцирани како дел од четвртиот пакет антикризни мерки, за која подоцна беа издвоени  и дополнителни 5 милиони евра во петтиот пакет мерки која треба да продуцира повлекување на кредити во вредност од околу 90 до 120 милиони евра кои компаниите корисници ќе можат да ги земаат од комерцијалните банки. Ова според мене е една од најважните мерки која очекувам да ја раздвижи дополнително економијата во следнава година; Државната царинска гаранција во вредност од 3 милиони евра, која ќе биде исклучително добредојдена за извозно ориентираните компании кои ќе бидат во можност да добиваат банкарски гаранции под исклучително поволни услови, за нивните деловни потфати во износи од околу 25 милиони евра.  

Инклузивноста и партнерскиот однос во носењето на мерките и политиките, за мене, имаа непроценлива додадена вредност

До сега зборував за економската логика при креирањето на мерките, но овој осврт не би бил целосен доколку не рефлектирам и врз начинот на носење на мерките. Во неколку зборови тоа би било – Консултација, координација, следење на ефектите и анализа, приспособување на моменталната ситуација, консултација, координација, следење на ефектите и анализа, приспособување на моменталната ситуација и повторно од почеток. Она што од денешна дистанца можам да го проценам е тоа дека носењето на економските пакети на неколку месеци, што ни овозможи да го имаме овој процес во континуитет се покажа како продуктивна и исправна одлука. 

Доколку го извртам мојот календар во последната година, од него ќе можам да излистам стотици остварени средби со различни групи од нашето економско и општествено живеење. Средби на кои, на една маса (еднаш и свадбарска 🙂 ), очи во очи се соочивме со тешки прашања и предизвици, системски слабости но, она што е важно, на истите тие, дојдовме заеднички до решенија. 

Граѓаните и стопанството ја препознаа нашата посветеност, заедно, во партнерски однос, да го движиме кормилото по „немирното море”. 

Кризата го тргна фластерот со кој ја имавме покриено сивата економија 

Сивата економија е отворената рана на секоја држава и оваа не е новина ниту изненадување. Кризата брзо и болно го тргна фластерот со кој вешто сме ја покривале години наназад. 

Само за илустрација, прва поразителна бројка која се појави пред целиот тим во владата кога побаравме податоци од надлежните институции за да креираме соодветна мерка за поддршка на угостителскиот сектор беше фактот што од околу 6.000 компании кои фигурираа во јануари 2021 кај повеќе од 2.000 немаше ниту еден вработен. Кај уште скоро 3.000 компании од овој сектор бројот на вработени беше од 1 до 5 вработени, и овие показатели уште во старт даваат премногу искривена слика за било какво понатамошно анализирање и креирање соодветен пакет мерки за поддршка. Но искрено, ова не е присутно само во еден сектор, недостатоците и аномалиите можеа да се видат во низа на сектори од економијата. 

Сево ова, мене лично но и секоја единка во нашето општество ја става пред дилемата: дали да се занимаваме со последиците, или еднаш засекогаш да седнеме и да ги решаваме причините на аномалиите и недостатоците кои што Кризата ги покажа?

Токму заради ова, сметам дека е јасна неопходноста за конзистентност и структура на економскиот развој. Токму затоа, имам лична 100% посветеност и пасија за креирање на Националната развојна стратегија 2021 – 2041. За развој на оваа стратегија се зборува во последните 25 години, време беше да почнеме и сметам дека ова е начинот на кој оваа криза ќе ја претвориме во предност. На почетокот на годинава го почнавме проектот и истиот треба да вроди со приоритети и стратешки определби за долгорочен и одржлив  развој на државата. Во моментов сме во фаза на мапирање на сите постоечки стратешки документи како и креирање на методологијата  која  ќе биде инспирирана од современи и иновативни модели на развој, адаптирани на домашниот контекст и базирани на широка и значајна консултација со сите засегната страни. 

Националната развојна стратегија треба да отслика меѓугенерациски, родов, меѓуетнички, меѓупартиски и долгорочен консензус за приоритетите на државата, со цел да се обезбеди инклузивен, зелен и одржлив развој за сите, а особено за ранливите категории на луѓе.

Во рамки на овој и тоа како битен процес исто така ќе се идентификуваат и зајакнат врските помеѓу сите останати стратешки важни процеси кои се одвиваат во државата, првенствено интеграцијата во ЕУ и Агендата 2030 за одржлив развој. 

За нас консензусот и инклузивноста при креирањето на стратегијата се клучни. Оваа Национална развојна стратегија треба да продолжи да живее без разлика кој е на власт. Ова ќе биде наш патоказ за тоа каде и како ќе се развива земјата во следните 20 години, ова е значајно и во полза за државата и сите наши сограѓани а за бизнисот ќе значи предвидливост, што е есенцијално при планирањето на растот. 

Сите земји кои се впуштија во овој процес веќе ги гледаат придобивките, а тоа од нашето поблиско опкружување се Хрватска и Словенија. 

Комплексноста на самиот процес, кој за да биде одржлив, покрај условот да е донесен консензуално, наложува да биде иновативен и флексибилен, како би можел да се прилагодува на предизвиците и промените кои ги носи новото време.

Покрај Националната развојна стратегија 2021 – 2041 која е стратешки документ на оперативно ниво, во почеток на реализација е и еден голем инвестициски бум кој во распон од следните 3-5 години ќе донесе експанзија и зголемување на бруто домашниот производ а кој оперативно ќе се реализира преку Единицата за следење на Инвестиции, но за тоа, во следната колумна. 

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија4 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија4 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка