Connect with us

македонија

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

Иницијатива на Амчам и Конект во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“
Најдобри практики за корпоративна филантропија

објавено

на

Македонски Телеком влезе меѓу петте компании со најдобри практики за корпоративна филантропија со проектот  „Заедно за интернет без омраза“ (Together for a Hate Free Net), креиран од Фондацијата Телеком за Македонија во партнерство со УНИЦЕФ. Главната цел на иницијативата е да ги ангажира и едуцира младите како да се борат за интернет без говор на омраза и  сајбер-булинг.

Како дел од проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“, Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) и граѓанската организација за промовирање на општествената одговорност „Конект“ во рамки на иницијативата Најдобри практики за корпоративна филантропија, организираа повик каде што можеа да аплицираат македонски компании членки на АмЧам со свои иницијативи, практики и проекти. Жири составено од претставници на АмЧам, Конект и магазинот Капитал од пристигнатите апликации одбра пет најдобри.

Во овој број ви претставуваме две од компаниите со најдобри практики за корпоративна филантропија, Македонски Телеком и Пивара Скопје, а во следните броеви ќе бидат презентирани и останатите три компании.

Македонски Телеком влезе меѓу петте компании со најдобри практики за корпоративна филантропија со проектот  „Заедно за интернет без омраза“ (Together for a Hate Free Net), креиран од Фондацијата Телеком за Македонија во партнерство со УНИЦЕФ. Главната цел на иницијативата е да ги ангажира и едуцира младите како да се борат за интернет без говор на омраза и  сајбер-булинг. Преку интензивни работилници и соработка со професионалци, младите изработија кампањи за социјалните медиуми.

Според Македонски Телеком ова е повеќе од инвестиција во заедницата.

„Ние ја градиме дигиталната иднина, но одиме чекор понатаму, си поставуваме амбициозна задача да работиме на етиката на таа дигитална иднина. Говорот на омраза на интернет го заслужува нашето внимание и имаме обврска да направиме разлика. Иако ова е предизвик на сите генерации, најмногу ги допира младите. Затоа им даваме глас, знаење, алатки да се борат за интернет без омраза и токму тие да бидат носители на промената“, вели Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски Телеком и претседател на Фондацијата Телеком за Македонија.

Заедно за интернет без омраза

Во Телеком велат дека нивната мисија не е само да ја обезбедат потребната мрежна инфраструктура и соодветни производи за дигиталната трансформација, туку како компанија се посветени на креирање интернет простор достапен за секого,  простор за различни перспективи и мислења. За мрежа без омраза, каде што луѓето се однесуваат со почит едни кон други.

Тоа е нивната стратегија и причината поради која ја започнаа иницијативата – Заедно за интернет без омраза.

„Ние сакавме да направиме промена, а не само да ја подигнеме свеста за проблемот. Сакавме да направиме чекор кон промена на онлајн однесувањето кај младите. Тоа не е лесна задача, па затоакампањата е креирана како дел од долгорочното партнерство со УНИЦЕФ, чија цел е да ги вклучи децата и младите лица во справувањето со некои од најголемите предизвици со коишто се соочува нивната генерација. За подобро да се допре до  целната публика младите се директно вклучени во креирање на кампањата (од млади за млади).“, истакнуваат од Телеком. Така, преку работилници за заедничко креирање заедно со професионалци од областите: комуникација, медиумска писменост, заштита на децата, и креатори на мултимедијални содржини, децата и младите научија како да се справат со заканите на интернет и како да креираат кампања за подигање на свеста на нивните врсници и пошироката јавност.

„Нашата цел беше да допреме што е можно повеќе млади луѓе, да направиме позитивна промена, да бидеме гласни, да зборуваме, да го правиме тоа преку гласот  на младите луѓе и да бидеме подолго време присутни во медиумите. За тоа користевме многу комуникациски канали и алатки, најавувајќи го и секој чекор од напредокот“, додаваат од компанијата.

Со оглед дека ова  е долгорочен проект, комунициран бил во  период од 4 месеци. Иницијативата  се состоела од 3 главни фази:

1. Отворен повик, со кој се покануваат децата и младите да се приклучат на комуникациските иницијативи за справување со бариерите кои дозволуваат сајбер-булингот и говорот на омраза да опстојуваат на социјалните медиуми.

2. Работилници – 30 деца и млади учествуваа во сесии и групна работа за конципирање на кампања и развој на пораки. За време на работилниците, младите научија повеќе за сајбер-булингот,  како да го препознаат и спречат, ги дефинираа целите на кампањата, изработувајќи видеа и други комуникациски материјали.

3. Кампања – На Меѓународниот ден за борба против говорот на омраза, започната е младинската кампања под слоганот „Bullying Bye Bye“. Кампањата вклучува над дваесет видеа на социјалните мрежи. Некои вклучуваат пораки како „Зборовите имаат тежина, затоа изберете ги внимателно“ за да фрли светлина врз штетните ефекти на сајбер-булингот. Други вклучуваат пораки кои ги повикуваат самите млади луѓе да не бидат случајни минувачи и да понудат поддршка доколку бидат сведоци на сајбер-малтретирање. Кампањата на социјалните мрежи траеше два месеци.

Клучни достигнувања

Македонски Телеком направи  клучно достигнувања со иницијативата „Заедно за интернет без омраза“.Го доби признанието #GoodMagenta, коешто е всушност ознака што ја доделува самата компанија Дојче Телеком,со која ја потенцира и обележува одговорноста кон општеството.  

 #GoodMagenta идентификува проекти, мерки и иницијативи со позитивен придонес кон социјалните и општествените предизвици во дигиталниот свет. Доделувањето на #GoodMagenta значи дека имаме извонредна иницијатива посветена на толерантен и побезбеден интернет за сите.“, објаснуваат од Македонски Телеком, компанија ќерка на Дојче Телеком.

Македонски Телеком планира да продолжи со оваа иницијатива и во иднина.

„Во целиот свет, сајбер-булингот е секојдневна реалност на децата и младите. Повтореното навредливо однесување кое има за цел да ги исплаши, налути или засрами оние кои се таргетирани,  влијае на нивната севкупна емоционална благосостојба и ментално здравје“, вели  Патриција Ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ во Северна Македонија.

„Горда сум што гледам како самите млади луѓе се собраа за да зборуваат и да ја искористат својата креативност за да промовираат почит и љубезност кон своите врсници и да ги бранат жртвите“, додаде таа.

економија1 час ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки19 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас