Connect with us

македонија

Фероинвест: Судот испрати добра порака дека новинарството навистина треба да застапува јавен интерес, а не зад тоа да се крие некој друг интерес

објавено

на

Особено го осудуваме однесувањето на ИРЛ и на Здружението на новинарите (ЗНМ) кои постојано вршеа притисок врз судот да ги ослободи од одговорност, до степен на јавни закани до судијата, кои се одвиваа дури и денеска, на само неколку часа пред објавување на пресудата.“, велат од Фероинвест, компанијата во сопственост на Кочо Анѓушев.

По денешното изрекување на пресудата со којашто Истражувачката репортерска лабораторија и нејзината уредничка Сашка Цветковска се осудени за клевета по тужба на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, од групацијата Фероинвест чијшто сопственик е Анѓушев, стигна соопштение за јавноста:

„Анѓушев и БРАКО го тужеа ИРЛ за емисија објавена на македонската телевизија во која се изнесуваа лажни конструкции без да му се даде простор на Анѓушев и на компанијата да изнесат своја страна и да дадат одговори на јавните неосновани прозивки. И Анѓушев лично и БРАКО ги негираа наводите и повеќе пати изјавиja дека ИРЛ е во постојан напад врз компаниите и нивниот сопственик, од причини непознати за јавноста.

Особено го осудуваме однесувањето на ИРЛ и на Здружението на новинарите (ЗНМ) кои постојано вршеа притисок врз судот да ги ослободи од одговорност, до степен на јавни закани до судијата, кои се одвиваа дури и денеска, на само неколку часа пред објавување на пресудата. Во судницата судијката беше вербално нападната од присутните ИРЛ и ЗНМ кои предизвикаа нарушување на редот и мирот, поради што во судницата мораше да дојде судското обезбедување, што е срам за една интелектуална фела која работи во јавната сфера.

Потсетуваме дека истата судијка во првата постапка ги ослободи ИРЛ од одговорност, и тогаш судијката не беше напаѓана ниту од ИРЛ, ниту пак од тужителот Анѓушев. Денес судот е напаѓан затоа што првата пресуда падна на Апелација и се спроведе повторено судење со изведување нови искази и докази и овој пат е пресудено против ИРЛ.

Ставот на ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО, како фирми во сопственост на Кочо Анѓушев, е дека е лесно под закрилата на изразот ,,јавен интерес” постојано да се напаѓаат приватни фирми, стопанственици, луѓе кои ја прават економијата на една држава и да им се нанесува  штета во нивното работење.

Затоа сметаме дека судот испрати добра порака дека новинарството навистина треба да застапува јавен интерес, а не зад тоа да се крие некој друг интерес.

Ја поздравуваме одлуката на судот, но сметаме и дека други институции во државата, како финансова полиција, инспекциски служби, УЈП и слично, треба да проверат како работат овие групи, дали исплаќаат пари на вработените на рака, односно без да поминат преку даночните системи на контрола на државата, дали повиците за донации се само маска, понатаму да се провери од каде доаѓаат некои суми и за која цел итн. Има многу различни информации во општеството за кои институциите треба да постапат по допрен глас.

Овде, ја осудуваме и злоупотребата на Здружението на новинарите за вршење притисок врз судот од страна на претседателот на ЗНМ, кој ќерката ја вработи во ИРЛ, и во чии активности очигледно има елементи на  конфликт на интереси и трговија со влијание.

Како стопански субјект, ние ќе ја информираме Европската федерација на новинари за случувањата во ЗНМ, како и дека се злоупотребува името и кредибилитетот на Европската федерација, со нејзино доведување во заблуда за случувањата во Македонија, со цел лична корист на поединци во Здружението, кои за таа цел поддржуваат група која поради своите постапки е веќе осудувана за клевети и претходно.“, се вели во соопштението на Фероинвест.

Комерцијален ПР текст

економија6 часа ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија5 дена ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија6 дена ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија6 дена ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

македонија6 дена ago

Зелена иднина за секое дете

економија6 дена ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%