Connect with us

економија

ФИТР за прв пат инвестира во 4 компании за развој на дигитализација на земјоделството

објавено

на

Вкупниот буџет за финансирање на четирите избрани решенија изнесува 6 милиони денари. За поединечен предлог проект, ФИТР обезбедува финансирање до 90% од вкупниот буџет, во максимален износ од 1, 5 милиони денари. Апликантот треба да обезбеди минимум 10% од вкупниот буџет на проектот а рок за реализација на проектите е 12 месеци.

Вкупно четири компании се добитници на финансиска поддршка во рамките на првиот „Предизвик за дигитализација на земјоделство” кој го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Минстерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) финансирана од Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Проектот: „FIELLDTEQ – дигитална земјоделска мултијазична платформа и мобилна апликација” на скопската компанија 8ТЕК, АгФутура Технологии со проектот „Центар за дигитално земјоделство”, Агродидаем Технологија – Битола со проектот „Агромилк Д21- Контролер за резервоари за млеко” и Дрон Опс од Штип со проектот „Конструкција на дрон за набљудување, мерење и аналитика” се четирите стартап компании кои со своите решенија ќе работат на трансформација на земјоделскиот сектор и ќе придонесат кон поефикасно и поодржливо земјоделство.

„Во изминатите месеци континуирано работиме на креирање на ново протфолио, со инвестиции кои се потесно насочени кон одредени сектори кои се од од голема важност за развој на македонската економија. Глобалните трендови покажуваат дека технологиите се клучни во развојот на земјоделството и затоа ќе продолжиме да инвестираме на тоа поле и во иднина. Овие домашни стартапи понудија иновативни решенија чијашто имплементација директно ќе се рефлектира врз продуктивноста, попрецизното земјоделство и автоматски врз зголемувањето на приходите на земјоделците. Програмите кои ги креираме во Фондот, од повик до повик покажуваат дека сме на добар пат да го трансформираме македонскиот стартап еко систем “, посочи Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Вкупниот буџет за финансирање на четирите избрани решенија изнесува 6 милиони денари. За поединечен предлог проект, ФИТР обезбедува финансирање до 90% од вкупниот буџет, во максимален износ од 1, 5 милиони денари. Апликантот треба да обезбеди минимум 10% од вкупниот буџет на проектот а рок за реализација на проектите е 12 месеци.

Поддржаните компании ќе добијат и менторска поддршка и поддршка во комерцијализација на иновациите од страна на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ).

На предизвикот кој беше отворен од 16.03 до 16.04.2021год. се пријавија вкупно 38 компании. Листата на компании кои се добитници на грант е достапна на: https://fitr.mk/wp-content/uploads/2021/06/Digitalization-of-Agriculture-2.pdf

Видео презентација на проектите:
https://youtu.be/OoroLUIpOLk

интервју6 часа ago

Маја Филипчева: Иницијативата „3-те Мориња“ отвора можности за регионална соработка

македонија3 дена ago

Акцелератор УКИМ во соработка со програмата Star Venture на ЕБОР: Повик за нова акцелераторска програма на Акцелераторот УКИМ

банки4 дена ago

УНИБанка АД Скопје ја исплати петтата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

технологии / компании4 дена ago

Комтрејд ги донесе OnePlus телефоните во Македонија

македонија5 дена ago

#БидиФит #БидиЗдрав #БидиСигурен -наградна игра на Триглав Осигурување

македонија5 дена ago

Асура станува официјален партнер за одржување на Ист Гејт Мол

банки6 дена ago

Шпаркасе банка Македонија и Охридска банка споени во една банка

македонија6 дена ago

Прв македонски Swatch по повод 30 години од независноста

македонија6 дена ago

Европската Комисија и Меѓународната организација на трудот со здружени сили за поддршка на младите

банки1 недела ago

Народната банка и МБА донесоа Насоки за банките и штедилниците – за поголема транспарентност и стандардизација при објавувањето информации за депозитите и кредитите за населението