Connect with us

регион

Фондот за иновации доби водечка улога во нов европски проект вреден 5 милиони евра

објавено

на

Проектот има за цел да ги продолжи и зголеми заедничките напори на Европската Унија и Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија – за да поттикне соработка во полето на иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт.

Фондот за иновации и технолошки развој jа доби водечката улога во пилотирање на мерки за поддршка за истражување, развој и иновации во сите економии од Западен Балкан, во рамките на новиот европски проект „Policy Answers“, финансиран од програмата Хоризонт Европа на Европската Комисија со буџет од 5 милиони евра.

Проектот има за цел да ги продолжи и зголеми заедничките напори на Европската Унија и Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија – за да поттикне соработка во полето на иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт. Целта е на крајот да се поттикне стабилноста и просперитетот додека се зајакнува европската перспектива на регионот.

Директорот на Фондот Фестим Халили, во Виена пред присутните претставници од ЕУ и регионот истакна дека улогата на ФИТР во овој проект уште еднаш ја потврдува определеноста на Република Северна Македонија за наша интеграција во европскиот заеднички пазар.

„Policy Answers“ е предводен од Центарот за социјални иновации (ZSI) во Виена и вклучува 14 партнер институции од Европската Унија и од Западен Балкан.

Предвидени се активности како состаноци на високо политичко ниво, анализи и препораки за градење на политики и јакнење на капацитеттите на локалните актери со цел поефикасна интеграција на Западен Балкан во Европската истражувачка област и иновациски екосистем.

банки2 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите