банки
Шпаркасе Банка Македонија добитник на наградите…
објавено
на
автор:
Редакција Капитал
Шпаркасе Банка Македонија добитник на наградите „Fastest Growing Corpоrate Bank North Macedonia 2020“ и „Fastest Growing Retail Bank North Macedonia 2020“
„Global Banking and Finance Review Awards“ се доделуваат со цел да ги признаат институциите и компаниите различни по големина, истакнати во одредени области на експертиза и квалитет во рамките на глобалната финансиска заедница.
Врз основа на спроведено рангирање на банките во Република Северна Македонија од страна на „Global Banking and Finance Review“, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје повторно е добитник на наградите „Fastest Growing Corporate Bank North Macedonia 2020“ и „Fastest Growing Retail Bank North Macedonia 2020“.
„Global Banking and Finance Review Awards“ се доделуваат со цел да ги признаат институциите и компаниите различни по големина, истакнати во одредени области на експертиза и квалитет во рамките на глобалната финансиска заедница. Наградите се познати и високо респектирани низ светската банкарска и финансиска заедница. Тие ги одразуваат иновациите, достигнувањата, стратегијата, прогресивните и инспиративни промени што се случуваат во рамките на финансискиот сектор.
„Остварениот успех е резултат на современиот пристап што го применува нашата банка при креирање финансиски понуди според потребите и очекувањата на клиентите. Водени од нашата корпоративна стратегија, да бидеме банка на целото семејството и да бидеме нивна континуирана поддршка, постојано работиме на создавање иновативни современи банкарски производи. На тој начин го јакнеме имиџот за модерна банка и ја продолжуваме традицијата за стабилност и доверливост. Посветеноста што ја имаме кон нашите клиенти, соодветно е препознаена. Имено, во 2019 година износот на кредитите на нашите клиенти – физички лица е за 16,2% поголем во споредба со почетокот на годината. Ваквата динамика на раст на кредитното портфолио го надминува растот на вкупниот банкарски сектор, кој изнесуваше 10,5%. Позитивните остварувања се видливи и во првата половина од 2020 година, каде што нашето кредитно портфолио за физички лица е со раст од 6,3%, додека растот на вкупниот банкарски сектор е 3,7%. Трендот на зголемено кредитирање преку станбени кредити, кој дојде до израз оваа година, се аплицираше и во портфолиото на Шпаркасе Банка. Сепак, растот на вкупните кредити за физички лица од Шпаркасе Банка еднакво се должеше и на зголемената заинтересираност за нашите други кредитни производи“ – изјави Викторија Јовановска, директорка на Секторот за управување со физички лица.
„Секторот за управување со корпоративни клиенти во изминатите две години забележа рекордни резултати, со зголемено портфолиото за повеќе од 50% и исплата на кредити на корпоративни клиенти во износ од околу 150 милиони евра. Применувајќи ги најсовремените стандарди во банкарското кредитирање, овозможивме поддршка на мали, средни и големи компании во делот на инвестициите, финансирање на деловниот циклус, проектните финансирања, како и унапредување на конкурентноста за настап на европските пазари во соработка со Европската банка за обнова и развој. Нашите напори за остварување што поголем раст, дополнително придонесоа и во подобрување на квалитетот на нашето кредитно портфолио, како и за поголема стабилност на банкарскиот систем во целина“ – изјави Петар Трпески, директор на Секторот за управување со корпоративни клиенти.
Шпаркасе Банка Македонија, како дел од големото семејство на австриската групација на Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе, континуирано ги следи трендовите во банкарството и се стреми да стане еден од предводниците во развојот на банкарските услуги во Република Северна Македонија. Банката и во иднина ќе продолжи да ги вложува своите ресурси во насока на креирање конкурентска понуда според потребите и очекувањата на клиентите, унапредување на банкарските процеси, поголема дигитализација и градење позитивно корисничко искуство при користењето на финансиските услуги.
Прочитај Уште...



Излегоа финансиските биланси: хотелските компании со приходи помали и за 90% лани

ЕЦГалерт – „доктор во вашиот џеб“ и Глуко – мерење на шеќер во крвта без боцкање

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

Благојче Котески: Нашата иднина и енергетиката

Столб на срамот, наместо на демократијата

Потрошувачки и станбен кредит од Комерцијална банка со најниски каматни стапки на пазарот

Дојрански рецепт за мултиплицирање на буџетот

Биткоинманија: Треба да имате стомак за оваа работа

Антикризни мерки за збогум на корона – кризата

Алкалоид со поголеми приходи и добивка лани: компанијата стигна до 200 милиони евра вкупен обрт

Адора и официјално го претстави првиот градежен проект во Србија

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

Дојрански рецепт за мултиплицирање на буџетот

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

Благојче Котески: Нашата иднина и енергетиката

ЕЦГалерт – „доктор во вашиот џеб“ и Глуко – мерење на шеќер во крвта без боцкање

Столб на срамот, наместо на демократијата

Фатмир Бесими: Корона – кризата завршува дури и според песимистичкото сценарио
