Connect with us

банки

Халкбанк АД Скопје е прва банка од регионот која се вклучува во глобалната коалиција „Прајслес Планет“ (Priceless Planet) на Mastercard за зачувување на животната средина

објавено

на

Коалицијата „Прајслес Планет“ е лансирана во јануари 2020 година како одговор на големиот број пожари и елементарни непогоди кои ја зафатија нашата планета. Таа ги обединува напорите на потрошувачите, финансиските институции, трговците и градовите ширум светот за борба против климатските промени преку обновување на 100 милиони дрвја во текот на пет години, а во коалицијата членуваат и експертите за шумарство „Конзервејшн Интернешнл“ (CI, Conversation International) и Институтот за светски ресурси (WRI, World Resource Institute).

Халкбанк АД Скопје, како компанија чија стратегија за општествено одговорно делување се темели на подигнување на еколошката свест, од 20 октомври склучува партнерство со големата глобална иницијатива на Mastercard, наречена „Прајслес Планет“ (Priceless Planet), чија цел е преку својата широка коалиција да обедини повеќе бизниси и потрошувачи од целиот свет за поддршка во засадување 100 милиони дрвја, но и да инспирира колективни акции за решавање на климатските промени.

Халкбанк е првата и единствена банка од регионот која се вклучува во оваа голема коалиција, а придонесот кон иницијативата ќе го реализира како дополнување на својата веќе етаблирана еко платформата „ХалкЕко“. Долгорочната заложба на банката за зачувување на животната средина веќе беше препознаена од Mastercard, но сега поддршката се проширува и надополнува во уште поголеми размери и во периодот што следи, Халкбанк ќе ја даде својата поддршка со активирање низ повеќе различни кампањи, а со цел зголемување на колективната свест, но и на индивидуалниот придонес кон заштита на планетата.

„Зачувувањето на шумите, но и на севкупната добросостојба на нашата планета, е нешто што нѐ засега сите и обврска пред која што не смееме да си дозволиме да застанеме, особено кога се работи за нашата локална заедница. Ние, како еко-ориентирана компанија, преку кампањата ‘ХалкЕко’ и преку голем број спроведени акции и иницијативи, правиме навистина големи напори да дадеме видлив придонес кон подобра, почиста и поздрава средина за сите, но и кон поттикнување поголема одговорност кај секој еден чинител во општеството. Иницијативата ‘Прајслес Планет’ ја поздравуваме и со големо задоволство можам да кажам дека сме навистина горди што Халкбанк АД Скопје е препознаена како рамноправен партнер во оваа глобална коалиција и возбудени сме што имаме прилика да го дадеме својот придонес не само локално, туку и надвор од нашите граници“, изјави Билал Суџубаши, Главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје.

Коалицијата „Прајслес Планет“ е лансирана во јануари 2020 година како одговор на големиот број пожари и елементарни непогоди кои ја зафатија нашата планета. Таа ги обединува напорите на потрошувачите, финансиските институции, трговците и градовите ширум светот за борба против климатските промени преку обновување на 100 милиони дрвја во текот на пет години, а во коалицијата членуваат и експертите за шумарство „Конзервејшн Интернешнл“ (CI, Conversation International) и Институтот за светски ресурси (WRI, World Resource Institute).

Од Mastercard велат дека преку коалицијата „Прајслес Планет“ ја зајакнуваат нивната глобална мрежа на партнери и потрошувачи кои ја споделуваат посветеноста на компанијата да биде силата која чини добро во светот и заедно се обединуваат во акција која ќе создаде забрзано влијание за животната средина.

„Токму денес, нашата коалиција се проширува со нови глобални партнери од повеќе региони од целиот свет, како и еминентни експерти за животна средина кои ќе бидат дел од новиот Советодавен комитет. Халкбанк АД Скопје е засега единствената банка од нашиот регион што оваа година се приклучува кон коалицијата и среќни сме што оваа глобална иницијатива добива и локална препознаеност, односно преку локални партнери кои ќе имплементираат локални кампањи за животната средина, заедно ќе работиме на подигнување и на локалната свест. Ние како Mastercard остануваме посветени кон одржливо делување и во самата структура на нашиот бизнис, вклучувајќи ја тука и нашата стратегија за дигитални производи, но и кон вложување постојани напори за подигање на свеста и мобилизирање што повеќе луѓе и бизниси кон социјално добро и создавање почиста и поздрава иднина за сите нас“, рече Вања Манова, менаџер во Mastercard за Бугарија, Македонија, Албанија и Косово.

Инаку, како прва еко банка во нашата држава, Халкбанк во последните 8 години има финансирано повеќе од 6.000 еко проекти во износ од 36,6 милиони евра. Со тоа, емисијата на јаглероден диоксид досега е намалена за најмалку 37 илјади тони годишно, а со истите проекти се заштедени 130.000 MW/h електрична енергија. Како дел од еко заложбата на банката е воведена и „ХалкЕко“ платформата која преку мобилната апликација охрабрува физичка активност и формирање на здрави навики кај корисниците, така што на секои реализирани 80 километри пешачење, трчање или возење велосипед или тротинет, како кумулативна физичка активност на сите лица што ја користат апликацијата, Халкбанк засадува по едно дрво. Преку неа од нејзиното лансирање во октомври 2019 досега се засадени вкупно 6.252 дрвја, а емисијата на CO2 е намалена за над 54.931 кг.

Mastercard е глобална технолошка компанија во индустријата за плаќања. Нивната мисија е да поврзат и обезбедат инклузивна дигитална економија од која ќе имаат корист сите и насекаде, правејќи ги трансакциите безбедни, едноставни, паметни и лесно достапни. Користејќи безбедни податоци и мрежи, партнерства и страст, нивните иновации и решенија им помагаат на поединците, финансиските институции, владите и бизнисите да го реализираат својот најголем потенцијал. Нивната мерна единица за пристојност, или DQ (Decency Quotient), ја поттикнува корпоративната култура на Mastercard и сè што тие прават внатре и надвор од компанијата. Со врски низ повеќе од 210 земји и територии, тие градат одржлив свет кој отклучува бесценети можности за сите.

Continue Reading
менаџмент / маркетинг1 ден ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг1 ден ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании1 ден ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија1 ден ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија1 ден ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет1 ден ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија6 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија5 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија2 дена ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија3 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки4 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија5 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија4 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

банки2 дена ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок