Connect with us

регион

Хрватите направиле истражување „Како крадеме?“

објавено

на

Типичниот хрватски измамник е маж, околу 50 години стар и има долг стаж во организацијата што е жртва на измамата. Во повеќе од две третини од случаите престапникот има и соучесници.

„Како крадеме“ е првото сеопфатно истражување спроведено од Здружението на овластени истражители на измами во Хрватска, локален огранок на Меѓународната асоцијација на овластени истражители на измами (ACFE). Истражувањето е за видовите и начините на измами во хрватското економско опкружување  и опфатило повеќе од 3.500 испитаници, при што во детали испитува 124 случаи на измами во 16 различни економски сектори во последниве две години, пренесува Пословни дневник. Вкупната забележана штета е поголема од 22 милиони евра, а се проценува дека 13% од вкупните приходи во економијата се загубени поради измами во работењето.

Типичниот хрватски измамник е маж, околу 50 години стар и има долг стаж во организацијата што е жртва на измамата. Во повеќе од две третини од случаите престапникот има и соучесници. Просечната загуба по оштетена организација е околу 100 илјади евра, а типичната измама трае осум месеци пред да биде откриена. Противправното присвојување на средства е најчест облик на измама (52% од случаите), потоа мито и корупција (31%), додека трет и брзо растечки облик на измама е компјутерски/кибер криминал (22%). Три четвртини од измамите опфатени во истражувањето се направени во приватниот сектор, додека остатокот отпаѓа на државен и јавен сектор.

Само 22% од измамите се откриени со дојава или поплака, а во споредба со меѓународните искуства, Хрватите се потпросечни во менаџерските контролни механизми. Дури 13% од сите измами се откриени случајно, половина од организациите не поседуваат контролни механизми за откривање измами, а само 7% од организациите во моментот на измамата имале СОС телефон или друг формален механизам на пријавување.

банки2 дена ago

УНИБанка успешно го одржа третиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2023“

економија3 дена ago

Фероинвест/Централинвест изгради биогасна електрана

банки4 дена ago

ПроКредит холдингот со зголемен профит во првиот квартал

економија5 дена ago

Мукаетов за српски “Профит“: Глобализацијата на брендот „Алкалоид“ останува наш фокус

банки1 недела ago

„#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” и добиј нов градски велосипед

економија1 недела ago

Возилата на „Брако“ ќе го чистат Крит

македонија1 недела ago

Прогресив – единствена акредитирана академија за извршни менаџери во Македонија

економија2 недели ago

Штандот на БРАКО привлечен за учениците заинтересирани за учење преку работа

економија2 недели ago

На едно место достапни сите информации за регионалната прекугранична е-трговија

банки2 недели ago

НЛБ Банка со нови промотивни депозити