свет
Холандскиот министер за финансии: Европските земји летово би можеле да имаат „невидени стапки на раст“
објавено
на
автор:
Редакција Капитал
Европските земји може да забележат “огромно забрзување на растот“ ова лето, како што ќе се забрзува вакцинирањето, изјави холандскиот министер за финансии Вопке Хукстра за CNBC.
Европските земји може да забележат “огромно забрзување на растот“ ова лето, како што ќе се забрзува вакцинирањето, изјави холандскиот министер за финансии Вопке Хукстра за CNBC.
Европските економии се соочуваат со еден од најголемите економски шокови после Втората светска војна. Пандемијата на коронавирусот намали голем дел од економската активност во земјите членки на ЕУ, а процесот на вакцинирање досега се покажа доста проблематичен. Еврозоната има пад на економијата од 7% за 2020, а строги рестриктивни мерки се’ уште се на сила во некои земји.
Европската комисија ги намали проценките за економското закрепнување, од 4,2% раст на БДП на ниво на ЕУ, што беше објавено како бројка минатиот ноември, на 3,8%. Меѓутоа, холандскиот „шеф на финансиите“ е уверен дека економската активност ќе се забрза значително ова лето.
„Треба да бидеме реалистични, но има причини да бидеме и нешто пооптимистични одошто Европската комисија во своите прогнози, затоа што ако се сетиме што се случи после првиот бран на Ковид, тоа беше невидено забрзување на растот. Го видовме тоа кај нас во Холандија, но и во многу други земји“, вели Хукстра.
Повеќето европски земји ги воведоа првите локдауни во март 2020, но забележаа повторно активирање на економиите во третиот квартал. Потоплото време и олабавените рестрикции им овозможија на рестораните, продавниците и сл., да отворат повторно по првите локдауни. Ова значеше дека после контракцијата од 11% во вториот квартал, еврозоната забележа раст од 12% помеѓу јули и септември.
„Ќе требаат неколку недели повеќе, или можеби и месеци, но јас сум оптимист дека летово ќе видиме многу подобри економски перформанси“, вели Хукстра.
„Мислам дека со многу повисокото ниво на вакцинација, со доаѓање на летото, со се’ што можеме да постигнеме во смисла на тестирање… Всушност сум прилично оптимист дека ќе биде фаза кога полека, но сигурно ќе се вратиме во нормала“, додаде тој.
Хукстра е познат како долгогодишен поддржувач на фискалната прудентност. Минатата година предизвика внимание со своите коментари околу фактот како тоа некои од јужните членки на ЕУ немаат поголем фискален простор за справување со пандемијата и бараше од Европската комисија тоа да се испита. Меѓутоа, сега вели дека поддржува флексибилна фискална политика, со оглед на вонредните околности. Еврозоната практично ги замрзна своите фискални таргети поради пандемијата. Ова значи дека членките не мора да ги редуцираат своите дефицити на помалку од 3% од БДП, ниту јавниот долг да го држат на ниво помало од 60% од БДП.
Прашан за тоа кога ова ќе се врати на старо, Хукстра одговара дека е прерано да се каже.
„Ковид кризата трае подолго одошто очекувавме… и тешко е да се каже кога ќе се сменат овие параметри, но според мое мислење, оваа календарска година сигурно нема“.
Прочитај Уште...
-
Биткоинманија: Треба да имате стомак за оваа работа
-
Антикризни мерки за збогум на корона – кризата
-
Фатмир Бесими: Корона – кризата завршува дури и според песимистичкото сценарио
-
Standard & Poor’s бара реформи за да го зголеми кредитниот рејтинг
-
Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%
-
Столб на срамот, наместо на демократијата

Танцот со национализмот прекинат или само паузиран?

Дојрански рецепт за мултиплицирање на буџетот

Благојче Котески: Нашата иднина и енергетиката

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

Алкалоид со поголеми приходи и добивка лани: компанијата стигна до 200 милиони евра вкупен обрт

Комерцијална банка: Дезинформациите и конструкциите на Трифун Костовски против нас се плод на неговиот личен неуспех

Адора и официјално го претстави првиот градежен проект во Србија

Заев: Очекувам Сашо Мијалков да биде пронајден и ставен во притвор

Коста Петров: Ќе ги мотивираме големите компании да го помогнат развојот на стартапите

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

Македонската економија на среден и долг рок (5)

Standard & Poor’s бара реформи за да го зголеми кредитниот рејтинг