Connect with us

регион

Хрватските компании собраа четвртина од инвестициите во регионот на ЦИЕ

Вложувања во компании што развиваат решенија базирани на вештачка интелигенција

објавено

на

Имено, од 8,2 милијарди долари инвестирани во компании за вештачка интелигенција во регионот на ЦИЕ до август 2023 година, хрватските компании собрале 2,05 милијарди долари, а за целиот регион се забележува зголемен интерес од меѓународните инвеститори. Само во последните три години, ВИ компаниите собраа повеќе од половина од таа сума, или 4,2 милијарди долари, што е повеќе од сите претходни години на финансирање заедно.

Хрватските компании кои развиваат решенија базирани на вештачка интелигенција собрале дури четвртина од вкупниот износ на инвестиции во Централна и Источна Европа, покажува најновиот извештај за состојбата со развојот на вештачката интелигенција (ВИ) во регионот, објавен од технолошкиот портал The Recursive.

Имено, од 8,2 милијарди долари инвестирани во компании за вештачка интелигенција во регионот на ЦИЕ до август 2023 година, хрватските компании собрале 2,05 милијарди долари, а за целиот регион се забележува зголемен интерес од меѓународните инвеститори. Само во последните три години, ВИ компаниите собраа повеќе од половина од таа сума, или 4,2 милијарди долари, што е повеќе од сите претходни години на финансирање заедно.

И покрај ова, авторите на извештајот посочуваат дека екосистемот на ВИ во регионот на ЦИЕ се уште е во рана фаза. Од повеќе од 1.100 анализирани ВИ компании, 40 проценти прибрале инвестиции во pre-seed и seed инвестиции, додека само 13 проценти од компаниите обезбедиле финансирање во подоцнежна фаза на развој. Исто така, просечниот износ на финансирање во сите фази е еден милион американски долари, што покажува дека неколку стартапи добиле значително финансирање, но повеќето работат со многу помалку капитал.

Сепак, се гледа напредок од „епизодните“ успешни приказни на ВИ стартапи  кон „посистематски“ модел на успех. На пример, повеќе од 75 ВИ компании од регионот собраа најмалку 10 милиони долари средства, а 24 ВИ стартапи собраа 50 милиони долари или повеќе.

Најпропулзивните хрватски компании со производи со вештачка интелигенција, според авторите на извештајот, се Rimac Automobili (на фотосот), Infobip, Cognism, ReversingLabs и Gideon.

Клучни играчи на Rimac, Infobip и Cognism

Најпропулзивните хрватски компании со производи со вештачка интелигенција, според авторите на извештајот, се Rimac Automobili, Infobip, Cognism, ReversingLabs и Gideon.

„Подемот на регионалните еднорози (компании чијашто евалуација надминала една милијарда долари) како што се UiPath, Rimac Automobili, Infobip и Payhawk имаше трансформативен ефект врз иновацискиот екосистем на Централна и Источна Европа. Овие еднорози го илустрираат огромниот потенцијал за успех во вештачката интелигенција и сродните области во регионот. Но, нивното влијание оди подалеку од нивните сопствени биланси; тие дејствуваат како катализатори за ефектот на бранување кој одекнува низ локалните технолошки заедници“, се наведува во извештајот.

Исто така, хрватската компанија Gideon, на пример, е забележлива по тоа што привлече меѓународни инвеститори од „висок калибар“ – Koch Disruptive Technologies и HCVC. Како позитивни примери од Хрватска се споменуваат компаниите Newton Technologies Adria и Mindsmiths.

Клучни локални инвеститори во вештачката интелигенција се фондовите Fil Rouge Capital фокусирани на pre-seed, seed и A инвестициските рунди, South Central Ventures за компании од Југоисточна Европа кои се во рана фаза и имаат глобални амбиции и SQ Capital, кој управува со алтернативни инвестициски фондови. Иван Јуришиќ, партнер во SQ Capital, истакнува за хрватскиот портал Lider  дека основачите во регионот на ЦИЕ сега имаат слични можности на почетокот како нивните колеги во Западна Европа, токму благодарение на лесно достапните решенија за вештачка интелигенција.

Сепак, авторите на извештајот истакнуваат дека „не е се розово“. Многу стартапи во рана фаза сè уште се борат да обезбедат финансирање. Сè уште постои значителен јаз помеѓу бројот на стартапи кои привлекуваат почетна рунда на финансирање и оние што влегуваат во Серија А.

„Би рекол дека финансирањето во фазата pre-seed има уште многу време во споредба со Западна Европа, но и тој јаз се намалува“ коментира Јуришиќ, додавајќи дека регионот на ЦИЕ е познат по својот талент и инженерски менталитет.

Иако постои ограничен интерес за инвестирање во основни модели на вештачка интелигенција, кои обично се капитално поинтензивни, позитивно е што во регионот има повеќе од 120 фондови за ризичен капитал кои активно инвестираат во стартапи за вештачка интелигенција, иако помалку од 30 проценти од нив се специјализирани за вештачка интелигенција или т.н. длабока технологија. Бројот на врвни меѓународни инвеститори, како што се Sequoia Capital, Accel, Index Ventures, Lightspeed Venture Partners, Dawn Capital и Atomico, кои инвестираат во локални стартапи исто така постојано се зголемува.

Здравството и финансиите со најмногу ВИ иновации

Во Централна и Источна Европа во моментов има над 900 активни стартапи кои развиваат решенија базирани на вештачка интелигенција, од кои 130 се во Хрватска. Сепак, интересно е да се забележи дека повеќе од 30 проценти од овие стартапи имаат свои седишта во поразвиени земји како САД и Обединетото Кралство, иако поголемиот дел од нивните тимови се лоцирани во Централна и Источна Европа.

Во Централна и Источна Европа во моментов има над 900 активни стартапи кои развиваат решенија базирани на вештачка интелигенција, од кои 130 се во Хрватска. Сепак, интересно е да се забележи дека повеќе од 30 проценти од овие стартапи имаат свои седишта во поразвиени земји како САД и Обединетото Кралство, иако поголемиот дел од нивните тимови се лоцирани во Централна и Источна Европа.

Здравството и природните науки се издвојуваат како индустрија со најмногу иновации за вештачка интелигенција во регионот на ЦИЕ. Со повеќе од 150 стартапи кои работат на различни алатки за вештачка интелигенција, здравствената индустрија колективно собра повеќе од 650 милиони долари. Други индустрии кои спроведуваат вештачка интелигенција вклучуваат финансии, маркетинг, продажба и услуги на клиентите, а сајбер безбедноста исто така забележува раст.

Хрватска исто така ги следи овие трендови, така што трите главни индустрии насочени од стартапите со вештачка интелигенција во Хрватска се маркетингот, продажбата и услугите на клиентите, финансиите и здравствените и биолошките науки.

Одливот на таленти како закана

Сепак, како што коментира Зорница Стоилова, главен уредник на The Recursive и еден од авторите на извештајот, иако целта на извештајот е да укаже на предностите и можностите што регионот на ЦИЕ може да ги искористи за зголемување на глобалната конкурентност, авторите се осврнаа и на потенцијалните закани и пречки. Една од овие пречки се уште е истражувањето и образованието, а воочена е и потребата од флексибилна и приспособлива регулатива на Европската унија, како и на националните стратегии за вештачка интелигенција.

Бројот на институции кои обезбедуваат можности за образование и истражување во длабоката технологија и вештачката интелигенција е ограничен, што доведува до тоа таленти од ЦИЕ често да заминуваат во странство. Авторите се загрижени и поради недостатокот на соодветна национална стратегија за вештачка интелигенција во повеќето земји.

коментари3 дена ago

Со АмЧам на тема…Технолошката експанзија неминовно ја потенцира потребата од заштита на интелектуалната сопственост

македонија4 дена ago

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

македонија6 дена ago

Анализа на Инсајдер ИД и ЕБОР: Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија?

банки6 дена ago

ПроКредит Банка обезбеди дополнителни 60 милиони евра финансиска поддршка за македонските мали и средни претпријатија во соработка со ЕИФ

банки1 недела ago

Нова понуда на хипотекарен кредит од УНИБанка

економија1 недела ago

Брако ќе промовира ново електрично возило на саем во Минхен

банки3 недели ago

Годишниот Извештај за одржливост на ПроКредит Групацијата покажува значителен придонес врз општеството и животната средина

технологии / компании3 недели ago

Таман се навикнавме на четботовите, доаѓаат и AI агенти

регион3 недели ago

Букурешт, Загреб и Атина стануваат сѐ поголеми „чувари на податоци“ на светските технолошки компании

интервју3 недели ago

Марија Кукуноска: Безбедноста и заштитата се фундамент за успешен и одржлив бизнис во време на бројни ризици и кризи