Connect with us

економија

Францускиот амбасадор во официјална работна посета на „Алкалоид“

објавено

на

Во фокусот на работната средба беа главните стратешки определби на компанијата – нагласената извозна ориентација и глобализацијата на брендот „Алкалоид“.

Делегација од Амбасадата на Франција, предводена од Н. Е. Амбасадорот Сирил Бомгартнер, оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје. Целта на посетата на високиот дипломатски претставник, чиј домаќин беше Генералниот директор и Претседател на УО, г. Живко Мукаетов, е запознавање со резултатите од работењето на компанијата, производственото портфолио и со компаниските пласмани и активности.

Беа презентирани и континуираните инвестиции на „Алкалоид“ низ годините, идните развојни планови, како и големиот број активности и проекти во делот на заштитата на животната средина и на едукацијата, како и проекти за општествена одговорност, како едни од највисоките приоритети во деловната стратегија на компанијата.

Во фокусот на работната средба беа главните стратешки определби на компанијата – нагласената извозна ориентација и глобализацијата на брендот „Алкалоид“. Имајќи предвид дека над 65 % од пласманот на производите на компанијата се наменети за извоз, од исклучително значење се зајакнувањето на постојните и проширувањето на новите извозни позиции.

Освен со резултатите од работењето и со идните планови на „Алкалоид“, Амбасадорот Бомгартнер имаше можност одблизу да се запознае и со производствените капацитети на компанијата, со високото ниво на технолошка опременост во Институтот за истражување и развој, како и со стручниот кадар кој управува со процесите во сегментот фармација.  

Фaрмацевтскиот пазар во Франција следи строги регулативи, особено кога станува збор за лековите кои се на товар на јавното здравство и кои сочинуваат 30 % од вкупната потрошувачка на лекови на тој пазар. Високоразвиената француска фармацевтска индустрија учествува со околу 3 % во вкупното производство на лекови на глобално ниво. „Алкалоид“ има воспоставено долгогодишна успешна соработка со повеќе водечки француски фармацевтски компании, меѓу кои се и глобално познатите Sanofi Aventis, Sanofi Winthrop Industrie, Ethypharm, Saint Gobain и други.

Официјалната работна посета на францускиот амбасадор е од особено значење за компанијата и претставува одлична можност за продлабочување на досегашната соработка и за изнаоѓање нови форми на синергија меѓу „Алкалоид“ и француските фармацевтски компании.

ПР текст

македонија2 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија19 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација