Connect with us

свет

Шефот на најголемата американска банка: Спремајте се за економски ураган!

објавено

на

Џејми Дајмон, директор на најголемата американска банка JPMorgan Chase, им кажал на група аналитичари и инвеститори деновиве дека наближува економски ураган. Две главни работи го загрижуваат најмногу: затегнувањето на монетарната политика од страна на Фед поради борба со инфлацијата, како и војната во Украина и поскапувањето на се’ живо што таа го предизвикува.

Шефот на најголемата американска банка JPMorgan Chase, Џејми Дајмон, вели дека ја подготвува својата организација за економски ураган што надоаѓа и ги советува инвеститорите да го сторат истото.

„Знаете, претходно реков дека наближуваат облаци со бура, но сега ќе се коригирам…доаѓа ураган“, Дајмон рече деновиве на финансиска конференција во Њујорк, како што пренесува CNBC.

“Подгответе се добро“, Дајмон им кажал на присутните аналитичари и инвеститори. „JPMorgan се подготвува и ќе бидеме многу конзервативни со нашите биланси.“

Почнувајќи минатата година со големите технолошки имиња коишто имаа повеќегодишен залет, акциите потонаа како што се подготвуваа инвеститорите за крајот на ерата на евтини пари, наметната од Федералните резерви на САД. Инфлацијата е на рекордни нивоа после три децении, предизвикана од намалената понуда на стоки поради нарушените синџири на снабдување, а монетарните мерки на американската централна банка ја плашат стручната јавност да не се втурне економијата во рецесија.

Акциите деновиве забележуваат извесно закрепнување после неколкунеделното стампедо затоа што инвеститорите имаат знаци на оптимизам околу справувањето со инфлацијата, но Дајмон како да ги урива надежите дека дното е допрено.

„Сега во моментов, изгледа како да е сончево, нештата одат фино, сите мислат дека Фед ќе може да се справат со ова. Но, ураганот е блиску, и доаѓа кон нас.“

Две клучни работи го загрижуваат Дајмон: прво, Федералните резерви сигнализираа дека ќе престанат со политиката на евтини пари и ќе ги “стопат“ своите биланси. Тоа значи дека ќе настапи политика на т.н. quantitative tightening (QT) или „квантитативно затегнување“, обратно од досегашната политика на „квантитативно олеснување“ (quantitative easing).  

Мерката треба да почне месецов и ќе достигне до 95 милијарди долари месечно преку намаленото поседување на обврзници од страна на централната банка. Претходно, Фед, како и многу централни банки во светот, имаа експанзивна монетарна политика  со цел да вбризгаат повеќе пари во финансискиот систем, овозможувајќи им на банките да даваат повеќе кредити со стимулирачки историски најниски каматни стапки.

Како се прави тоа? Централната банка буквално креира пари електронски и ги користи да купува хартии од вредност, најчесто државни обврзници на пазарот и така креира повеќе пари во економијата. Сега поради „прегреаната“ економија (пандемијата олабави, потрошувачката порасна, а стоки нема доволно поради нарушените глобални логистички синџири, војната во Украина, итн.) мора да се дестимулира потрошувачката преку затегнување, односно зголемување на каматните стапки и намалување на количините на пари во оптек.

“Не сме имале вакво квантитативно затегнување досега, што значи дека за ова ќе се пишува во книгите по историја за едно 50 години. Што се однесува до квантитативното олеснување, неколку негови аспекти ни се удрија од глава, како што се негативните каматни стапки, на пример, коишто беа огромна грешка“, истакна Дајмон на конференцијата во Њујорк.

Централните банки “немаат многу избор затоа што има премногу ликвидност во системот.“, додава извршниот директор на JPMorgan.

Другиот голем фактор што го загрижува Дајмон  e војната во Украина и нејзиното влијание врз цените на стоките, најбитно врз храната и енергенсите.

„Нафтата ќе оди нагоре со цените, а не се исклучени и 150, па и 175 долари за барел. А, ние не преземаме соодветни акции за да ја заштитиме Европа од најлошата енергетска криза досега, предизвикана од најстрашниот воен конфликт на континентот од Втората светска војна наваму.“

македонија1 час ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија17 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација