Connect with us

македонија

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 39 нови стипендии за учебната 2020/2021

објавено

на

Почнувајќи од учебната 2007/08 година, Фондацијата стипендира/ше вкупно 539 студенти по фармација и медицина, вклучувајќи ги и новите 39 во учебната 2020/2021. Од нив, 207 студенти по фармација и 195 по медицина се веќе дипломирани.

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ тринаесетта година по ред, доделува стипендии на студенти на Фармацевтскиот и Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Согласно објавениот јавен конкурс, изборот на стипендистите за учебната 2020/2021 година е усвоен од страна на Управниот одбор на Фондацијата, по предложената прелиминарна листа од Kомисиите за распределба на стипендии во чиј состав членуваа претставници од Фондацијата, од двата факултети, како и претставници од редовите на студентите.

Годинава, доделени се 39 нови стипендии, од кои 19 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. Еднократната парична награда во висина од 1.200 евра во денарска противвредност, која Фондацијата ја доделува единаесет години по ред за првенците на генерациите на двата факултети, годинава им припадна на Тамара Иваноска од Фармацевтскиот факултет (со просек 9,85 – стипендист на Фондацијата „Трајче Мукаетов“) и Ева Палчевска од Медицинскиот Факултет (со просек 9,91).

„Навистина ми е драго што фондацијата ‘Трајче Мукаетов’ и компанијата ‘Алкалоид’ и во вакви специфични услови на функционирање на образовниот процес продолжија со поддршката на талентирани студенти по фармација и медицина. Иако годинава доделувањето на стипендиите се случува во време на пандемија, ние како компанија, одлучни сме да го продолжиме стимулирањето и наградувањето на студентите. Лично се надевам дека бенефициите од Фондацијата за идните фармацевти и доктори по медицина ќе бидат мотив повеќе за испорачување на уште подобри резултати и уште повисоки идни дострели во областа на македонското здравство и фармација“ , изјави г. Живко Мукаетов, претседател на фондацијата „Трајче Мукаетов“ и генерален директор на компанијата „Алкалоид АД Скопје“.

Почнувајќи од учебната 2007/08 година, Фондацијата стипендира/ше вкупно 539 студенти по фармација и медицина, вклучувајќи ги и новите 39 во учебната 2020/2021. Од нив, 207 студенти по фармација и 195 по медицина се веќе дипломирани. Од 2009 година до денес, својата кариера во „Алкалоид“, во одделите на сегментот Фармација ја започнале 87 од стипендираните студенти на Фондацијата, и тоа 80 студенти од Фармацевтскиот факултет и 7 студенти од Медицинскиот факултет. Стипендијата изнесува 6.500 денари во текот на 12 месеци а заклучно со 30.10.2020 г., преку Фондацијата „Трајче Мукаетов“ исплатен е износ од 99.947.500 денари на стипендистите и првенците на генерацијата.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал