Connect with us

македонија

Шеста годишна конференција за е-трговија во Скопје денеска: преку 600 учесници од повеќе од 10 земји

објавено

на

Македонците, заедно со Црногорците најмногу користат интернет од балканските земји, а кога станува збор за онлајн купување Србите се најдобри 

Под мотото „Редефинирање на е-трговијата со вештачка интелигенција“, во Скопје започна Шестата годишна конференција за е-трговија, која е во своето второ регионално издание и е домаќин на преку 600 учесници од повеќе од 10 земји, а свое излагање ќе имаат 30 еминентни говорници од земјата и странство. Важноста на податоците, маркетингот и вештачката интелигенција како потпора за успешен бизнис со е-трговија, влијанието на „маркетплејс“ платформите во секторот на е-трговија, но и за значењето на беспрекорното искуство со интернет плаќањата и меѓуграничната достава на интернет ќе бидат главните теми на годинешното издание кои ќе бидат претставени низ три презентации, две студии на случај и четири панел сесии и презентации на успешни приказни од регионот. 

Конференција ја отвори претседателот на Р.С. Македонија, Стево Пендаровски, кој во своето обраќање истакна дека благодарение на вештачката интелигенција и дигиталната трансформација, е-трговијата зема голем замав.

„Вештачката интелигенција повеќе не е сведена само на агрегат за реклами, туку прераснува во ‘рбетен столб на малопродажбата. Корисничките четботови, генерирањето содржини и илустрации на производите и услугите, брзата анализа на потребите на пазарот и преференциите на потрошувачите, експоненцијално го зголемуваат влијанието на вештачката интелигенција врз е-трговијата. Годинава околу 20% од малопродажбата на светско ниво се врши онлајн. Бизнисите денес можат да продаваат многу повеќе производи и услуги со многу помали трошоци, а со тоа и по пониски цени. Поради својот инвестициски потенцијал, овој релативно млад сектор станува важна ставка во економскиот раст и развој во секоја држава“, посочи претседателот Стево Пендаровски.

Публиката ја поздрави и Штефан Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на ЕУ кој посочи дека електронската трговијата е целосно интегриран и важен дел од заедничкиот пазар на Европската Унија, односно дека купувањето електронски е секојдневие за луѓето во ЕУ, каде 75% од купувачите купуваат стоки и услуги online. – „Натамошниот развој на Заедничкиот Регионален Пазар на земјите од Западниот Балкан значи дополнителен пазар од 18 милиони потрошувачи. Проценките се дека истиот може да придонесе за зголемување на БДП на регионот за 10%.Новиот План за Развој на Европската Унија за Западниот Балкан, презентиран минатата недела, има за цел отворање на вратите за земјите од Западниот Балкан кон Заедничкиот Пазар на ЕУ, вклучително за е-трговијата, царинската соработка, намалување на трошоците за прекуграничните плаќања, патниот транспорт, електричната енергија, роамингот. Европската Унија ќе го поддржи овој процес со зголемена финансиска поддршка за регионот вредна 6 милијарди евра, преку грантови и заеми. Целта е да им овозможиме на нашите партнери да ги поттикнат реформите и инвестициите и да го забрзаат процесот на проширување и развојот на нивните економии.“

Покрај нив, поздравно обраќање имаше и претседателката на Асоцијацијата за е-трговија, Д-р Нина Ангеловска која во својот говор потенцираше: 

„Оваа година фокусот на конференцијата го ставаме на вештачката интелигенција која ја редефинира е-трговијата и ја носи на следно ниво. Како што нема раст на бизнисите без е-трговија така нема раст на е-трговија без вештачка интелигенција. Вештачката интелигенција отвора нови хоризонти за е-трговијата – од супер-персонализирано шопинг искуство и корисничка поддршка, до смарт логистика, детекција на измами, оптимизација на цени и автоматизација во секоја пора. Вештачката интелигенција е тука и ќе остане во нашите животи, го менува начинот на кој купуваме, продаваме, работиме, живееме. Ги менува работните места и ако правилно ја користиме ќе ни ја направи работата подобра, поефикасна и попродуктивна. Тоа е како да имаме супер-паметен нов колега во тимот, што не само што не прави подобри и поефикасни, туку ја прави работата и позабавна. Вештачката интелигенција нема да го замени вработениот, но вработениот кој користи вештачка интелигенција ќе го замени оној кој не користи.“, додава Ангеловска. 

Ангеловска на конференцијата ексклузивно ги презентираше клучните сознанија од анализата со наслов „Преглед на е-трговијата во Р.С. Македонија и споредба со земјите од Западен Балкан и Европа, 2023 година”, кој од самиот почеток е поддржан од Мастеркард и изработен од АЕТМ. Таа истакна дека трета година во анализата се става посебен фокус на прогресот на е-трговијата во земјите од Западен Балкан.

„Сите земји од Западен Балкан се слични кога станува збор за развојот на е-трговијата, имаме многу заеднички карактеристики, некои земји се подбри од другите, но сите се рангирани најниско споредено со европските земји, притоа некои побрзо се движат некои побавно. На пр. според употребата на интернет Македонците со 88% заедно со Црногорците се најдобри од балканските земји. Кога станува збор за онлајн купување Србите се најдобри со 63.5% од интернет корисниците, Македонците 49.5%, а најмалку Црногорците.” , истакна Ангеловска Во рамки на извештајот беа анализирани и податоците од НБРСМ, според кои вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички во Р.С.Македонија во текот на 2022 година, изнесува 550.2 милиони евра и има пораст од 25% во однос на 2021 година. Во првата половина од оваа година растот споредено со првото полугодие лани изнесува 18.5%.

Дека продолжува трендот на зголемување на бројот на уреди кои примаат платежни картички на виртуелни места на продажба, покажува и фактот дека и понатаму има пораст на бројот, кој во јуни 2023 година изнесувал 1939 интернет-продажни места. Имајќи го предвид значењето на понудата за раст на оваа индустрија, а со цел да се добие појасна слика за истата, АЕТМ спроведе и емпириска анализа за уникатниот број на е-трговци според утврдена методологија. Сознанијата се прилично изненадувачки, односно бројот на активни е-трговци во земјава е помалку од половина од бројот на интернет-продажни места кои ги следиме по извештаите на НБРСМ.

Потенцијалот за раст на е-трговијата зависи од повеќе алки во синџирот на е-трговијата, кој во анализата се следи преку Индексот за логистички перформанси и Индексот за подготвеност за мрежна поврзаност. Меѓу слабостите кои беа детектирани е индикаторот Меѓународни испораки од индексот за логистички перформанси. Тоа е предизвик кој беше детектиран и со минатагодишното истражување за геоблокирање на ЦЕФТА пазарите подржано од Цефта секретаријатот. Геоблокирање постои меѓу овие пазари во е-трговијата, а главна причина е наведена скапата испорака и царинските давачки.

Сите детектирани предизвици од анализата ни преставуваат основа за креирање на иницијативи и препораки за делување, а во својата презентација Ангеловска ги раскажа  изминатите и тековните иницијативи на АЕТМ, кои помагаат во намалување на предизвиците и бариерите за раст на е-трговијата.

Инаку, на конференцијата ќе се обратат еминентни странски говорници, меѓу кои Стефан Ковачевиќ, Глобален дигитален лидер во Нестле („Nestlé“), Каи Херзбергер, Групацискиот директор на Мета за ЕМЕА, Саманта Тилет, Глобална директорка на партнерствa со Амазон во HTTPool by Aleph, и многу други.

Исто така, на конференцијата ќе можат да се слушнат четири панел дискусии на кои што ќе учествуваат бројни домашни и странски експерти, меѓу кои на првата панел дискусијата на тема „ Регионални VS. Глобални пионери: Усовршување на маркетплејс сцената“ ќе се обратат претставници од брендовите Ананас, Заландо и Алегро, во втората панел сесија „Успешни приказни и научени лекции: Унапредување на прекуграничната е-трговија“ ќе се даде фокус на прекугранична е-трговија, во третата панел сесија на тема  “Истражување на пејзажот за е-плаќања во е-трговија”  ќе разговараат претставници од НБРСМ, Мастеркард, НЛБ Банка и PwC и четвртата панел дискусија ќе биде на тема „Револуцијата на маркетингот за перформанси: Работење управувано од податоци” каде што ќе се стави фокус на искористување на маркетинг податоците и вештачката интелигенција за раст на бизнисите.

Од АЕТМ уште еднаш го потенцираат одличниот интерес кој овие теми го имаат помеѓу македонската експертска јавност, а истото се потврдува и со големата заинтересираност за годинешното издание кое брои преку 600 учесници од преку 150 компании, здруженија, организации и државни институции.

Инаку, конференцијата оваа година беше организирана со поддршка на организацискиот партнер – Проектот за надворешна трговија поддржан од ЕУ и Германија а спроведен од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и бројните спонзори, партнери и поддржувачи на конференцијата.

економија6 часа ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија5 дена ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија6 дена ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија6 дена ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

македонија6 дена ago

Зелена иднина за секое дете

економија6 дена ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%