Connect with us

менаџмент / маркетинг

Фудбалерот и истражувањето

Менаџер во соработка со Le Monde Diplomatique

објавено

на

Така, платата на една фудбалска ѕвезда одговара на финансиските ресурси на речиси седум години на една институција која опфаќа 195 земји -членки, ја координира работата на стотици меѓународни научници и има главна функција во разбирањето на причините и последиците од глобалното затоплување.

Марк Било

Епидемијата „Ковид-19“ го откри и засили падот на француските истражувања во биологија-здравство. И покрај некои извонредни научни достигнувања, особено за механизмите за контрола на имунолошкиот одговор насочени против вирусот САРС-Ков-2, зголемувањето на клиничките испитувања не резултираше со значителен медицински напредок. До денес, ниту една вакцина од француска лабораторија не е излезена на пазарот.

Директор за истражување во CNRS, Центар за истражување на канцер во Лион. Авторот зборува во негово лично име, а не во име на CNRS.

 Случајностите понекогаш се поучни. На 10 август, дневниот весник Ле Монд известува дека платата на фудбалерот Лионел Меси во клубот Пари Сен Жермен ќе изнесува 40 милиони евра нето годишно, додека пак просечната плата на шефовите на CAC 40 ќе се зголеми од 3,8 милиони евра во 2020 година до 5,3 милиони во 2021 година.

Неколку страници понатаму, откриваме дека годишниот буџет на Меѓувладината панелна група експерти за климатски промени (GIEC) изнесува 6 милиони евра годишно. Така, платата на една фудбалска ѕвезда одговара на финансиските ресурси на речиси седум години на една институција која опфаќа 195 земји -членки, ја координира работата на стотици меѓународни научници и има главна функција во разбирањето на причините и последиците од глобалното затоплување.

Предлагаме износот на платата на Лионел Меси да се искористи како нова мерна единица. Ќе ја наречеме „année-GF (година ГЗ)“, односно „година на голема заработка“. Оваа бројка од 40 милиони евра е несомнено далеку од реалноста бидејќи проценката на списанието Форбс за приходите на овој играч во 2020 година, вклучувајќи ги и договорите за рекламирање, достигнува 126 милиони долари. Но, да останеме кај 40 милиони, односно на 110.000 евра приход дневно, односно доволно да платиме, за една година, 1.500 Французи со по една просечна плата.

Истражувачите и нивната борба за финансирање

Ресурсите посветени од француската агенција одговорна за поддршка на сите национални истражувања кои се од суштинско прашање за јавното здравје се еквивалентни на помалку од една годишна плата на Лионел Меси во неговиот нов клуб ПСЖ.

Оваа плата која служи за ориентација заслужува да биде вклучена во буџетот за истражување во биологија- здравство, за кој би можеле да помислиме дека за време на здравствена криза, е приоритет на владата. Два неодамнешни извештаи даваат детални информации на оваа тема1. Прва забелешка, уделот на буџетот на Министерството за истражување и високо образование наменет за биологија-здравство се намали за 400 милиони евра помеѓу 2015 и 2020 година. Втора забелешка, субвенцијата што ја дава државата на Националниот институт за здравство и медицински истражувања (INSERM) и на Институтот за биолошки науки на Националниот центар за научни истражувања (CNRS), стагнира петнаесет години, со помеѓу 56 и 57 милиони евра пресметано надвор од исплатени плати.

Затоа, ова доаѓа како 1,4 од една година ГЗ (голема заработувачка) за околу 400 истражувачки центри, во кои повеќе од 30.000 луѓе работат во науките поврзани со животот и здравјето на луѓето. Во овие услови, истражувачките тимови треба да ги добијат најголем дел од нивните финансии од други извори покрај оние од годишните јавни грантови, кои едвај ги покриваат основните оперативни трошоци и одржувањето на лабораториските технички платформи. Ова дополнително финансирање може да биде јавно, особено она што го доделува Националната агенција за истражување (ANR), кое доаѓа од локалните власти, Европската унија, добротворни организации итн.

Бидејќи процентот на успешни одговори на повиците за понуди останува низок – околу 16% кај Националната агенција за истражување2 – истражувачите посветуваат многу голем дел од своето време на барање грантови од повеќе постоечки извори, а да не го споменуваме оној што „го трошат за оценување на проектите на нивните колеги, на штета на нивните наставни и истражувачки задачи. Покрај тоа, по добивањето на скапоцените средства, тие мора да ја оправдаат нивната правилна употреба со пишување серија извештаи за напредокот и извештаи за активности кои им го одземаат потребното време да ја вршат својата работа.“

Во овој многу конкурентен контекст и за да земеме пример директно поврзан со здравствената криза, Националната агенција за истражување финансираше помеѓу март 2020 година и март 2021 година, 279 проекти за „Ковид-19“ за вкупна сума од 36 милиони евра. Со други зборови, ресурсите посветени од оваа агенција за поддршка на сите национални истражувања кои се од суштинско прашање за јавното здравје се еквивалентни на помалку од една годишна плата на Лионел Меси.

Пандемијата го откри падот на француските истражувања во здравство

Споредбите имаат за цел да ја расветлат реалноста, дури и ако тоа значи да се биде ненавремено. Така, можеме да сметаме дека повикувањето на неотповикливите закони на пазарот служи за оправдување на сé, дури и, пред сé на концентрацијата на богатството. Во овој случај, второто место  е дадено на знаењето кое сепак го сочинува нашето заедничко наследство и од кое зависи способноста да се соочиме со здравствените и еколошките предизвици.

Севкупно, вклучително и европско финансирање, Франција инвестираше 530 милиони евра (13,25 година-ГЗ) во истиот период во сите истражувања за „Ковид“, кога Германија и Обединетото Кралство трошеа три пати повеќе3.

Во однос на состојбата со вработување научници, бројот на постојани кадри опаѓа во истражувачките организации, додека е релативно стабилен на универзитетите, во контекст каде што бројот на студенти масовно расте. Во CNRS, скоро 1.500 работни места за истражувачи, инженери и техничари се изгубени за околу петнаесет години. Во ситуација кога новите постојани вработувања не ги компензираат отпуштањата, владата одлучи дополнително да го намали бројот на вработувања.

Сепак, трошокот за работно место за истражувачи за 40 години активност (но честопати помалку поради доцната возраст за регрутирање) претставува буџет од 3 до 4 милиони евра, односно помеѓу 0,075 и 0,1 од година на голема ГЗ, и оној на инженер или техничар е од редот на 0,09 година на ГЗ. Така, 9 години плата на Лионел Меси би финансирала 50 работни места како и ист број техничари, вклучително и придонеси од работодавачи, за време од 40 години.

Епидемијата „Ковид-19“ го откри и засили падот на француските истражувања во биологија-здравство. И покрај некои извонредни научни достигнувања, особено за механизмите за контрола на имунолошкиот одговор насочени против вирусот САРС-Ков-2, зголемувањето на клиничките испитувања не резултираше со значителен медицински напредок. До денес, ниту една вакцина од француска лабораторија не е излезена на пазарот. Франција е на 16-то место во рангирањето на глобалниот индекс за иновации (посветен на медицински иновации) и на 18-то место во рангирањето за иновации против пандемијата Ковид-194.

Во овој поглед, жално е што законот за програмирање наменет за истражување изгласан оваа година не ја менува од корен ситуацијата ниту за законски вработените, ниту за висината на државните субвенции наменети за истражувачки институции. Од друга страна, владата продолжува со финансирање скапи мерки, како што е данокот за истражување, даночен механизам за поддршка на истражување и развој на компании, кој чини 7 милијарди евра годишно, речиси двојно повеќе од буџетот на CNRS, и чијашто ефективност е доведена во прашање, вклучително и од Судот на ревизори5.

Нееднаквоста на ресурсите не е само економско прашање

Може да помислиме дека компромисите за распределба на јавни средства и инвестирање на приватен капитал не ја почитуваат истата логика, дека овие финансиски средства не спаѓаат во ист редослед по големина, дека комерцијалните и профитабилните ограничувања се разликуваат, дека нестандардните плати се однесуваат само на мал дел спортисти кои се на многу високо професионално ниво во еден глобализиран пазар на труд. Можеме да додадеме дека државата ќе прибира повеќе од 35 милиони директни и индиректни даноци годишно со доаѓањето на овој играч и дека затоа е профитабилна операција во однос на даночните приходи.

Конечно, можеме да подвлечеме дека чувството на огорченост се однесува на моралот, кој нема никаква врска со прашањето за профитот. Но, споредбите имаат за цел да ја расветлат реалноста, дури и ако тоа значи да се биде ненавремено. Така, можеме да сметаме дека повикувањето на неотповикливите закони на пазарот служи за оправдување на сé, дури и, пред сé на концентрацијата на богатството. Дека ова ритуално повикување има за цел да предизвика откажано прифаќање на инхерентно нееднаквиот економски систем.

Нееднаквоста на ресурсите не е само економско прашање. Исто така, го одразува обемот на вредности специфични за нашето општество. Во овој случај, второто место  е дадено на знаењето кое сепак го сочинува нашето заедничко наследство и од кое зависи способноста да се соочиме со здравствените и еколошките предизвици. Ако „едно твое е подобро од две што можеби ќе ги добиеш“., тогаш што е со моралот на фудбалерот кога некои имаат илјада, десет илјади пати повеќе од она што ти го имаш? Дали сепак треба да бидеме задоволни со она што го имаме?

Превела: Маја Малиновска

  1.  Arnold Migus et al., « Réformer la recherche en sciences biologiques et en santé », Académie nationale de médecine et Académie nationale de pharmacie, Париз, 2021 год ; « Le financement et l’organisation de la recherche en biologie-santé », rapport n°4373 au nom de l’office parlementaire d’évaluation des choix scientifiques et technologiques, 15 јули 2021 год.
  2. Зголемување на ресурсите на ANR се планира според законот за програмирање за истражување со зголемување од 1 милијарда во текот на 7 години, со цел стапката на успех за повиците за проекти да се зголеми на 30%.
  3. Solveig Godeluck, « Recherche sur le Covid : la Cour des comptes fustige l’absence de “chef de file” », Les Échos, 29 јули 2021 год.
  4. Cf. « Le financement et l’organisation de la recherche en biologie-santé », op. cit.
  5.  « Le budget de l’État en 2019. Résultats et gestion », извештај на Судот на ревизори, Париз, април 2020 година.

економија15 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија23 часа ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија1 недела ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство