Connect with us

start up

Шпаркасе банка со нов повик за програмата „Чекор по чекор“ наменета за поддршка на стартап бизниси

објавено

на

Целта на програмата е да им обезбеди парична и општествена поддршка на компаниите што се во почетната фаза на развој на сопствен бизнис, со можност за кредитирање во износи до 25.000 евра, вклучително со пакет од образовна, финансиска и менторска поддршка.

Шпаркасе Банка го објави новиот повик за учество во програмата „Чекор по чекор“, наменета за поддршка на старт-ап бизнисите во Република Северна Македонија. Преку оваа програма Шпаркасе Банка веќе четврта година по ред на стартапите им овозможува пристап до потребните финансиски средства за развој на нивните микро и мали компании, како и вклучително едукација и менторство за правилен развој и одржливост на бизнис-идеите.

Програмата „Чекор по чекор“ е прва акцелераторска програма од овој вид во Република Северна Македонија, која беше лансирана во октомври 2018 година во соработка со партнерите Business Impact Lab и Startup Academy. Целта на програмата е да им обезбеди парична и општествена поддршка на компаниите што се во почетната фаза на развој на сопствен бизнис, со можност за кредитирање во износи до 25.000 евра, вклучително со пакет од образовна, финансиска и менторска поддршка.

Шпаркасе Банка АД Скопје во претходните три циклуси успешно ја реализираше програмата „Чекор по чекор“ во соработка со партнерите Business Impact Lab и Start Up Academy, кои беа задолжени за спроведување 8 различни образовни модули наменети за едукација на старт-ап менаџерите за квалитетна изработка на потребните бизнис-планови. Но, исто така со своето менторство ги насочуваа стартапите како правилно да ги употребат финансиските средства и да ја продолжат инвестициската активност за да го обезбедат потребниот фиксен капитал.

Програмата „Чекор по чекор“ е наменета за компании што се регистрирани пред помалку од 24 месеци и кои имаат потреба од дополнителни финансиски средства и едукација за унапредување на нивните претприемачки вештини, кои се наоѓаат во старт-ап фаза или во фаза на развој на бизнис-идеја и вработуваат еден или помалку од 10 вработени.

Повеќе информации за програмата „Чекор по чекор“ погледнете на веб-страницата на Банката (www.sparkasse.mk), а сите заинтересирани учесници во четвртиот циклус ги покануваме да се пријават со пополнување онлајн апликација на следниот линк.

македонија8 часа ago

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничување на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

македонија10 часа ago

Кочо Анѓушев се најде на „црната листа“ на САД

македонија2 дена ago

Една година стратешко партнерство на Алкалоид и СОС Детско село

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

економија5 дена ago

Анѓушев: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Кристина Камчева – Стојческа: Женското лидерство во подем – тие умеат како да создадат тим од доверба

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Јелена Спасова: Се бориме занаетчиите да го добијат заслужениот статус во македонската економија

интервју5 дена ago

Родовата еднаквост, инклузивностa и еднаквите можности се темели на нашата корпоративна култура

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

економија5 дена ago

Повеќе жени во тимот, повеќе профит

македонија1 недела ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје