Connect with us

политика

Шекеринска: Ова не е начин на комуникација меѓу две членки на НАТО, македонскиот јазик и македонскиот народ се реалност

објавено

на

„Помина времето кога министри за одбрана во регионов даваат изјави, како таа што ја изнесе бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, а некој да ги смета за сериозни и таквиот начин на комуникација не доликува на земји-членки на НАТО.“, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска нагласи дека поминало времето кога министри за одбрана во регонов даваат изјави, како таа што ја изнесе бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, а некој да ги смета за сериозни и оти таквиот начин на комуникација не доликува на земји-членки на НАТО, пренесува МИА.

„Македонскиот јазик, македонскиот народ се реалност и ниту едни политички преговори, ниту политички препукувања нема да ја сменат таа реалност. Меѓутоа можеме да направиме подобра иднина за нашите народи и да создадеме повеќе шанси за нашите млади. Ние така ја гледаме нашата задача, изјави Шекеринска“, одговарајќи на новинарско прашање по свеченоста по повод промоцијата на потпоручници и заклетвата на питомци од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски”.

Таа потенцира дека ќе продолжи да ги испраќа истите пораки што се испраќани изминатите години, а тоа, како што подвлече, дека „нашите граѓани не’ плаќаат и очекуваат да им обезбедиме безбедност, а таа безбедност зависи од добрососедските односи”.

„И затоа очекуваме Бугарија, која беше една од државите во регионот, која од самиот почеток ја поддржа нашата независност, но и нашето членство во НАТО и во ЕУ, тоа да го прави и сега, бидејќи пријателските народи македонскиот и бугарскиот можат да одат напред само ако меѓусебно се поддржуваат“, рече министерката за одбрана Шекеринска.

На новинарско прашање за најавите на Пентагон за праќање оклопни возила на Балканот, Шекеринска одговори дека тие изјави само покажуваат дека претходните тези оти САД го губат интересот за Европа и не се веќе подготвени да инвестираат во трансатлантското партнерство не биле реални.

„Мислам дека ова го покажува и интересот на САД, но и интерсот на целиот северноатлантски регион да инвестира во зголемено воено присуство како порака дека безбедноста на секој сојузник е безбедност и на Алијансата“, истакна Шекеринска.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија3 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија19 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација