Connect with us

економија

Хрватска воведува данок на “екстра“ профит за најбогатите компании, за да им помогне на најзагрозените граѓани

објавено

на

Хрватската влада планира да прибере околу 265 милиони евра по основ на овој дополнителен данок, што во принцип ги засега најголемите 200 компании во државата.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска најави дека се воведува данок на екстра профит во земјата. Детали за ова во јавноста соопшти министерот за финансии Марко Приморац.

„Целта не е да се казнуваат бизнисите, односно да се определува профитот за кој владата мисли дека би бил реален, туку целта е во овие околности кога солидарноста треба да дојде до израз, секој од нас да даде свој придонес. Не мислам само на бизнисите, мислам и на граѓаните кои помагаат преку плаќањето на  ДДВ. А и најранливите категории го полнат државниот буџет. Мислам дека е оправдано и праведно најголемите даночни обврзници да се оданочуваат дополнително“, рече Приморац.

„Оние чии приходи биле поголеми од 300 милиони куни (околу 40 милиони евра, н.з.) ќе плаќаат данок на екстра профит  доколку имаат добивка поголема од 20 проценти од просекот. Ќе имаат стапка на данок на добивка од 18 проценти,  и дополнителен данок кој ќе зависи од нивото на профитот во 2022 година, а ќе го плаќаат оние чија добивка ќе биде над нивото од 20 проценти од просекот во последните 4 години. На пример, ако нечиј профит пораснал сто проценти во однос на последните 4 години, неговата ефективна даночна стапка ќе биде  30 проценти според новата пресметка“, објасни  Приморац.

Тоа се однесува на сите бизниси, не само на енергетскиот сектор, додаде тој и рече дека очекува вкупниот прилив од оданочениот екстра профит  да биде 2 милијарди куни (околу 265 милиони евра), а новиот данок да го платат околу 200 најголеми компании. „Тоа е проценка базирана на податоци за 2021 година. Ќе видиме што ќе се случи во 2022 година“, додаде тој.

„Овие пари ги користиме исклучиво за помош на најзагрозените, а не за полнење на државниот буџет. Тоа е еднократен данок за 2022 година“, рече Приморац.

Подоцна, на новинарско прашање, тој одговори  дека под најзагрозени се мисли на групите пензионери со најниски примања, оние кои примаат социјална помош, лицата кои примаат детски додаток, итн.

Предлог-законот предвидува и одредени одбитоци, па ако бизнисот остварил приход и профит со продажба на материјални или нематеријални средства, тој дел нема да се оданочува, рече Приморац.

Следеа прашања од новинарите:

Ако некој има добивка, и ако ја прераспредели за да ги покрие загубите од претходниот период, дали и тогаш ќе плати есктра данок?

Размислувавме за тоа. Утврдивме дека  две години биле полоши, две подобри, просекот треба да биде изедначен. И ЕУ донесе регулатива за солидарен придонес, ги зедовме нивните критериуми, но применивме и најниска стапка од 33 проценти за директно да ја примениме нивната регулатива.

Секторите кои би биле засегнати од овој данок утврдивме дека ќе бидат преработувачката индустрија, трговијата, градежништвото и финансиите доминантно. Има и некој од други сектори овде-онде. Туризмот не беше доминантен во 2021 година, но ќе видиме што ќе се случи во 2022 година.

Дали поради овој данок ќе бидат загрозени инвестициите во наредните години?

Мислам дека некој не треба да ги става идните инвестиции, односно одржување на своето  ниво на ЕБИДА (добивка пред камата, депрецијација и амортизација, н.з.)  пред заштитата на  оние кои се најранливи. Многу ми е жал, но мислам  дека тоа што го правиме е правилно.

Некои велат дека ги казнувате иновативните? Што е иновативно во трговија или градежништво?

Ви  кажав дека долго размислувавме за тоа, многу е тешко да се арбитрира што е иновативно и како некој дошол до големи профити. Очигледно е дека имаше значително зголемување на цените во трговијата, го имате градежниот сектор, имаше зголемување на цените поради прекини во синџирите и овие цени конечно се намалија, но во Хрватска немаше пад на цените во финален производ.

Како држава, им помогнавме на сите субјекти, го намаливме ДДВ-то, создадовме амбиент за сите бизниси и го овозможуваме нивниот развој, со сите наши напори, од воведувањето на еврото до пристапувањето во Шенген, бизнисите можат да се уверат дека оваа влада се залага за создавање позитивна средина за нив. Никој не може да ни каже дека сме против бизнисмените.

Дали сте сигурни дека овој данок ќе биде изгласан? Да важи од 1 јануари?

Имавме серија разговори со поединци во ХДЗ и со коалиционите партнери и сите тие го поддржаа овој предлог што го испраќаме на јавна консултација, се сомневам дека некој би имал нешто против таков данок.

Значи, даночниот обврзник прво плаќа 18 отсто на целата добивка, а потоа 33 отсто на сумата што е повеќе од 20 отсто од  просечното ниво?

Така е.

македонија1 ден ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија2 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија3 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија3 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки3 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија3 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија4 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија1 недела ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Одговорност за одржливост