Connect with us

регион

Хрватска ја тресе голема афера: поради аматерски грешки во владата, државната ХЕП купувала гас по 45 евра, а го продавала багателно

објавено

на

Хрватската енергетска регулаторна агенција (ХЕРА) и Државното јавно обвинителство (ДОРХ) почнаа да ја истражуваат аферата откако пратеникот на МОСТ, Звонимир Троскот, откри во парламентот дека ХЕП купувала гас од ИНА за 47 евра по мегават час, а потоа, поради настанатите вишоци тој гас во еден ден во месец  јуни е продаван по цена и од еден цент.

Хрватска ја тресе голема афера во која е вмешана државната енергетска компанија Хрватска електропривреда (ХЕП)  којашто продавала гас по багателни цени, дури и по еден евроцент за мегават час,  и дневно губи околу половина милион евра. Според првичните проценки, досега штетата веќе достигнала преку 10 милиони евра, но на крајот сумата може да излезе и многу поголема, пишуваат хрватските медиуми.

Од ХЕП тврдат дека се присилени да продаваат гас по неразумно ниски цени на аукции затоа што немаат простор каде да ги складираат вишоците на енергенсот, и го обвинуваат министерот по економија од владејачката ХДЗ Давор Филиповиќ дека доцни со одлуката којашто би ги спречила овие продажби.

Хрватската енергетска регулаторна агенција (ХЕРА) и Државното јавно обвинителство (ДОРХ) почнаа да ја истражуваат аферата откако пратеникот на МОСТ, Звонимир Троскот, откри во парламентот дека ХЕП купувала гас од ИНА за 47 евра по мегават час, а потоа, поради настанатите вишоци тој гас во еден ден во месец  јуни е продаван по цена и од еден цент. Според наводите на партијата МОСТ, 60% од овој гас продаван по багателни цени го купила компанијата Прво плинарско друштво (ППД), додека пак вицепремиерот за економија Олег Бутковиќ изјавува дека нема штета ниту за ХЕП, ниту за даночните обврзници.

Од хрватскиот веб портал Индекс велат дека Владата всушност директно го создала проблемот. Во септември лани донела одлука сите количини на домашен гас нафтената компанија ИНА да мора да ги продава на ХЕП, и тоа по цена што ќе ја одреди регулаторната агенција ХЕРА. Таа одлука е донесена за да му се овозможи на ХЕП снабдување со поевтин гас, одошто беше тогашната цена на пазарот, со што државната енергетска компанија би можела да произведува поевтина електрична енергија. Во ХЕП и во владата очигледно сметале дека до март оваа година не дошло до смирување на енергетската криза, иако податоците го покажуваат спротивното, па оваа вонредна состојба е продолжена до 31 март 2024 година. Но, на ХЕП тој гас моментално не му треба, нема каде да го складира бидејќи складиштата се полни и мора да го продава.

Од ХЕП изјавиле дека вишоците на гас преземен од ИНА автоматски го префрлаат во транспортниот систем и со тој гас управуваат операторот на транспортниот систем и ХРОТЕ, хрватскиот оператор на пазарот за енергија. ХЕП нема влијание на таа продажба на гасот, ниту на неговата цена, ниту на изборот на купувачи, нагласиле оттаму.

Без оглед тоа кој продава, останува фактот дека поради владината уредба ХЕП мора да плаќа за гас којшто не му треба и да се ослободува од него по бизарно ниска цена, создавајќи така големи загуби.

економија6 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки24 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас