Connect with us

регион

Хрватскиот гигант не може да ги исчисти „опашките“ од Ивица Тодориќ

Одисејата низ финансиските пазари на некогашниот Агрокор, сега Фортенова

објавено

на

Поранешната империја на некогаш најмоќното семејство во Хрватска, Тодориќ, сега е во рацете на кредиторите, со владин повереник на чело на компанијата. Менаџментот на Фортенова бара модел како да ги исплати руските банки коишто поседуваат половина од капиталот, а се под санкции. Следно е излегување на компанијата на берза.

Откако во јануари 2017 година стана јасно дека презадолжениот хрватски гигант Агрокор повеќе не може да опстои без голема финансиска инјекција, започна одисејата  низ светските финансиски пазари. Првиот капетан на пловидбата, која веќе влезе во шестата година, исто толку бурна и неизвесна како и на почетокот, беше Ивица Тодориќ. „Газдата“ се обиде, но залудно, во неколку месеци пред државата да го донесе лекс специјалис (специјалниот закон) за Агрокор – во која било банка и под какви било услови – да позајми околу 350 милиони евра, за кои сметаше дека ќе бидат доволни за да се избегне банкрот.

Само неколку месеци подоцна, следниот капетан, Анте Рамљак, стана првиот владин повереник за Агрокор, инаку сплиќанец по потекло, консултант со искуство во меѓународни проекти за спојувања и преземања.

Тој пресмета дека за опстанок на мега-компанијата, пред се’ за покривање на долговите, и требаат најмалку три пати повеќе пари, па со поддршка на доверителите на Агрокор го потпиша Договорот за најстариот заем во износ од 1,06 милијарди евра.

Многу дилеми и сомнежи  во врска со овој т.н. со roll-up кредит беа изречени  во тоа време (скоро сите подоцна се покажаа оправдани), пишува хрватскиот магазин Лидер медиа. Од првиот момент се знаеше дека овој финансиски аранжман е крајно неповолен, но немаше избор. Намерата беше да се обезбеди ликвидност и да се спаси најголемата регионална компанија, да се спасат работните места, да се смират добавувачите и другите доверители, да се подготви спогодба за доверителите под повеќе или помалку нормални деловни услови, да се обезбеди опстанок на владата на Пленковиќ и слично. Заемот е потпишан на рок од само 15 месеци, со четири отсто годишна камата. Во него учествуваа 33 кредитори, од кои најголем беше инвестицискиот фонд Knighthead Capital Management.

Кредитите поскапуваат

Фабрис Перушко, искусен финансиски експерт, актуелен шеф на Фортенова, заедно со својот тим бараат модел како на прифатлив и легален (со оглед на санкциите) да ги преземат акциите на двете руски банки што поседуваат половина од капиталот на компанијата.

Рамљак, на позицијата владин повереник, не издржа до крајниот рок во кој требаше да се исплати roll-up кредитот. Пет месеци претходно на неговата позиција беше назначен Фабрис Перушко, дотогаш ангажиран за реструктурирање на Тисак, една од компаниите во состав на Агрокор, човек со меѓународно искуство во проекти за реструктурирање во различни индустрии.

Перушко многу брзо сфати дека рокот за отплата на кредитот ќе дојде многу пред тој и неговиот тим да можат да најдат нов доверител на светскиот финансиски пазар кој ќе биде подготвен да му  позајми на Агрокор најмалку една милијарда евра со кои ќе се рефинансираат обврските од Договорот за најстариот заем.

Одисејата на капетанот Перушко започна уште во пролетта 2018 година и таа фаза, обележана со најлошите стравови дека никогаш нема да заврши, траеше до почетокот на септември 2019 година. Во меѓувреме, согласно одредбите во случај заемот да не биде отплатен во договорениот рок, цената на заемот се зголемуваше прилично. Кога групацијата Фортенова го презеде работењето на Агрокор, каматната стапка веќе достигна 11,5 отсто.

Кога на почетокот на септември 2019 година, по долги преговори за ново задолжување, Фортенова ја издаде првата транша (транша А) од приватно пласираните обврзници во износ од 1,157 милијарди евра со кои го рефинансираше roll-up кредитот, каматната стапка на стариот заем веќе изнесуваше 14 проценти, а ефективно 18 проценти.

Во овие околности, заем на рок од четири години, договорен  со американскиот фонд HPS Investment Partners и руската банка VTB, со камата од 7,3 отсто плус ЕУРИБОР со долна граница од еден отсто (иако Еурибор тогаш беше 0,46 отсто) изгледаше како остварен сон. Дотолку повеќе што беше договорено каматната стапка сукцесивно да се намалува како што Фортенова ќе го намалува односот помеѓу долгот и добивката од оперативниот бизнис (што беше постигнато затоа што на крајот на септември минатата година тој сооднос беше 3,6 пати, а во време на основањето на Фортенова беше 7,2 пати), а на таа камата позитивно ќе влијае и предвремената отплата на дел од долгот, што исто така беше остварено.

Повторно на почетокот

Постоеше модел според кој фирмата требаше да ја докапитализираат задолжителните приватни пензиски фондови и хрватскиот „крал на гасот“ Павао Вујновац (на фотосот), сопственик на ППД, најголемиот снабдувач со гас во Хрватска, како и низа други бизниси во секторот енергетика, малопродажба, итн. Но, тој првичен план пропадна.

Со продажба на сегментот замрзната храна за 615 милиони евра, Фортенова можеше да ја исплати целата транша Ц од обврзниците во износ од 385 милиони евра во септември 2021 година (договорена во меѓувреме со измени и дополни на Договорот за упис на обврзници со HPS и VTB, што го искористи за преземање на Меркатор) и 116 милиони евра од траншата А. Така компанијата успеа да ја спушти каматната стапка на заемот под седум отсто, но Еурибор во меѓувреме порасна. Сега е 3,05 отсто, па кредитот е поскап отколку на почетокот.

А на почетокот повторно е и Фортенова. Повторно не може да се најде нов кредитор со милијарда евра за подмирување на долгот, па на пазарот се истражува дали компанијата може да се продаде. Тешко.  Многу е поверојатно одисејата да заврши со тоа што компанијата целосно ќе биде во сопственост на кредиторите, кои се подготвени да го пролонгираат своето побарување до крајот на следната година. И што ќе прават тие со неа? Познато е: да се продаде на делови. Тоа можеше да се направи во 2017 година, но намерата тогаш беше поинаква.

Сега проблем е што руската VTB банка е под санкции поради инвазијата на Путин врз Украина, а таа е сопственик на 7,5% акции во Фортенова, коишто исто така се замрзнати, како и оние на Sberbank, исто така од Русија, којашто е уште еден доверител на Фортенова. Како да се рефинансира долгот на Фортенова, односно со некој нов кредит да се исплатат HPS и VTB, ако руската банка е под санкции? Директна трансакција кон руската банка не е можна, затоа што така би се кршеле санкциите наметнати кон Русија.

Од друга страна, пред извесно време во Хрватска се појавија шпекулации дека Фортенова наводно не ги плаќа редовно каматите на обврзниците (што потоа беше демантирано од компанијата), па издавачите HPS и VTB имаат право да побараат наплата на целиот долг. Но,и тука санкциите се проблем. Додека американскиот фонд HPS тоа и може да го стори, руската VTB поради санкциите не може затоа што целиот имот надвор од Русија ѝ е замрзнат и нема никакви права. Затоа на менаџментот на Фортенова му претстои прилично неблагодарна задача да пронајде дупка во санкциите и некако да го реши големиот долг што доспева во септември. Проблем е и рефинансирањето затоа што каматните стапки растат. Ако Фортенова во време на ниски каматни стапки и море од достапен капитал успеала да добие камата од 7,3% плус Еурибор, што ли може да очекува денес? Секако повисоки стапки, а тоа е веќе сериозен ризик за опстанок на целиот систем.

Дали Фортенова ќе се продава дел по дел?

Концернот Агрокор на чело со основачот Ивица Тодориќ беше до 2017 година најголемата компанија во Хрватска и една од најголемите во регионот, со вкупен годишен приход од околу 7,5 милијарди евра и преку 60 илјади вработени

Актуелниот шеф на Фортенова, т.е. владиниот повереник Ферушко, ветуваше дека до летово ќе ја исчисти целата сопственичка структура на компанијата. Не е познато како тоа ќе го стори. Постоеше модел според кој фирмата требаше да ја докапитализираат задолжителните приватни пензиски фондови и хрватскиот „крал на гасот“ Павао Вујновац, сопственик на ППД, најголемиот снабдувач со гас во Хрватска, како и низа други бизниси во секторот енергетика, малопродажба, итн. Но, тој првичен план пропадна. Кој ќе биде сега во игра за преземање на Фортенова? Хрватските медиуми шпекулираат дека Војновац останува во игра, а тој пак најавил продажба на малопродажниот синџир Певекс, но сепак ќе нема доволно капитал за оваа обемна трансакција и му требаат партнери. За партнерите одлучува и премиерот Андреј Пленковиќ.

Во бизнис круговите се спомнуваат разни комбинации – од нова зделка со некои пензиски фондови до наводното влегување на Хрватската поштенска банка и други фирми и фондови што ги контролира државата. Но, тоа е крупен и многу ризичен залак поради што сите сте исклучително внимателни. Како и да се сврти, за Фортенова следат денови на одлука што може да донесат целосна промена на сопственичката структура, но и нова распродажба на вредни компании од портфолиото, како Јамница, Белје, Звијезда, а можеби и целокупниот малопродажен сегмент.

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет1 ден ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија1 ден ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион1 ден ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија1 ден ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија1 ден ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија1 ден ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

македонија1 ден ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

економија1 ден ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

банки1 ден ago

Дигиталната трансформација не е само модел за успех, туку и модел за опстанок

економија1 недела ago

Фероинвест/Централинвест изгради биогасна електрана

банки1 недела ago

ПроКредит холдингот со зголемен профит во првиот квартал

банки1 недела ago

УНИБанка успешно го одржа третиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2023“

македонија5 дена ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

економија4 дена ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија1 ден ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

економија1 ден ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

македонија1 ден ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

свет1 ден ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?