Connect with us

свет

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

објавено

на

Според пакетот одобрен од швајцарските регулатори вчера, 19 март,  UBS ќе плати три милијарди швајцарски франци (околу три милијарди евра) за Credit Suisse  и ќе преземе 5,4 милијарди франци од неговите загуби.

Швајцарија  денеска влезе во нова ера откако најголемата тамошна банка UBS ја  купи проблематичната, втора по големина банка во земјата, Credit Suisse со помош на регулаторите и владата, поставувајќи прашања за нарушувањето на пазарната конкуренција и угледот на финансискиот сектор на глобално ниво. Според пакетот одобрен од швајцарските регулатори вчера, 19 март,  UBS ќе плати три милијарди швајцарски франци (околу три милијарди евра) за Credit Suisse  и ќе преземе 5,4 милијарди франци од неговите загуби.

Според податоците на швајцарската централна банка, средствата на двата системски важни кредитори на глобално ниво се за 40 отсто поголеми од швајцарскиот БДП. Здружението на вработени во UBS, пак, бара отпуштањата да се сведат на „апсолутен минимум“.

„Работните места на голем број луѓе се во прашање“, предупреди здружението, нагласувајќи го чувството на непријатност  во Швајцарија поради нејзиниот нарушен  статус на глобален финансиски центар.

Претставникот на швајцарската Зелена партија, Герхард Андреј, изјави дека Credit Suisse е „исклучително воочлива  институција“, па Швајцарија „како земја сега е во многу тешка ситуација“. Некои изразија загриженост поради  доминантната позиција на UBS.

“Зомбијата ги нема, доаѓа чудовиштето“

Тобијас Страуман, професор по економска историја на Универзитетот во Цирих, рече дека е „зачудувачки“ што властите не донеле посебни одредби за да се обезбеди фер конкуренција. Шокирани од развојот на настаните се и швајцарските медиуми.

„Зомбијата  повеќе ги нема, ни доаѓа чудовиштето“, гласи насловот на коментарот во угледниот дневен весник Neue Zuercher Zeitungu (NZZ), кој често ги одразува ставовите на естаблишментот. „Пред неколку месеци никој не би помислил дека Credit Suisse ќе пропадне. Сепак, тоа не се случи случајно“, пишува коментаторот на NZZ, обвинувајќи ја банката за ароганција и гордост.

„Пазарната капитализација на швајцарската банка изнесуваше 100 милијарди швајцарски франци во 2007 година, од кои само седум милијарди франци останаа минатиот петок“, се вели во коментарот.

„Вредноста е уништена во огромна мера, а одговорни се менаџерите кои лесно ги потценуваа ризиците и немоќните членови на управниот одбор кои често не контролираа што се случува“, посочува весникот.

Коментаторот  зборува за „историски скандал“. „Федералната влада, финансискиот регулатор и централната банка му дозволија на UBS да ги ‘одере’“, пишува весникот.

„Новата мега банка ќе биде добитник, додека даночните обврзници, клиентите и вработените ќе загубат“, заклучува NZZ во уводникот, предвидувајќи затворање на голем број работни места.

македонија5 часа ago

Десет проекти на Publicis Groupe Skopje беа наградени за најдобри маркетинг кампањи во Адриатик регионот

економија2 дена ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија4 дена ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

банки6 дена ago

УНИБанка успешно го одржа третиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2023“

економија1 недела ago

Фероинвест/Централинвест изгради биогасна електрана

банки1 недела ago

ПроКредит холдингот со зголемен профит во првиот квартал

економија1 недела ago

Мукаетов за српски “Профит“: Глобализацијата на брендот „Алкалоид“ останува наш фокус

банки2 недели ago

„#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” и добиј нов градски велосипед

економија2 недели ago

Возилата на „Брако“ ќе го чистат Крит

македонија2 недели ago

Прогресив – единствена акредитирана академија за извршни менаџери во Македонија