Connect with us

македонија

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

објавено

на

Феро Инвест еденствен кај нас овозможува целосна услуга за реализација на електрични централи од обновливи извори, почнувајќи од проектирање, изведба, пуштање во употреба, управување, одржување, надзор на електраните и откупување на произведената електрична енергија.

ФЕРО ИНВЕСТ учествуваше на конференцијата и саемот за производители и изведувачи на хидроелектрани, кој се одржа во Куала Лумпур и кој на едно место собра 65 светски познати енергетски компании, чијашто примарна цел се хидроелектраните, од: САД, Обединетото Кралство, Кина, Јапонија, Германија, Франција, Норвешка, Италија, Швајцарија, Австрија, Холандија Турција, Индија, Австралија и други земји.

Тодор Анѓушев, директор на фирмите ЕМС и „Мали хидро електрани“, во рамките на ФЕРО ИНВЕСТ и Филип Андрески, директор за развој во групацијата,  ги запознаа посетителите на саемот  со можностите на ФЕРО ИНВЕСТ како партнер во изведувањето на енергетски проекти, прикажувајќи го портфолиото од реализирани над 120 електрани, од кои над 60 се поврзани директно со мали хидроелектрани.

Инвеститорите од Азија покажаа голем интерес за соработка на идни енергетски проекти во тој регион на светот.

Феро Инвест еденствен кај нас овозможува целосна услуга за реализација на електрични централи од обновливи извори, почнувајќи од проектирање, изведба, пуштање во употреба, управување, одржување, надзор на електраните и откупување на произведената електрична енергија.

Компанијата во моментов управува со околу 50 централи од обновливи извори, сопствени или на клиенти, во кои има мали хидро електрани, фотоволтаични електрани и електрани на био гас, со вкупна инсталирана моќност од над 55 MW.

банки4 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите