Connect with us

start up

Шпаркасе Банка и ФИТР потпишаа Меморандум за соработка за нови можности за стартап компаниите

објавено

на

Стартапите кои ќе аплицираат за кофинансирани грантови на јавните повици на ФИТР, преку програмата ќе имаат можност да го обезбедат сопственото учество по поповолни услови. Компаниите кои работат не повеќе од 12 месеци ќе можат да обезбедат кредит до 10.000 евра, додека стартапите кои постојат до 3 години ќе можат да добијат кредит во максимален износ од 25.000 евра.

Шпаркасе Банка Македонија и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) потпишаа Меморандум за соработка, со кој ќе се овозможи поголема промоција и достапност до „Чекор по чекор“ програмата, со која домашните стартапи ќе можат да добијат различни пакети за финансиска, едукативна и менторска поддршка.

„Соработката на Шпаркасе Банка Македонија со Фондот за иновации и технолошки развој ќе придонесе за создавање на нови можности за финансирање на иновативните бизниси, кои покрај поддршката која ја добиваат во форма на грант, ќе имаат дополнителна можност за пристап до банкарски кредит и вклучително менторство и едукација кои ги овозможува „Чекор по чекор“ програмата. Нашиот стручен тим им ја дава потребната експертска поддршка на младите менаџери за квалитетна изработка на потребните бизнис-планови, а воедно нашите партнери им  помагаат да ги унапредат нивните претприемачки вештини и совети за правилно користење на финансиските средства во насока за поголем развој и одржливост на нивните бизниси. Преку поддршката на старт-ап бизнисите и нивното вмрежување во една заедница ние ја исполнуваме нашата мисија да бидеме поддршка за младите, овозможувајќи им да го реализираат својот сон за сопствен бизнис во нашата држава“, изјави Глигор Бишев, генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор на „Шпаркасе Банка Македонија“.

Стартапите кои ќе аплицираат за кофинансирани грантови на јавните повици на ФИТР, преку програмата ќе имаат можност да го обезбедат сопственото учество по поповолни услови. Компаниите кои работат не повеќе од 12 месеци ќе можат да обезбедат кредит до 10.000 евра, додека стартапите кои постојат до 3 години ќе можат да добијат кредит во максимален износ од 25.000 евра.

„Фактот дека пет банки за помалку од половина година во ФИТР видоа партнер со кој можат да направат суштински промени во стартап еко системот во нашата држава, за нас значи дека економската заедница ги препознава промените кои ги направивме во изминатиот период. Ме радува што партнерството со Шпаркасе Банка Македонија за стартап компаниите ќе значи  голема поддршка на повеќе нивоа и поттик да се охрабрат и идеите кои ги имаат да ги претворат во профитабилен бизнис.“, рече Коста Петров, директор на  Фондот за иновации и технолошки развој.

На корисниците на кои ќе им биде одобрен кредит, ќе им биде доделен ментор врз основа на нивните потреби и кој во период од една година ќе ги советува за развојот на нивното работење. Ментори ќе бидат деловни луѓе со долгогодишно бизнис-искуство и развиени партнерски мрежи, кои сакаат понатаму да го пренесат своето знаење.

Како прва банка која воведе специјализирана едукативна и менторска програма за поддршка и пристап до финансиски средства во форма на банкарски кредит за старт-ап бизнисите,  Шпаркасе Банка Македонија го покажува своето одговорно банкарско работење и преку „Чекор по чекор“ програмата придонесува во јакнење на домашната економија, а воедно дава општествена поддршка за компаниите што се во почетната фаза на развој на сопствен бизнис.

Истата започна од 2019 година и после два успешно спроведени циклуси овозможи финансирање на околу 20 старт-ап бизнис, кои денес се стабилни и успешни микро компании на македонскиот пазар, со вкупен износ на кредитно финансирање од околу 200.000 евра.

Преку склучување на идни партнерства и соработки, како и вмрежување на сите заинтересирани институции од невладиниот сектор, Шпаркасе Банка Македонија ја продолжува својата мисија да обезбеди пристап до финансии и едукативна програма за младите и талентирани иноватори како нивната бизнис идеја да ја развијат во одржлив бизнис и на тој начин ги подобрува условите за домашнo претприемништво, но и да ја потикнува креативната и иновативната индустрија во земјава.

Повеќе информации за соработката со ФИТР и можностите на програмата „Чекор по чекор“ погледнете на веб-страницата на Банката (www.sparkasse.mk)

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија14 часа ago

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

економија4 дена ago

Мукаетов за магазинот “The Region“: Нашите брендови се дел од секојдневието на луѓето

македонија4 дена ago

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

банки5 дена ago

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

економија6 дена ago

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

интервју1 недела ago

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

економија1 недела ago

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

економија2 недели ago

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“

економија2 недели ago

Почна проектот „Бизнис лидер“ – нова, иновативна платформа за вмрежување на најдобрите од македонскиот деловен свет

банки2 недели ago

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци