Connect with us

македонија

Форум за филантропија 2024: филантропијата е двигателка на одржливиот развој

Форум за Филантропија 2024

објавено

на

Од зајакнување на маргинализираните групи до поттик на инклузивен економски раст, филантропските напори играат клучна улога во унапредувањето и градењето на поправеден и одржлив свет за сите. Ова го порача Форумот за филантропија што се одржа деновиве во Скопје и  кој вклучи говорници од Албанија, Косово, Северна Македонија, Сингапур, Србија и Хрватска и над 80 учесници од институции, бизниси, граѓански организации и медиуми.

Во време кога се соочуваме со сложените предизвици на 21-от век, филантропијата е важно да биде значаен механизам за одржлив развој, обезбедувајќи ресурси, експертиза и иновативни решенија за справување со социо-економските предизвици.

Од зајакнување на маргинализираните групи до поттик на инклузивен економски раст, филантропските напори играат клучна улога во унапредувањето и градењето на поправеден и одржлив свет за сите. Ова го порача Форумот за филантропија што се одржа деновиве во Скопје и  кој вклучи говорници од Албанија, Косово, Северна Македонија, Сингапур, Србија и Хрватска и над 80 учесници од институции, бизниси, граѓански организации и медиуми.

„УСАИД верува дека филантропијата може да биде двигател на одржлив раст. Тоа е затоа што сите граѓани – без разлика дали сте јавен службеник, сопственик на бизнис или член на заедницата – придонесуваат за иднината на една земја со инвестирање во нејзиниот развој, изјави Дон Кармин, директорка на Канцеларијата за демократија и добро владеење на УСАИД, Северна Македонија.

Соработка на компаниите со граѓанскиот сектор за позитивно влијание врз општеството

Никица Кусиникова, извршна директорка на „Конект“
„Форумот е настан каде лидер(к)ите од сите сектори ги разменуваат најдобрите приоди и соработуваат за филантропијата да го исполни својот потенцијал на двигател на напредокот во нашите заедници. Ги повикуваме сите заинтересирани да ни се придружат.“

Ексклузивно обраќање од Сингапур имаше  Уша Менон која ги претстави трендовите на  дигитализацијата и донирањето со помош на вештачката интелигенција, што донирањето го прави подостапно и побрзо. На овој настан граѓанската организација „Конект“ ги претстави и можностите на новата платформа за групно донирање „Оп-оп“ што на донаторите им овозможува обмислено донирање во вредни непрофитни организации што проверено прават големи промени. На 6 граѓански организации кои поминале низ процесот на проверка на високи меѓународни стандарди им беше доделен и сертификатот „Ознака за доверба“ и истите се препорачуваат на донаторите за поддршка. 

На форумот се споделија најдобрите практики од Балканот што вклучуваат меѓу-секторска соработка во формирање на локални фондации што е модел за решавање на развојните проблеми во регионот.

Носители на врвни извршни позиции на домашните компании, членки на Клубот на одговорни бизниси на „Конект“ истакнаа дека здружувањето на компаниите во оваа иницијатива за одржливост ќе го засили нивното позитивно влијание врз општеството во соработка со граѓанскиот сектор. Панел дискусијата на медиумите ја истакна потребата добрите филантропски пракси да котираат повисоко во темите кои се во фокус на уредничките политики негувајќи национална култура на доброчинство.

„Форумот е настан каде лидер(к)ите од сите сектори ги разменуваат најдобрите приоди и соработуваат за филантропијата да го исполни својот потенцијал на двигател на напредокот во нашите заедници. Ги повикуваме сите заинтересирани да ни се придружат.“, заклучи  Никица Кусиникова, извршна директорка на „Конект“.

Форумот за Филантропија 2024 испрати јасна порака до сите филантропи, социјалните претприемачи, корпоративните лидери, креаторите на политики, граѓански организации и медиуми  да ги здружат силите, да креираат повеќе можности, партнерства и нови модели на засилена соработка што поттикнуваат раст на патот кон одржлив развој.

Овој настан е дел од проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“ спроведуван од „Конект“ во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ECNL), Стопанската комора на Северо-западна Македонија, Индиго и Американската стопанска комора во Северна Македонија.

банки2 дена ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија5 дена ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години

банки5 дена ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

македонија5 дена ago

Донаторскиот кружок на КОНЕКТ по 5-ти пат покажа филантропија на дело: Собрани еден милион денари здружени донации за влијателни иницијативи

банки6 дена ago

ПроКредит е единствена банка во Македонија оценувана од Fitch Ratings

банки7 дена ago

Нова зелена бизнис кредитна линија на ПроКредит Банка и ЕБОР со поврат на средства до 10% за инвестиции во одржливи решенија

македонија1 недела ago

Приближувајќи се кон првата декада со бројни успеси – 8 години ги зајакнуваме носечките столбови на уникатното хотелско угостителство во Скопје Мериот Хотел

менаџмент / маркетинг2 недели ago

Како да се водат состаноци: не мора да се долги, мачни и здодевни, може и поинаку

регион2 недели ago

Во Хрватска платите растат двојно побрзо одошто просекот на ЕУ: работодавците бараат покачувањата да се врзат со продуктивноста

свет2 недели ago

Како турнејата на Тејлор Свифт може да ја поправи економската слика на Европската унија