Connect with us

економија

Шест банки досега вклучени во кредитно-гарантната шема преку државната Развојна банка

објавено

на

Со ова, од Гарантниот фонд се ставија на располагање 15 милиони евра во гаранции кон банките и штедилниците, со цел поддршка на кредитирањето на микро, мали и средни фирми.

Шест банки досега се вклучија во кредитно-гарантната шема со потпишување на договор за издавање портфолио гаранција од Гарантен фонд кон нив. Со ова, од Гарантниот фонд се ставија на располагање 15 милиони евра во гаранции кон банките и штедилниците, со цел поддршка на кредитирањето на микро, мали и средни фирми.

Под портфолио гаранција, банка или штедилница, може да стават кредити дадени на микро, мали и средни фирми во доминантна приватна сопственост за основни или обртни средства. Кредитите кои може да бидат ставени под портфолио гаранција треба да бидат со максимален износ до 30.750.000 денари и рок на отплата до три години за кредити за обртни средства, односно до осум години за кредити за основни средства.

Развојна банка на Северна Македонија до денес има издадено портфолио гаранции кон Стопанска банка АД Битола, УНИ банка АД Скопје, Централна Кооперативна банка АД Скопје, Капитал банка АД Скопје, Халкбанк АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје. Листата на банки и штедилници кои се дел од гарантната шема, се очекува да се шири и понатаму.

Кредитно-гарантната шема е дел од економските сетови на мерки донесени од Владата на Република Северна Македонија заради справување со последиците од КОВИД-19 пандемијата, и е дел од Планот за забрзан раст и развој на Владата. Со дополнување на Законот за Развојна банка на Северна Македонија, во рамките на истата, се формираше Гарантен фонд како посебна организациона единица. За Гарантниот фонд иницијално се одвоени средства во износ од 10 милиони евра со кои може да се гарантираат кредити во вкупен износ до 100 милиони евра.

Преку Гарантниот фонд се реализираат два производи (1) портфолио гаранции кон банки и штедилници, за поддршка на кредитирањето на микро, мали и средни трговци и (2) индивидуални гаранции за големи трговци кои вршат извоз, за кои големите компании може да се обратат директно до Развојна банка на Северна Македонија.

Банките кои се вклучени во кредитно-гарантната шема се објавени на веб страницата на РБСМ, Производи – Гаранции – Портфолио гаранции.

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал