политика
ЦО на СДСМ одлучи: Зоран Заев да ја одложи оставката

Извршниот и Централниот одбор на СДСМ синоќа едногласно донесоа одлука премиерот и лидер на партијата Зоран Заев да ги одложи оставките се’ додека не се нормализираат процесите во државата.
Централниот одбор на СДСМ синоќа едногласно донесе одлука премиерот и лидер на партијата Зоран Заев да ја одложи оставката на неодредено време додека не се нормализираат процесите во Македонија.
Заев во изјава за медиумите доцна синоќа истакна дека очекува парламентарното мнозинство да се стабилизира.
„Слободата е убава работа. Денеска имаме одлука на Централниот одбор за одложување на оставките. Ниту моите оставки се дискутираат, ниту се одлучува по нив. Кога ги најавив на 31-ви вечерта, потврдив дека останувам да се задржи мнозинството и ако може да се зголеми. Очекувам демократското мнозинство да се стабилизира, особено она мнозинство кое е за ЕУ, за мултиетничко општество. Деновите се пред нас, секако тоа ќе го дознаеме сите“, рече Заев по седниците на највисоките органи на СДСМ.
Извршниот и Централниот одбор на СДСМ синоќа едногласно донесоа одлука премиерот и лидер на партијата Зоран Заев да ги одложи оставките се’ додека не се нормализираат процесите во државата. Заев оставките ги најави вечерта по одржувањето на локалните избори.