Connect with us

интервју

Христо Кондовски: Успехот на целата СН групација е резултат на експертиза, балансирано управување, посветеност и придонес на целиот тим

Христо Кондовски, претседател на Одборот на директори на СН Осигурителен брокер АД Битола

објавено

на

„СН Осигурителен Брокер заедно со останатите членки на СН групацијата сме едно навистина големо корпоративно семејство во чии темели се моите и визиите на мојот бизнис партнер Зоран Пејчиновски и се разбира позитивните резултати кои СН Групацијата ги постигнува во континуитет во текот на изминатите девет години се одраз на експертизата и балансираното управување, посветеноста и придонесот на целиот тим.“

Претседателот на Одборот на директори на СН Осигурителен Брокер АД Битола, Христо Кондовски, ја доби наградата „Менаџер на годината до 40 години“ на официјалниот избор „Мажи на годината“ во организација на Фрајдеј Комуникации. Кондовски е претставник на младата авангардна бизнис генерација и неговото име, заедно со името на неговиот бизнис партнер Зоран Пејчиновски, е синоним за успесите на најголемиот осигурителен брокер во државата, СН Осигурителен Брокер АД Битола. Со г. Кондовски разговаравме околу успесите на СН Осигурителен Брокер, компанија којашто е членка на пошироката СН групација, во којашто влегуваат и други бизниси.

Овој декември најголемото брокерско друштво во секторот на осигурувањето во земјата, СН Осигурителен Брокер АД Битола, заокружува девет години постојан раст и развој. Многумина знаат дека компанијата започна со само 4 вработени во 2014 година, за до денес да прерасне во најголемиот осигурителен брокер во државата со над 130 вработени и раширена мрежа од 43 подружници низ цела Македонија.

Г-дин Кондовски, прво честитки за наградата „Менаџер на годината“, и какво е чувството да сте помеѓу најуспешните од помладата генерација менаџери во македонската економија?

Јас уште на доделувањето на наградата минатиот викенд во Скопје реков дека оваа награда многу ми значи и ја посветувам на моето свето тројство, а тоа е Бог, моето семејство и моите колеги. Но, сакам да ја потенцирам и мојата филозофија за секое признание кое го добивам. Секое признание кое го добиваме е за она што е направено до денес и создава одговорност за она што треба да се прави од утре. Тоа е обврска да продолжиме со нашиот придонес за подобро општество.

Тоа е пред сѐ голема одговорност. Ние како менаџери и како претприемачи мораме  да спиеме со едно око отворено, односно постојано да сме будни, брзо да реагираме и да менаџираме, затоа што ние сме млада капиталистичка економија и носиме одговорност. Македонските фирми се сѐ помалку на број, додека странските компании се сѐ побројни, имаат далеку поголема позадина односно располагаат со поголеми финансиски инструменти и акумулација на капитал, додека ние треба сами да менаџираме. Нашите менаџерски способности се нашата компаративна предност и сметам дека успешно балансираме во актуелните околности.

Кажете ни повеќе детали за компанијата СН Осигурителен Брокер – кои сѐ бизниси ги опфаќа групацијата, еден краток осврт на историјатот и најбитните моменти во нејзиниот развој?

Овој декември најголемото брокерско друштво во секторот на осигурувањето во земјата, СН Осигурителен Брокер АД Битола, заокружува девет години постојан раст и развој. Многумина знаат дека компанијата започна со само 4 вработени во 2014 година, за до денес да прерасне во најголемиот осигурителен брокер во државата со над 130 вработени и раширена мрежа од 43 подружници низ цела Македонија. Настрана од осигурувањето во областа на автоодговорноста СН Осигурителен Брокер е лидер во земјоделското осигурување. Ние сме вистински партнер на нашите осигуреници. Секогаш на страната на клиентот, избираме добро и соодветно осигурување за него, а клучно е тоа што сме дел од секој процес на осигурување, од давање на понуда до исплата на штета. Таквиот партнерски однос е една од главните причини што бројот на клиенти на нашата компанија постојано расте.

Компанијата е дел од пошироката СН Групација во чиј состав успешно функционираат и СН Сообраќаен центар-Битола, СН Центар за моторни возила, СН Центар за угостителство, СН Мото Центар Скопје, ТАХОМОБИЛ ДОО Скопје, Доо Дкпсн Битола, ДОО Агроскан Битола и  Друштвото за управување со приватни фондови Сниф.

Едно навистина големо корпоративно семејство во чии темели се моите и визиите на мојот бизнис партнер Зоран Пејчиновски и се разбира позитивните резултати кои СН Групацијата ги постигнува во континуитет во текот на изминатите девет години се одраз на експертизата и балансираното управување, посветеноста и придонесот на целиот тим.

СН Осигурителен Брокер  е дел од пошироката СН Групација во чиј состав успешно функционираат и СН Сообраќаен центар-Битола, СН Центар за моторни возила, СН Центар за угостителство, СН Мото Центар Скопје, ТАХОМОБИЛ ДОО Скопје, Доо Дкпсн Битола, ДОО Агроскан Битола и  Друштвото за управување со приватни фондови Сниф.

Како ја завршува годината брокерскиот бизнис на групацијата,  и какви се прогнозите и плановите за растот и развојот следната година во овој сегмент?

И 2023 година СН Осигурителен Брокер ја завршува стандардно со позитивни резултати во рамките на очекувањата. Во делот на профитабилноста на бизнисот не постојат никакви проблеми. Би рекол дека повеќе проблемите се поврзани со ликвидноста на целокупното македонското стопанство, но тоа е ситуација во која се наоѓаме макроекономски и со таа ситуација успешно менаџираме. Плановите за развој нема да застанат на точката до која сме стигнати, затоа што добивките кои ќе ги акумулираме повторно планираме да ги инвестираме. Поради стратешки причини се разбира конкретните планови за инвестиции не можеме да ги откриеме во овој момент, но планираме да инвестираме и во иднина.

За колкави инвестиции се работи во сообраќајниот центар во Битола и автоцентарот во Скопје? Како функционираат тие, задоволни ли сте од побарувачката за нивните услуги, односно од пазарниот удел што го држите во тој сегмент?

Во изминатите девет години нашето СН семејство постојано се проширува со компаниите кои претходно ги наведов. Како поголеми инвестиции на СН Осигурителен Брокер би го издвоил отворањето на СН Сообраќајниот центар во Битола – инвестиција во 2019 година, тешка 5,5 милиони евра и СН Мото центарот во Скопје во 2022 година  – инвестиција вредна 2,4 милиони евра.

СН Мото центарот за речиси една година од отворањето прерасна во двигател на мото културата во скопскиот регион опслужувајќи ги клиентите во мултифункционален објект кој се простира на 6.000 метри квадратни во Момин Поток-Карпош во Скопје. Центарот располага со 1.847 метри корисна површина и со најсовремена опрема и стручни кадри. Покрај технички преглед, возачите можат да ги добијат сите услуги поврзани со регистрација на возила, А-тест, ЦЕМТ, хомологација, ПТЕУ, меѓународна возачка дозвола, полномошно и пошта. Достапни се сите видови осигурување, вклучително автоодговорност, зелен картон, патничко и здравствено осигурување. Тука се нудат и услугите на Центарот за обука на професионални возачи, односно обука и полагање со кои се добиваат сертификати за управител, АДР возач, советник за безбедност и професионален возач. Во СН Мото центарот е сместен и шалтер за издавање на тахографски картички, како и тир карнети и Т1. Всушност, СН Мото Центарот во Скопје ја пресликува успешната приказната на СН Сообраќајниот центар во Битола.

СН Сообраќајниот центар во Битола е прв и единствен од ваков вид во регионот, мултифункционален центар кој се простира на парцела од 14.500 м2 и кој нуди широк спектар на услуги преку Станица за технички преглед на лесни и тешки возила, автоматска перална за лесни и тешки возила, автомеханичарски и вулканизерски сервис, овластен сервис за мултибренд возила и автосалон на Тојота и Лексус, СН Центар за угостителство, шалтер на Тахомобил, како и тобако и кафетерија. На клиентите во Битола на располагање им е модерен ресторан и бар со капацитет за 150 гости.

Бевме водени од идејата да понудиме мултифункционални комплекси каде нашите клиенти ќе можат да добијат повеќе услуги, ефикасно и квалитетно, без да потрошат многу време и сите услуги да ги добијат во еден модерно уреден простор и пријатен амбиент.  Мислам дека успеавме во тоа, за што потврда е и растечкиот број на клиенти и во Битола и во Скопје.

Од денешна перспектива можам да кажам дека особено сме задоволни од пазарниот удел во регионот на Битола. Во Скопје очекуваме зголемување. Нашата деловна кауза е да сме ориентирани кон тоа секогаш да бидеме стабилен деловен партнер на нашиот клиент. Немаме намера да се служиме со дампинг политики, туку да ја задржиме и да ја негуваме позицијата на стабилен деловен партнер на корисниците на нашите услуги.

Вие сте првиот правен субјект во државава од небанкарскиот сегмент којшто издаде корпоративна обврзница, па раскажете какви се резултатите од овој потфат? Што тоа значеше за групацијата и за развојот на пазарот на капитал во Македонија?

СН Осигурителен Брокер АД Битола е најголем брокер по  бруто полисирана премија и реализирани штети, број на експозитури и вработени, територијална покриеност и број на вработени лиценцирани осигурителни брокери. Двоцифрениот раст на продажбата директно условува и раст на добивката низ годините. Со ваков капацитет разбирливо е како токму СН Осигурителен Брокер го скрши мразот на полето на корпоративните обврзници во Македонија. Имено, компанијата е првиот правен субјект од небанкарскиот сегмент на националната економија кој издава долгорочни хартии од вредност − корпоративна обврзница.

Поминавме низ сериозен процес на регулаторни гилотини и во делот на издавањето на обврзницата, процес кој што помина низ Комисијата за хартии од вредност и другите пазарни играчи кои ја потврдуваат обврзницата. Емисијата на нови хартии од вредност е комплексен проект. Предмет на јавната понуда беше првата емисија на 8.000 долгорочни должнички хартии од вредност, односно корпоративни обврзници со номинална вредност од 10.000 денари по лот во вкупен номинален износ од 80 милиони денари. Продажбата се вршеше по пат на јавна понуда преку Македонска берза. Заклучно со 26 февруари 2022 година, од понудените 8.000 корпоративни обврзници продадени се вкупно 7.583 хартии од вредност за износ од 75.830.000,00 денари. Тоа значи дека обврзницата е успешна, односно реализацијата е 94,7875 %. Каматата се пресметува и се исплаќа во денари, а првата годишна камата беше исплатена на 1 март 2023.

Датумот на достасување на главницата на корпоративната обврзница е 28.02.2027 година по фиксна годишна камата од 6,00% за целиот период. Со исплаќањето на првата камата СН Брокер практично ги исполни очекувањата на инвеститорите и уште еднаш го потврди трендот на стабилност и растечка профитабилност. Во февруари веќе не чека втората исплата на камата. Се работи за голем предизвик кој успешно го менаџираме. Ние сме максимално транспарентни и редовно објавуваме извештаи. Во иднина планираме тој дел да го прошириме, можно е со котизација на берза на самата компанија, но го чекаме вистинскиот момент за тоа.

Какви се плановите за идниот раст и развој на групацијата? Дали можеби имате на ум финансирање и на други нови инвестиции преку корпоративна обврзница?

Да, имаме такви планови, но прво сакаме да ја докажеме понудата. Односно, да не дојде до искривена понуда кон инвеститорите кои веќе ни ја дале довербата. Во моментот кон средината или при крајот на обврзницата сакаме истите начини на инвестирање да ги повториме и да направиме нови деловни потфати.

Кои се основните начела и вредности според коишто се раководите во менаџирањето на СН Осигурителен Брокер заедно со вашиот бизнис партнер и како би го опишале вашиот принцип на раководење?

Она од што ние се раководиме е дека доброто за нас треба прво да биде добро за општественото во кое живееме, за државата. Ние веруваме во тие вредности и во тоа дека треба секогаш да целиме кон „win-win” позиција.

Сметаме дека финансискиот пазар допрва треба да се развива и неопходни се домашни играчи кои ќе градат вредности од домашната економија. Токму полето на небанкарскиот финансиски сектор го гледаме како многу важно за нас како фирма, но и за развој на самата држава. Македонија едноставно е поле каде што треба да го организира финансискиот систем во регионот каде што се отворени многу прашања токму на полето на финансиите, а акцентот треба да се стави на компаративната предност. Тоа се принципите до кои се држиме.

технологии / компании23 часа ago

Креативна вештачка интелигенција: Девет алатки што ќе ви ги сменат животот и работата

политика23 часа ago

Планот на Мишел за рушење на Фон дер Лајен

регион23 часа ago

Во Хрватска има неколку амбициозни проекти за развој на роботи

македонија23 часа ago

Двојна диплома на Универзитетот Католика од Милано и Универзитетот Американ Колеџ Скопје

економија23 часа ago

Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

македонија23 часа ago

Мукаетов од Алкалоид и Ниновски од Бреинстер споделија искуства со младите

економија23 часа ago

Анализа МАСИТ: Речиси 1,5 милијарди евра приходи оствариле ИКТ компаниите лани

банки23 часа ago

Безготовинските плаќања зголемени за 30%, значителен раст на токенизираните трансакции

македонија23 часа ago

Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија

економија23 часа ago

Специјален прилог: Топ 6 трендови во меѓународниот транспорт за 2024

коментари1 недела ago

Со АмЧам на тема…Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

економија1 недела ago

КБ Публикум инвест станува КБ ИНВЕСТ, со доминантна сопственост на Комерцијална банка

економија1 недела ago

Фортонмка успешно реализира продажба на објект од 9,5 милиони евра на ЛИДЛ

економија1 недела ago

ПроКредит Банка прави чекор напред во поддршка на малите и средните претпријатија – се одржа втората бизнис конференција „Дигитална еволуција“

Фасхион1 недела ago

„Божиновски“ ексклузивно ги претстави новитетите на Брајтлинг

македонија4 дена ago

УНИБанка го поддржа одбележувањето на 100 годишниот јубилеј на Светската Шаховска Федерација

македонија5 дена ago

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!

економија3 дена ago

ССК: Зелената транзиција на македонските компании е без алтернатива

банки23 часа ago

Пет небанкарски компании веќе добиле дозвола за давање платежни услуги во Македонија и прекугранично

македонија23 часа ago

Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија

Best CBD Oil for Pain


Best CBD Oil for Anxiety


CBD Gummies


Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil

Best CBD Oil