Connect with us

интервју

Филип Силјановски: „Инграм Микро“ е двигател на напредокот во ИТ индустријата

Филип Силјановски, генерален директор за Северна Македонија, Косово и Албанија на „Инграм Микро“

објавено

на

Секој ден, заедно со мојот тим и нашите партнери, ние работиме на отворање на нови хоризонти во ИТ секторот. Верувам дека нашите напори, не само што придонесуваат кон растот на компанијата, туку и кон подобрување на светот околу нас.

Филип Силјановски е генерален директор за Северна Македонија, Косово и Албанија на „Инграм Микро“, компанијата за дистрибуирање на производи и услуги за ИТ индустријата, која веќе 35 години бележи огромни успеси на глобалниот пазар во полето на ИТ индустријата. Од основањето, компанијата е позиционирана како лидер и иноватор на технологијата и логистиката. Компанијата, на глобално ниво, има 170.000 клиенти и соработува со над 1.500 истакнати вендори како што се Cisco, DELL, IBM, Microsoft, Fujitsu, Lenovo, Zebra, Veeam, Kaspersky, Veritas, Check Point, VMware, Radware и голем број на останати.

Што претставува за вас да се биде дел од „Инграм Микро“?

Да се биде дел од „Инграм Микро“ значи да се биде во првиот ред на  технолошката револуција. Ние не само што го следиме напредокот, туку активно учествуваме во неговото создавање. Нашиот фокус е на претворање на „невозможното“ во „возможно“, и тоа е она што нè прави лидери во оваа индустрија.  Токму од таа причина, истовремено чувствувам гордост и огромна одговорност. Секој ден, заедно со мојот тим и нашите партнери, ние работиме на отворање на нови хоризонти во ИТ секторот. Верувам дека нашите напори, не само што придонесуваат кон растот на компанијата, туку и кон подобрување на светот околу нас.

Кој е клучот на успехот на „Инграм Микро“?

„Инграм Микро“ секако е глобален лидер во дистрибуцијата на ИТ опрема, со значително присуство во различни делови на светот. Нашата специфичност во Југоисточна Европа се одразува со способноста да ги нудиме нашите услуги и решенија прилагодени на локалните потреби, при што се водиме од глобалните стандарди и практики. Исто така, се фокусираме на нудење на висококвалитетни технички услуги преку нашата глобална мрежа.   

Нашата понуда на услуги е неспоредлива на глобалната сцена, ние се фокусираме на предизвиците и можностите кои се појавуваат во областа на сајбер безбедност, технолошките иновации и едукацијата. Клучот на успехот е нашата глобална мрежа. Со стратешки распоредените дистрибутивни центри и инвестиции во SaaS технологијата, ние успеваме да ги задоволиме разноликите потреби на нашите клиенти, брзо и концизно. Нашата постојана адаптација на најновите трендови и проекциите за користењето на најновите иновации се темелот на нашиот успех.

Како им помагате на вашите партнери и клиенти да ги искористат овие технологии во пракса?

Важно е да се напомене дека како дистрибутери, нашата улога е да работиме со партнери кои обезбедуваат директна техничка поддршка на крајните корисници. Ние ги следиме во чекор брзите промени во напредните технологии и токму тука се поставува нашата клучна улога – да им помогнеме на нашите партнери да се адаптираат на овие промени и да ги применат комплексните технички решенија ефикасно. 

Имено, она што се забележува како тренд во изминатиот период е дека динамиката на  промените на напредните технологии станува се побрза и побрза, односно трендовите во технологијата се менуваат многу брзо,  додека од друга страна се забележува дека малите и средните претпријатија – партнерите имаат се поголем проблем да ја следат динамиката на овие промени – не само на нашиот пазар, туку и на другите  пазари.

 И токму тука е позицијата што дистрибутерите се повеќе ја заземаат – технички да  им помагаат на своите партнери и да им обезбедуваат секаква поддршка за полесно да ги воведат комплексните
технички решенија.

Дополнителна отежнувачка околност претставува и периодот на воведување и продажбата на комплексните технички решенија, кој е прилично долг,  со многу често неизвесни проекции за успех. Сето ова дава дополнителни отежнувачки околности за партнерите кои треба да ги земат предвид сите овие факторите за да имаат одржливост на нивниот бизнис, додека на дистрибутерите им е полесно, условно кажано, прифаќаат таков ризик со оглед на големината на пазарот што го покриваат.

Кои се вашите впечатоци од неодамнешната конференција „Вмрежување на Инграм и Вендорите #2“?

Оваа конференција беше навистина значајна. На настанот учествуваа над 100 експерти од целиот регион кои дискутираат за иднината на компјутерските системи. Главниот фокус беше на идниот развој на технологиите, во насока на сајбер безбедност,  ransomware (уценувачки софтвер), виртуелизација кои ја поместуваат ИТ-индустријата кон посигурна и безбедна средина за управување со податоци. Нашата заедничка цел е да создадеме посигурна и заштитена ИТ-средина.

Колку е важна размената на искуства со експертите од останатите седишта на „Инграм Микро“?

Размената на искуства е од огромно значење за нашето дејствување. Од основањето на компанијата нашите експерти интензивно работат на постојана комуникација, бидејќи во секој дел од светот се креираат и применуваат различни технолошки иновации и токму поради тој начин на вмрежување – следење на сите новитети од сите делови во светот, ние креираме решенија кои се „чекор понапред“ од сите.

Како „Инграм Микро“ се позиционира во иднината, особено со оглед на постојаните промени во технологијата?

 Нашата стратегија е да останеме еден чекор напред пред иновациите, искористувајќи ги нашите знаења и ресурси за креирање решенија кои се подготвени „за иднината“. Посветеноста на „Инграм Микро“ кон едукацијата и развојот на нашата работна сила е од суштинско значење во оваа мисија.

Како ја оценувате 2023 година и кои се вашите проекции за 2024 година?

 Во текот на 2023 година беше забележан голем напредок во ИТ индустријата, беа создадени значителни иновации и се нотираше огромен напредок кај работната сила во оваа сфера. Особено ме радува фактот што секоја година се повеќе млади луѓе се одлучуваат својата едукација да ја насочат кон ИТ индустријата, а дополнително е за пофалба тоа што учат навистина брзо и се дел од креаторите на исклучителни иновации. Од економски аспект, како и досега, проекциите се дека оваа индустрија ќе остане еден од главните столбови на економијата на светско ниво. Во 2024 година очекуваме уште поголем напредок, а нашата цел е воведување на нови технологии и уште поголемо проширување на нашето присуство на глобалниот пазар. 

Она што е најзначајно за нашата држава е тоа што во 2024 година ќе биде отворен тренинг Центар на „Инграм Микро“. Што ќе нуди Центарот?

„Инграм Микро“  преку Центарот за обука, ја зајакнува работната сила, преку едукација и сертификација од најголемите ИТ вендори.

Како дел од нашата посветеност континуирано да ја негуваме и надградуваме работната сила, овие  центри функционираат како епицентар за специјализирани обуки.

Компанијата има 170.000 клиенти и соработува со над 1.500 истакнати вендори како што се Oracle, Veeam, Kaspersky, Veritas, Check Point, VMware, Radware и Cisco ( прилагодени тренинзи) нуди обемно портфолио на едукативни програми.

Овие наставни програми, предводени од експерти од доменот,  се прецизно креирани за постојано да ја надградуваат стручноста и знаењето.

Центарот ќе нуди различен тип на програми кои се предвидени за насочување во ИТ индустријата.

Која е вашата порака во однос на вашето дејствување во ИТ светот? 

Ние веруваме дека темелите на успешен бизнис е во создавањето решенија кои не само што се прилагодливи и одржливи, туку и кои овозможуваат на клиентите да останат конкуренти на пазарот.

Целта е да интегрираме најнови технологии и бизнис инсајти за да овозможиме нашите клиенти и партнери не само да ги исполнат своите тековни потреби, туку и да бидат чекор пред останатите. Посветени сме на креирање решенија кои ја олеснуваат дигиталната трансформација и ја зголемуваат продуктивноста, овозможувајќи им на бизнисите да се развиваат во оваа динамична ИТ ера.

македонија1 ден ago

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!

Фасхион4 дена ago

„Божиновски“ ексклузивно ги претстави новитетите на Брајтлинг

економија4 дена ago

ПроКредит Банка прави чекор напред во поддршка на малите и средните претпријатија – се одржа втората бизнис конференција „Дигитална еволуција“

економија6 дена ago

Фортонмка успешно реализира продажба на објект од 9,5 милиони евра на ЛИДЛ

коментари6 дена ago

Со АмЧам на тема…Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

економија6 дена ago

КБ Публикум инвест станува КБ ИНВЕСТ, со доминантна сопственост на Комерцијална банка

економија1 недела ago

Мукаетов – панелист на конференцијата „Чувари на мудроста“ во организација на „Халк банка“

банки1 недела ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија2 недели ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години

банки2 недели ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

коментари6 дена ago

Со АмЧам на тема…Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

банки1 недела ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

економија1 недела ago

Мукаетов – панелист на конференцијата „Чувари на мудроста“ во организација на „Халк банка“

економија6 дена ago

Фортонмка успешно реализира продажба на објект од 9,5 милиони евра на ЛИДЛ

економија6 дена ago

КБ Публикум инвест станува КБ ИНВЕСТ, со доминантна сопственост на Комерцијална банка

економија4 дена ago

ПроКредит Банка прави чекор напред во поддршка на малите и средните претпријатија – се одржа втората бизнис конференција „Дигитална еволуција“

македонија1 ден ago

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!

Фасхион4 дена ago

„Божиновски“ ексклузивно ги претстави новитетите на Брајтлинг