Connect with us

интервју

Христина Џамбазовска Анастасов: Нашата цел е да создаваме трајни вредности и да градиме иднина со задоволни клиенти

Христина Џамбазовска Анастасов, генерален директор на Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

објавено

на

Најважната цел и во стратегијата на Групацијата Триглав е поврзување на компанијата со клиентот на едно поинакво ниво и обезбедување на максимална грижа и стекнување на меѓусебна доверба. Стратегијата по која делуваме, јасно ни ги поставува целите кон кои треба да тежнееме, стабилност, и задоволство на секој корисник на било какво осигурување во нашата Групација.

Вашата биографија говори за работно искуство – повеќе од една деценија како сте на раководна позиција во компании за животно и неживотно осигурување, а од пред извесен период и на чело на Триглав Осигурување Живот АД Скопје. Може ли да направите кратка ретроспектива на Вашето работење, кои се предизвиците денес, и колку е променета свеста за осигурување кај нашите граѓани?

Почетоците на мојата работна кариера во секторот за осигурување се речиси паралелни со воведувањето на класата животно осигурување на нашиот пазар. Тоа е период во кој беше исклучително тешко да се објасни значењето на  животното осигурување, со оглед дека овој тип на осигурување дотогаш не беше застапено на пазарот на осигурување кај нас, а граѓаните немаа креирано мислење и јасна информација за бенефитите кои тоа ги нуди. Од самиот почеток, континуирано, се трудевме важноста на овој тип на осигурување да ја доближиме до потенцијалните клиенти преку едукации и семинари, бевме секојдневно со нашите потенцијални осигуреници подготвени да одговориме на секое нивно прашање или одредено размислување. Водени од желбата да обезбедиме силна поддршка за секој наш клиент, истовремено, почнавме забрзано да градиме и тим од професионалци кој работеше на зголемување на свесноста за потребата од овој тип на обезбедување сигурност за животот и здравјето на нашите граѓани и нивните семејства. Со текот на годините, растевме во сите сегменти и имплементиравме цела палета од нови производи, следејќи ги барањата и потребите на нашите осигуреници.

Друг, особено, важен сегмент од нашето работење е отпочнувањето на соработка со финансиските институции – банките, кои освен услугите од својата палета ги нудат и нашите не-банкарски производи од кои клиентите користат низа бенефиции и поволности. Денес сме  исклучително горди на нашата соработка со седум домашни банки, со кои имаме одлична соработка и тие се наш стратешки партнер што зазема значајна улога во развојот на осигурителниот сектор.

Она што е исклучително значајно за нас, е тоа што нашата понуда е согласно условите на секоја компанија од развиениот европски пазар, поставени се јасни стандарди, а регулаторно сме во фаза во која транспарентноста, правилното информирање на клиентот и заштита на неговите права се примарен фокус. Одговорно можам да кажам дека пазарот на осигурување живот е стабилен, адекватно капитализиран, а ликвидноста е на високо ниво.

Колку сте задоволни од она кое го направивте досега? Која е позицијата на Триглав Осигурување Живот АД Скопје во моментов, и што можеме да очекуваме во наредниот период?

Триглав Живот последните неколку години стана препознатлив бренд кој направи огромни поместувања на пазарот на животното осигурување кај нас. За кус период успеавме да направиме одлични резултати, па последните неколку квартали сме лидери во реализирана нова бруто полисирана премија, како и компанија со најголем број на продадени полиси на пазарот за животно осигурување и зголемување на пазарниот удел од 3 % на 18 % за само три години од работењето, што е досега незабележан резултат во растот на компанија од оваа дејност.

Имплементиравме  неколку нови производи кои претставуваат новина на овој пазар. Ова секако се должи и на екипирањето со високопрофесионален тим со огромни познавања од осигурителната дејност, тим кој со својот елан, посветена работа и огромниот ентузијазам континуирано придонесува за интензивниот раст на Триглав Осигурување Живот. Секако, како генерален директор примарна цел ми е да го задржам темпото на развој кое се движи по нагорна линија и континуирано да се задржи апсолутниот раст на друштвото.

Дигитализацијата е исто така нешто кое ќе ни помогне во тоа. Во моментов интензивно работиме на неколку проекти за развој на решенија кои ќе значат полесно извршување на потребните услуги на осигурениците и обезбедување на брза и лесно достапна информација. Апликациите се креираат по највисоки стандарди и со највисока технологија, а преку нив нашите клиенти во секој момент ќе можат да имаат увид во сите склучени полиси за осигурување, на брз и едноставен начин, да извршат уплата по достасана обврска или да го следат движењето на вложените средства. Транспарентното информирање за нас е од огромно значење, па веруваме дека едноставноста на управувањето со овие апликации ќе донесе одлично корисничко искуство.

Кои се најсилните адути на Триглав за граѓаните да ја одберат токму оваа компанија за своето животно осигурување?

Формирани од најголемата групација во регионот – Триглав, успеавме да преземеме многу искуство од нашата матична компанија, па изминативе неколку години колку што делуваме кај нас, направивме огромно придвижување на целокупниот пазар на осигурување. Фокусот најнапред беше насочен кон развој на производи, јакнење на довербата од нашите клиенти кои токму нас нѐ избрале како чувар на нивните инвестирани средства, развивме проекти за лојалност преку кои клиентите ги ставивме на заслужената „прва“ позиција. Единствената причина што ја воведовме Програмата за лојалност беше грижата за здравјето на секој наш осигуреник и во оваа програма се вклучени многу наши соработници од повеќе дејности, кај кои нашите осигуреници можат да користат поволности со повластени услови.

За долгорочен успех во една професија клучна е искреноста, довербата и соработката која се гради низ годините. Она во кое верувам, и често го пренесувам на мојот тим, е дека најважно е да се слушне вистината на самиот почеток и клиентот сам да донесе одлука што е добро за него и од кој производ би имал најголема потреба и бенефит.

Какви се Вашите очекувања и проекции за развојот на осигурителниот пазар во нашата земја?

Сметам дека економската криза која веќе неколку години ја чувствуваме полека се стабилизира. Резултатот од кризата не се почувствува во голема мера кај осигурителниот пазар, бидејќи нашите граѓани станаа свесни колку е потребно правилно да се инвестира за да се ужива во плодот на инвестицијата тогаш кога е тоа најпотребно.

Иако изминатите години беа тешки, сепак, во периодот на пандемијата граѓаните станаа свесни колку многу вреди нивниот живот и колку е важно семејството да биде заштитено, па токму затоа, во овој кризен период успеавме да се доближиме до нив и да понудиме решенија за сите предизвици. Нашата цел е да оставаме трајни вредности и задоволни долгогодишни клиенти, а не клиенти на кус рок и со поседување на една полиса. Најважната цел и во стратегијата на Групацијата Триглав е поврзување на компанијата со клиентот на едно поинакво ниво и обезбедување на максимална грижа и стекнување на меѓусебна доверба. Стратегијата по која делуваме, јасно ни ги поставува целите кон кои треба да тежнееме, стабилност, и задоволство на секој корисник на какво било осигурување во нашата Групација.

Дополнително, очекуваме во следните неколку години да се развие дополнителен сегмент на пазарот за осигурување на животот, а тоа е рентното осигурување. Предвидувањата се дека од 2030 година ќе почне да се реализира премија од идните пензионери кои веќе оттогаш ќе започнат со користење на пензија од приватните пензиски фондови. Според моменталната поставеност на овој пензиски систем, еден модус за исплата на пензиите е преку рентно осигурување, па оттука очекуваме вклучување во овој нов сегмент на пазарот за осигурување на животот.

Дали размислувате за збогатување на понудата на производи, но и на проширување на соработката со останатите банки или други финансиски институции во периодот што следи? 

Секако, не застануваме ниту за момент, секојдневно работиме на пласирање нови производи и опции. Сметам дека осигурувањето е гранка која сѐ уште расте и е поле за развој на уште многу новитети. Редовно го мериме квалитетот на услуги за да го слушнеме мислењето на досегашните клиенти, можеби токму затоа тие веруваат во нас и во нашиот бренд и со голема радост ја прифаќаат секоја нова имплементација или подобрен производ.

Банкоосигурувањето не е новина во нашето работење. Како што напоменав, изминативе години соработуваме со повеќе банки од нашиот пазар кои ни ја дадоа својата доверба и креиравме извонредни линии и поволности за клиентите преку нивната продажна мрежа. И во иднина гледам огромен потенцијал за работа преку овој канал на продажба, преку воведување нови производи, а се радувам и ја поддржувам секоја идеја за заедничка кампања на мојот и тимот на банките со кои соработуваме.

Животното осигурување е нешто кое го создаваме денес за мирни денови во иднина. Секој од нас, според своите можности и слободна проценка, веќе може да ја избере вистинската инвестиција која во моментот му е потребна. Денес не зборуваме дека поседувањето полиса за осигурување на животот е привилегија, туку напротив веќе е потреба, бидејќи внимателно работевме на развој на финансиски концепт кој е прифатлив според сечија можност. Нашата визија е создавање и стабилни и среќни идни генерации, кои ќе имаат можност да ги исполнат своите соништа во миговите кога ќе имаат потреба од тоа.

банки2 дена ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

свет2 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.

свет2 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании2 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

регион2 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија2 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

македонија2 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

економија2 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

економија2 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет2 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

економија2 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет2 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

регион2 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија2 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

свет2 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

економија2 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

технологии / компании2 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

менаџмент / маркетинг2 дена ago

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

македонија2 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

банки5 дена ago

Управната зграда на УНИБанка во Скопје сама ќе произведува струја од фотоволтаична централа