Connect with us

економија

Цементарница УСЈЕ со поголеми приходи и помала добивка во првите девет месеци

објавено

на

Компанијата има поголеми приходи од продажба за 10%, но и пораснати расходи за 20%, при што нето добивката изнесува 17 милиони евра и е пониска за 7% во однос на лани.

Скопската цементарница УСЈЕ во првите девет месеци годинава има поголеми приходи од продажба за 10%, и тие изнесуваат 3,87 милијарди денари (околу 63 милиони евра), при што приходите на домашниот пазар изнесуваат 2,48 милијарди денари (40,5 милиони евра) и бележат раст од 3%, додека извозот на УСЈЕ пораснал за 26% на 1,39 милијарди денари (22,5 милиони евра).

Според билансот на успех на УСЈЕ доставен до Македонска берза, расходите на компанијата во првите девет месеци изнесуваат 2,85 милијарди денари  и се пораснати за 20% во однос на истиот период лани, при што набавната вредност на трговските стоки е повисока за 19%, а на трошоците за суровини и други материјали за 27%.

Од позначајните ставки на расходната страна, пораст има и кај услугите со карактер на материјални трошоци, за 21%.

Оперативната добивка на УСЈЕ е 1,18 милијарди денари (19,2 милиони евра) и е за 7% пониска во однос на лани. Финансиските приходи (од вложувања, заеми и камати и курсни разлики) се повисоки за 7%, додека финансиските расходи се повисоки за 76%.

Нето добивката на Цементарница УСЈЕ за првите девет месеци изнесува 1,054 милијарди денари (17,14 милиони евра) и е за 7% пониска во однос на лани.

банки3 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите